Европа
Франција е шпионирана и шпионира

Франција, којашто била цел на американското шпионирање според неодамна објавените документи на WikiLeaks, и самата ги шпионира комуникациите меѓу Европа и остатокот од светото, пишува во средата францускиот неделник L’Obs.
На почетокот од 2008 година, тогашниот француски претседател Николас Саркози кој како и неговиот претходник и наследник на функцијата според доверливите документи бил шпиониран од американската Агенција за национална безбедност (NSA), им дозволил на тајните служби на Генералната дирекција за надворешна безбедност (DGSE) да постојат тајни станици на францускиот брег поради прислушување на подморските кабли, пишува L’Obs цитирајќи „неименувани сведоштва на неколку сегашни и тогашни функционери“.
Следниот претседател Франсоа Оланд, избран во 2012 година, потоа ѝ дозволил на DGSE своите операции да ги прошири, и ја легализирал дискретно таа практика преку сосема новиот закон за разузнавањето усвоен на 24-ти јуни, открива L’Obs.
Планот во износ од 700 милиони евра на пет години, од 2008 до 2013 година, го покренала тајната служба поради инсталирање на станиците за пресретнување на каблите по нивното излегување на територијата на Франција, особено кај Марсеј, Пенмарше во Бретања и Сен-Валеру-ан-Коз во Горна Нормандија, се вели во написот.
Тие прислушувања биле спроведувани со учество и на неколку големи француски компании. „Најмалку пет големи кабли се поставени за прислушување во текот на споменатиот период со помош на операторот Orange и компанијата Alcatel-Lucent, кон САД, Индија, Јужна Азија и Западна африка“, наведува весникот./крај/мф/сн
Извор: L'Obs
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Лавров за средбата Зеленски-Путин: Зеленски рече „не“ на сè

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија прави сè што може за да спречи средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин и ги повика сојузниците на Украина да воведат нови санкции врз Москва доколку Русија не покаже интерес за мир.
На заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Киев, Зеленски рече дека разговарале за безбедносните гаранции за Украина што би ги понудиле другите земји. Тој рече дека гаранциите треба да бидат слични на Член 5 на НАТО, кој го смета нападот врз една членка на алијансата за напад врз сите.
„Ова е почеток на голем потфат и не е лесно бидејќи гаранциите се состојат од тоа што нашите партнери можат да ѝ дадат на Украина, како и каква треба да биде украинската армија и каде да се најдат можности за да ја одржи својата сила“, рече Зеленски.
„Јасно е дека САД ќе бидат вклучени“
Руте, кој денес го посети Киев, ги повика западните сојузници да обезбедат „силни безбедносни гаранции“ за Украина во случај на мировен договор со Москва за да се спречи уште една руска инвазија. „Силните безбедносни гаранции ќе бидат од суштинско значење и ние работиме на тоа токму сега за да се осигураме дека Русија никогаш повеќе нема да се обиде да заземе ниту еден квадратен километар украинска територија“, рече тој.
Руте рече дека гаранциите доаѓаат во две форми: првата вклучува зајакнување на украинската војска за да се одвратат идните руски напади, а втората се состои од европски и американски безбедносни гаранции.
„Јасно е дека САД ќе бидат вклучени“, рече шефот на НАТО. „Овие безбедносни гаранции мора да функционираат“.
„Русите прават сè што можат за да го спречат одржувањето на состанокот“
Украинскиот лидер ги повика сојузниците да ја принудат Русија во „барем минимално продуктивна позиција“. Зеленски повеќе пати го повика Путин да се сретне со него, а американскиот претседател Доналд Трамп рече дека рускиот претседател се согласил на таков состанок.
„Русите прават сè што можат за да го спречат одржувањето на состанокот“, рече денес Зеленски. „За разлика од Русија, Украина не се плаши од средби со лидерите“.
Лавров: Зеленски рече „не“ на сè
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека нема агенда за потенцијален самит меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски. Тој го обвини украинскиот претседател дека вели „не“ на сè.
Во разговор за емисија на Ен-би-си, Лавров рече дека Путин јасно ставил до знаење дека е подготвен да се сретне со Зеленски и да разговара за евентуален договор за прекин на војната во Украина, но под услов да има соодветна агенда за таков состанок. А тоа, рече тој, во моментов недостасува.
„Путин е подготвен да се сретне со Зеленски кога агендата ќе биде подготвена за кој било самит. А таа агенда воопшто не е подготвена“, изјави Лавров за Ен-би-си, додавајќи дека затоа засега не е планирана средба.
Рускиот министер за надворешни работи рече дека Русија се согласила да покаже флексибилност по голем број прашања што ги покрена Трамп на самитот САД-Русија минатата недела, но ја обвини Украина дека не покажала иста флексибилност во разговорите со Трамп и европските сојузници што следеа во Вашингтон.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Рускиот дрон летал во полскиот воздушен простор неколку часа пред падот

