Контакт

Надворешна политика

Османи: Грција станува наш најголем партнер во интеграциските процеси

Објавено пред

„Имаме голем број проекти што се поврзани со мерките за градење доверба, но и воопшто во насока на унапредување на комуникацијата и соработката меѓу двете земји и чија реализација, согласно со напредокот во политичките односи, треба да добие забрзано темпо“, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Грција, при што се сретна со алтернативниот министер за надворешни работи и европски прашања, Јоргос Катругалос.

dobivaj vesti na viber

Тој ја посочи како еден од поважните иницијативи на еврокомесарот Хан, за трилатерална соработка меѓу Македонија, Грција и Албанија, за одржлив развој на поширокиот преспански регион, кој покрај заштитата на убавото Преспанско Езеро, предвидува и отворање на меѓусебните гранични премини околу езерото, но и проекти за локален економски развој.

„Покрај бенефитите за локалното население, успешноста на овој проект има и пошироко симболично значење, затоа што Преспа е веќе симбол и на помирување меѓу двете земји, на успехот во надминувањето на долгогодишниот спор, како и симбол на меѓусебната соработка и напредок“, истакна Османи.

Тој наброи и други потенцијални проекти во насока на унапредување на комуникацијата меѓу двете земји. Ја посочи модернизацијата на пругата Битола Кременица, како клучна железничка конекција на Скопје и Солун, што, пак, претставува најважниот трговски пристап на бизнисот до солунското пристаниште, а исто така и гасната интерконекција меѓу двете земји, за која посочи дека Македонија веќе аплицирала за грант преку инвестициската рамка за Западен Балкан каде како донатор учествува и Грција.

„Секако за нас најважна е соработката што  очекуваме да ја оствариме во насока на успех на нашите европски интеграции. Успехот на договорот од Преспа ја става Грција во редот на земји пријатели, чија поддршка за нашите европски интеграции внатре во Унијата е забележлива“ – истакна Османи, најавувајќи го притоа заедничкиот проект меѓу двете министерства за создавање на таканаречена „ЕУ Таск форс“ работна група, за размена на искуства во процесот на европски интеграции, започнатиот скрининг-процес, претстојниот процес на преговори, но и воопшто, процесот на комуникација со европската администрација и успешното искористување на ИПА-средствата.

По завршувањето на средбата, Османи и Катругалос се упатија на атинскиот аеродром на симболично свечено испраќање, каде Османи ќе го искористи првиот лет по нешто повеќе од десет години меѓу Атина и Скопје за да се врати назад.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Трамп потпиша укинување на санкциите против Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се укинуваат санкциите на САД врз Сирија, со што се...

Свет1 час

Палестинците во Газа протестираа со фотографии од убиени израелски деца

Група Палестинци во Појасот Газа покажаа слики од израелски деца убиени од Хамас на 7 октомври 2023 година, за време...

Македонија12 часа

Мицкоски-Кос: нагласена определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во...

Македонија15 часа

Достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, вели директорот

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за...

Македонија16 часа

Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо...

Македонија18 часа

Директор и вработени во Општината и во Министерството пустошеле во Националниот парк Маврово, заработиле над 3 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо...

Македонија20 часа

Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид. Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот,...

Македонија20 часа

Муртезани: 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции со ЕУ

Пред една година започнавме со јасна цел: да ѝ дадеме нов импулс на европската агенда на земјава. Денес, по 12...

Македонија20 часа

Опасен пожар во близина на границата со Грција: се слуша пукање од муниција, постои опасност од неоткопани гранати

Пожар се шири во близина на границата со Грција. Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот се развива на...

Македонија22 часа

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Навреди и закани помеѓу Драган Павловиќ-Латас и струмичкиот градоначалник од СДСМ, Костдин Костадинов, откога новинарот во јавно излагање на поткаст...

Македонија23 часа

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во Италија

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во реката Пјаве, во близина на Тревизо. Како што јавуваат италијанскитее медиуми, девојчето се...

Регион24 часа

Полицијата во Белград ги отстрани блокадите: оштетено полициско возило, повеќе уапсени

Српското Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград во текот на ноќта....

Свет24 часа

(Видео) Маж намерно запалил пожар во Ајдахо, па убил двајца пожарникари: пронајден мртов

Двајца пожарникари беа застрелани и убиени додека се бореа со шумски пожар во северниот дел на Ајдахо, соопшти канцеларијата на...

Европа1 ден

Кремљ: Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од ставот на Киев

„Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од позицијата на Киев, ефикасноста на американското посредништво и ситуацијата...

Македонија1 ден

Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Свет1 ден

Трамп: Иранците не знаеја дека доаѓаме

Американскиот претседател Доналд Трамп не верува дека Иран бил во можност да обезбеди или премести дел од својот збогатен ураниум...

Македонија1 ден

Мицкоски ја доби тужбата против Славјанка Петровска за клевета

Граѓанскиот суд во Скопје донел правосилна пресуда во корист на премиерот Христијан Мицкоски, утврдувајќи дека пратеничката од СДСМ и поранешна...

Регион2 дена

Приведени 77 лица по протестите, 48 полицајци повредени, Вучиќ вети дека нема помилување за насилство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска порача дека нема да потпише никакво помилување или аболиција за оние кои учествувале во...

Македонија2 дена

Димитриевски по реизборот: Ќе градиме нови лидери за нова Македонија

На вториот Конгрес на партијата Движење ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски денеска едногласно повторно ја доби довербата од делегатите...