Свет
Салвини објави нов план за депортирање најмалку 2.700 илегални мигранти од Италија
Популистичкиот италијански министер за внатрешни работи, Матео Салвини, ги објави своите први чекори за отпочнување на депортирањето на илегалните имигранти во кој земјата ќе инвестира 12 милиони евра и со кој се очекува да бидат депортирани најмалку 2.700 илегалци, пренесува „Ил џорнале“.
Новиот план е првиот конкретен предлог за отпочнување на процесот на депортации по затворањето на пристаништата за мигрантските бродови на невладините организации, главниот извор на азиланти, претходно годинава.
Планот, кој половина ќе биде финансиран од Европската Унија, предвидува депортирање на мигрантите од земјите со кои Италија моментно нема договор за репатријација, вклучувајќи ги Нигерија, Брегот на Слоновата Коска, Бангладеш и Пакистан.
„По годините владеење на Демократската партија, испраќањето назад на илегалните имигранти во нивната земја на потекло е речиси невозможно. Но, откако практично ги намаливме доаѓањата на нула, работиме на ова и јас сум убеден дека ќе успееме “, рече Салвини.
Италијанската влада депортираше тројца африкански мигранти осомничени за тесни врски со исламистички терористички групи.
„Мојата приоритетна обврска останува да се направи договори со земјите на потекло за да се поттикнат принудните репатријации”, рече Салвини.
Според планот, прокетот ќе чини околу 12 милиони евра велејќи, а проектните активности ќе почнат во февруари 2019 година и ќе завршат до 31 декември 2021 година. Проектот доаѓа по сличен проект од август минатата година во соработка со ИОМ за депортирање на околу 900 илегални мигранти, кој чинел шест милиони евра.
Програмата драстично ги намалува амбициите за депортирање 500.000 мигранти во период од пет години, како што Салвини првично вети ако неговата партија на Лига победи на изборите.
И Австрија, која има популистичка конзервативна коалиција, го зголеми бројот на депортации годинава за 36 отсто под надзор на австрискиот популистички министер за внатрешни работи, Херберт Кикл, сојузник на Салвини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

