Македонија
Наместо утре, в среда ќе се одлучува за мандатот на Груевски
Пратениците, наместо утре, в среда ќе расправаат за одземање на мандатот на Никола Груевски. Како што пишува на собраниската интернет-страница, Комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања ќе заседава на 7. 11. 2018, еден ден пред можното заминување на Груевски во затвор.
Предлогот за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски е врз основа на добиено известување од Основниот суд Скопје 1 Скопје, одделение за организиран криминал и корупција, за пресуда со која пратеникот е осуден на казна затвор од две години. Еден од условите за одземање на мандатот за пратеник е доколку неговите колеги одлучат дека тој не е достоен да ја врши пратеничката функција.
Во случај Комисијата да достави предлог за одземање на мандатот се води претрес на првата наредна седница на Собранието, а одлуката, според Деловникот, се носи со двотретинско мнозинство од вкупниот број пратеници. Па, оттука, сè поизвесно е дека Груевски ќе остане пратеник ако се земе предвид дека владејачкото мнозинство нема 80 пратеници, а осумтемина пратеници од опозицијата што гласаа за отворањето на Уставот рекоа дека нема да гласаат „за“ одземање на мандатот на својот доскорашен сопартиец и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

