Македонија
СДСМ: Владата и компанијата немаат никаква поврзаност со бизнисменот Савидис
Антизападното раководство ја профилира ВМРО-ДПМНЕ како лидер во лажење и ширење лажни вести, велат од СДСМ.
„Трет ден антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, предводено од антинародниот Христијан Мицкоски, лаже и конструира непостоен случај што беше јасно демантиран и од страна на компанијата што е спомената во прес-конференциите на антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Нема никаква поврзаност со споменатиот бизнисмен, ниту компанијата ниту Владата.
Наместо да измислуваат непостојни случаи, наместо да се обидуваат да ја манипулираат јавноста, Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ треба да објаснат која била причината за средбата на членот на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, со десната рака на Ѓорѓе Иванов, Синиша Алексовски.
Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да научи дека со измислици не може да се покрие фактот што антизападниот пион Мицкоски преку шемите со својот ментор Груевски добил 33 илјади квадратни метри државно земјиште за хидроцентрали.
Со лажни вести не може да се покрие вистината дека антинародниот Мицкоски го брани криминалот на својот шеф Никола Груевски.
Заглавена во матрицата на Никола Груевски, на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, очигледно им пречат странските инвестиции во земјата.
Што има антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ против странските инвестиции во Македонија?“, се наведува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

