Европа
Се сруши зграда во францускиот град Марсеј
Во францускиот град Марсеј утрово од засега не познати причини се сруши зграда, соопштија локалните власти.
Huge rescue operation as buildings collapse in city centre https://t.co/Lyi5y1njSW pic.twitter.com/aDhm3sJ0DB
— Daily Mirror (@DailyMirror) November 5, 2018
Според досегашните информации, нема извештаи за жртви во несреќата.
BREAKING Huge rescue operation as building collapses in Marseille https://t.co/PioB4DGQ6H pic.twitter.com/xPgYLoIs2I
— Mirror Breaking News (@MirrorBreaking_) November 5, 2018
Локалните власти објавија слика од урнатините на која се гледаат куп камења и дрвени столбови.
Населението е повикано да се држи настрана од таа локација и да не го блокира патот со цел побрзо поминување на службите за итни случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Инфлацијата во Британија највисока во последните осум месеци
Инфлацијата во Велика Британија во ноември порасна на највисоко ниво во последните осум месеци.
Потрошувачките цени на годишна основа се зголемија за 2,6 отсто минатиот месец, наспроти 2,3 отсто пораст во октомври и значително над растот од 1,7 отсто во септември. Тогаш, за прв пат по речиси три и пол години, инфлацијата падна под целното ниво на централната банка од два отсто.
Стапката на инфлација во ноември беше највисока од март и е во согласност со очекувањата на економистите од анкетата на Ројтерс.
Основата на растот на цените и стапката на инфлација е широк опсег на зголемувања на цените на производите и услугите, од кои најистакнат е транспортот – особено поради трошоците за гориво и цените на автомобилите. Ова само делумно беше неутрализирано со поблагите зголемувања на цените на авионските билети и цената на оброците во рестораните.
„Уште еден последователен месечен пораст на инфлацијата, достигнувајќи го највисокото ниво од март, ги нагласува тековните ценовни притисоци во економијата на ОК“, рече Мартин Сарториус од Конфедерацијата на британската индустрија.
Дополнителен импулс на инфлацијата се очекува од зголемувањето на даноците за работодавачите, откако ќе стапи на сила во април. Некои економисти предвидуваат дека вкупната инфлација на потрошувачките цени во Велика Британија би можела да достигне три проценти во 2025 година.
Европа
Утре, пресуда за Французинот што донесе 50 мажи да ја силуваат сопругата
Кривичниот суд во Авињон утре ќе ја донесе пресудата за Доминик Пелико и уште 50 други мажи обвинети за повеќегодишно силување на Жизел Пелико, сопругата на првообвинетиот, која со својата одлука да го отвори судењето за јавноста со цел привлече внимание на сексуалните злосторства врз жените, стана икона на феминизмот низ целиот свет.
Во ноември, обвинителот побара максимална затворска казна од 20 години за Доминик Пелико, кој ги организирал групните силувања на неговата сопруга Жизела додека била дрогирана и онесвестена, речиси цела деценија.
Пелико ги снимал силувањата и споделил фотографии и видеа од неговите искуства со сопругата.
Според сопственото признание, тој регрутирал силувачи на Интернет. За другите обвинети, 51 од нив, француското обвинителство побара казни од 10 до 18 години затвор.
Сега 72-годишната Жизел Пелико од самиот почеток одби на судење зад затворени врати, наспроти советите на адвокатите на обвинителството и одбраната кои сакаа да избегнат судењето да се претвори во „спектакл“.
Одлуката да се отвори судењето и да се разголи Пелико ја објасни со следните зборови: „Срамот нека ја смени страната за да можат жените, жртви на силување, да кажат: ако г-ѓа Пелико зборуваше јавно, можам и јас“.
Со таа одлука случајот привлече големо внимание и го следат 166 акредитирани медиумски куќи, меѓу кои 76 странски. Социјалните мрежи горат, сите имаат свое мислење: политичари, судии, интелектуалци. Покрај дискусиите за злото на сексуалното насилство, се дебатира и за намерното дрогирање на луѓе без нивно знаење, како што е ставањето дрога во пијалоци и прашањето за согласност за сексуален однос.
Европа
Русија: Го уапсивме човекот што го уби генералот Кирилов
Руската служба за безбедност соопшти дека 29-годишен државјанин на Узбекистан е приведен за убиството на високиот генерал Игор Кирилов и неговиот помошник во Москва.
Генерал-полковник Игор Кирилов, началник на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана (НБЦ), беше убиен вчера рано наутро кога беше активирана експлозивна направа што се наоѓала на електричен тротинет.
Руските безбедносни служби изјавија дека осомничениот бил регрутиран од украинската разузнавачка служба, јавуваат државните медиумски агенции.
Украински извор вчера за Би-Би-Си потврди дека зад убиството стои украинската служба за безбедност. Изворот наведува дека Кирилов бил „легитимна цел“. Во понеделникот, ден пред убиството, Украина го обвини Кирилов (54) во отсуство, велејќи дека тој е „одговорен за масовната употреба на забрането хемиско оружје“.
Центарот за односи со јавноста на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека уапсениот 29-годишник е „осомничен дека извршил терористички напад“. Во соопштението за печатот се наведува дека за време на сослушувањето „објаснил дека бил регрутиран од украинските специјални служби“.
Се додава дека 29-годишникот пристигнал во Москва по инструкции од Украина и најмил автомобил за да ја надгледува резиденцијата на Кирилов. Експлозивната направа ја поставил на електричен скутер што го паркирал на влезот од станбената зграда во која живеел Кирилов, соопшти ФСБ. ФСБ наведе дека на осомничениот му е „гарантирана“ награда од 100.000 долари и бегство во европска земја.