Македонија
Сончево со слаб ветер и со температура до 24 степени
Времето ќе биде претежно сончево со мала висока облачност и со слаб, а на повисоките места и на планините ќе дува умерен ветер, претежно од југоисточен правец. Максималната температурата ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.
Во Скопје, претежно сончево со мала, но висока облачност и со слаб ветер претежно од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 22 степена.
Продолжува периодот на стабилно и суво време со повремено зголемување на облачноста. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска слаба магла. Температурата ќе има тенденција на постепено опаѓање. В среда кон крајот на денот и в четврток ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без струја корисници од село Долно Лисиче
Без струја од 08:30 до 15 часот ќе бидат корисници од село Долно Лисиче (објекти на патот кон Драчево и ул.„10“), најави Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје.
Прекинот е поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа.
Македонија
Времето променливо облачно со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Попладне претежно во западните и југоисточните делови од земјата ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник, кога дневните температури ќе опаднат за неколку степени.
Македонија
Пендаровски ја напушти Вила Водно, им се заблагодари на граѓаните и соработниците
Експретседателот на државата, Стево Пендаровски, чијшто мандат заврши денес, преку социјалните мрежи упати благодарност до граѓаните и своите соработници.
„Благодарност до сите граѓани за укажаната доверба и на сите соработници со кои заеднички работевме во изминатите пет години“, напиша Пендаровски.
Претходно тој во Вила Водно ја пречека новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова, пришто свечено и’ ја предаде функцијата, а и’ ja честита и победата.
Пендаровски беше петтиот претседател од осамостојувањето на државата, а функцијата ја презеде во 2019 година од дотогашниот претседател, Ѓорге Иванов.
По престанокот на функцијата, на секој претседател му следат низа на доживотни бенефиции. Според Законот за правата на претседателот и неговото семејство по престанок на функцијата, претседателот има право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот на државата, има право на канцелариски простор и најмногу три соработници. Има и право на лично обезбедување, како и право на користење службено возило и возач.
Пендаровски неодамна изјави дека по завршувањето на мандатот нема да бара претседателска пензија, ниту пак средства за отворање на канцеларија, туку ќе се врати на работното место професор.