Топ
Нацрт-амандманите на Уставот на 1 декември на пленарна седница
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на 1 декември ја закажа седницата за нацрт-амандманите на Уставот , кои Владата денеска ги објави и достави до Собранието.
В среда, пак, на 7 ноември, амандманитe, според собраниската агенда, треба да се најдат пред пратениците на Комисијата за уставни прашања. Според Деловникот, претресот во матичните комисии може да трае најмногу три работни дена по текстот на нацртот на секој амандман одделно. Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници го утврдува нацртот на секој амандман на Уставот одделно. Во последната фаза од постапката за менување на Уставот, повторно е потребно двотретинско мнозинство. Според роковите, очекувањата се целиот процес на усвојување на уставните измени да заврши во втората половина на јануари 2019 година.
Измените на Уставот се очекува да стапат на сила откако грчкиот Парламент ќе го ратификува договорот помеѓу Македонија и Грција, како и откако Грција ќе го ратификува протоколот за пристап на Република Македонија во НАТО.
Денеска премиерот Зоран Заев соопшти дека текстот на нацрт-амандманите е согласно со договорот од Преспа, како и во согласност со одлуката на Собранието донесена со двотретинско мнозинство на пратениците за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија. Покрај измените во делот на географската одредница, Заев денеска најави дека во преамбулата ќе се вметне и Охридскиот рамковен договор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пендаровски му одговори на Фрчкоски: Никогаш не сум мешетарел, тоа го прават други кои се занимаваат со кафеанско озборување
Поранешниот претседател Стево Пендаровски ја отфрли изјавата на Љубомир Фрчкоски дека „мешетари“ во СДСМ и дека има улога во можни промени во партијата.
Во објава на Фејсбук, Пендаровски напиша дека никогаш не се занимавал со политичко мешетарење, како што, според него, тоа го прават други чии кариери се „исполнети со заткулисни маневри и кафеанско озборување“.
„Поголем проблем е што изјавата е целосно одлепена од реалноста и фактите, што, за жал, се случува поради ‘квалитетот’ на изворите со кои некои луѓе се дружат“, додаде Пендаровски.
Фрчкоски, пак, во емисијата на Ефтов, под наслов „Кои лоби групи сакаат да го сменат Венко Филипче“, изјави: „Ме чуди што мешетари Стево Пендаровски. Нема потреба од тоа. А мешетари без везе“.
Топ
Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе
Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот, во семејниот дом физички го нападнала своето шестмесечно бебе.
Бебето било итно пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му е укажана лекарска помош.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
„’Вреди’ до Јаневска“: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација
Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование, Весна Јаневска, во два или три наврати изрази незадоволство од комуникацијата на албански јазик на градоначалникот на Тетово, Билал Касами, со новинарите од медиумите на албански јазик.
„Наместо да се чувствува лошо што г-дин Касами зборува македонски како и албански, додека таа и покрај тоа што живее во повеќејазична средина не знае ниту еден збор на албански јазик, министерката Јаневска реагираше затоа што не разбираше албански јазик.
Поради оваа причина, „Вреди“ изразува жалење за ваквиот пристап на министерката Јаневска кон албанскиот јазик и во оваа прилика нагласуваме дека таков став е во спротивност со духот на почитување и соживот што треба да го отелотворува секој претставник на државните институции.
Во едно демократско и мултиетничко општество, кога дури и странски дипломати кои престојуваат во нашата земја две или три години учат неколку зборови на албански, да бидеш министер, па дури и министер за образование, а да не знаат ниту еден збор од јазикот на сограѓаните Албанци и да реагираат на употребата на албанскиот јазик, ова е тешко да се преведе во услови на коегзистенција, граѓанство и почитување на другите во едно мултијазично општество“, посочуваат од „Вреди“
Во меѓувреме, како што додаваат, почитувањето на јазиците што се зборуваат во оваа земја е почитување на граѓаните и на самата држава што ги обединува.

