Свет
Исламска држава зад себе оставила 200 масовни гробници

Најмалку 200 масовни гробници се пронајдени во Ирак во области кои претходно биле под контрола на екстремистичката Исламска држава, се наведува во извештајот објавен од страна на Обединетите нации.
Во гробниците се наоѓаат остатоци од повеќе илјади луѓе за кои се верува дека се жртви на сунитските екстремистички групи, кои во периодот меѓу јуни и декември 2014 година освоиле поголем дел од северен Ирак, прогласувајќи го за свој калифат, пренесе „Ројтерс“.
Меѓу нив има жени и деца, повозрасни лица и инвалиди, како и припадници на ирачките вооружени сили и полицијата, се наведува во извештајот на ОН.
Претходно ОН соопштија дека речиси 33 000 цивили се убиени во нападите на Исламска држава во Ирак, а над 55 000 се ранети.
Гробници се пронајдени во четири провинции: Нинева, Крук, Салах ел-Дин и Анбар, кои се наоѓаат во западните и северните делови на земјата, во близина со границата со Сирија. Исламска држава тие области ги држеше под контрола до декември 2017 година, кога ја поразија ирачките сили, со поддршка на коалицијата предводена од САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.