Македонија
(Видео) Данев: Пратеничката група помина тежок период, но тоа е зад нас
Поминавме тежок период како пратеници, тешка година беше и за пратеничката група, но тоа е зад нас, сега е добар момент за нов координатор на пратеничката група, порача пратеникот Драган Данев во заедничка изјава со новиот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Тој кажа дека станува збор за лична одлука, во договор со раководството на партијата.
„Овој процес е од поодамна планиран, одлучивме да се оди со една пратеничка група во координација со пратениците, добар момент да се оди со нов координатор, што е дополнителна вредност во работата на пратеничката група. Сметам дека повеќе ќе дадам придонес како пратеник отколку како координатор. Поминавме тежок период, но убеден сум дека тоа е веќе зад нас и убеден сум дека како пратеници, а тоа ни е и обврска, да настојуваме да ги обезличиме политиките на владејачката гарнитура предводена од СДСМ“, рече Данев.
Новиот коориднатор Мицевски рече дека од утре официјално ќе го известат и собранискиот спикер Талат Џафери дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се прегрупира од десет во една пратеничка група. Тој рече дека очекува мнозинството да го прифати предложениот закон за амнестија на сите обвинети за 27 април и дека предлогот за помирување преку комисија е селективен. Мицевски не одговори дали ќе соработува со новата пратеничка група која се формираше од пратениците исклучени од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