Руски борбен дрон „Шахед“ летал над Полска речиси два и пол часа пред да се сруши, објави украинскиот портал „Милитарњи“, специјализиран за воени теми.
Според анализата на надзорот на украинскиот воздушен простор, дронот летал над регионите Житомир, Хмелницки, Тернопол и Лавов во Украина во ноќта од вторникот кон средата, а потоа влегол во Полска.
Растојанието од границата до местото на падот во селото Осини е приближно 200 километри. Со оглед на просечната брзина на руските дронови „Шахед“ од 120 до 150 км/ч, се проценува дека поминал вкупно два часа во полскиот воздушен простор (бидејќи не летал целосно право).
With the US now paralyzed behind an orange mountain of lard, unable to inflict sanctions on Russia, Putin ups the stakes, striking Poland with a kamikaze drone last night, only 80km from Warsaw.
The West refuses to respond, so Putin only increases the killing. pic.twitter.com/P79Y1bYnEw
— Jay in Kyiv (@JayinKyiv) August 20, 2025
Како што наведува „Милитарњи“, дронот не бил откриен од полските системи за надзор во тој период. Додека се вклучиле сирените за воздушен напад во Украина, околу 1 часот по локално време, дронот, веројатно, веќе го напуштил украинскиот воздушен простор и продолжил да лета над Полска сè додека не се урна во 2.22 часот по варшавско време.
Порталот пишува дека постојат само две сценарија според кои дронот можел да влезе во Полска: намерно таргетирање или внатрешен дефект. Тие нагласуваат дека дури и во случај на дејство на електронско блокирање, автопилотот на дронот го пренасочува кон наменетата цел.
Затоа сè уште постои можност дронот да имал однапред одредена цел на територијата на членка на НАТО, наведува украинскиот портал.
Дронот што се урна во поле со пченка во Полска е од руско потекло, изјави вчера полскиот министер за одбрана, Владислав Косињак-Камиш, нарекувајќи го тоа провокација.
Експлозијата скршила прозорци во неколку куќи, но никој не е повреден, објави полската новинска агенција ПАП. Полицијата пронашла изгорени метални и пластични делови на местото на падот.
Истражителите изјавија дека дронот оставил кратер широк шест метри и длабок 50 сантиметри. Не е јасно дали експлозијата се случила во воздух или кога удрил во земјата.
Членка на ЕУ и НАТО, Полска е еден од најблиските политички и воени сојузници на Украина.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Рускиот нуклеарен гигант се врати во морето по 30 години

По речиси три децении во бродоградилиштето, рускиот нуклеарен борбен брод „Адмирал Нахимов“ повторно плови под сопствен погон. Ова е клучен момент за руската морнарица бидејќи гигантот од 28.000 тони последен пат пловел во 1997 година, а сега, по години поправки и модернизација, се подготвува да ја преземе улогата на предводник на руската флота, објавува The War Zone.
Бродот почна со фабрички морски проби, потврдија руските државни медиуми, а на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како „Адмирал Нахимов“ плови во Белото Море.
🇷🇺🫡⚓️ At last..heavy nuclear cruiser «Admiral Nakhimov» left SevMash shipyard for sea-trials after refurbishing. The ship spent more than 25 yrs at the shipyard.
📸 Courtesy: L.Alekseeva pic.twitter.com/WWPUoRds9U— KURYER🤔 (@RSS_40) August 18, 2025
Според новинската агенција ТАСС, повикувајќи се на неименуван извор, претседателот Владимир Путин веќе е информиран за почетокот на тестовите. Овој потег доаѓа откога двата нуклеарни реактора на бродот беа рестартирани претходно оваа година исполнувајќи го планот за почнување на пробите ова лето.
A couple more photos. https://t.co/Fd09TQ09kz pic.twitter.com/J9AZ0qhOhh
— Capt(N) (@Capt_Navy) August 18, 2025
„Адмирал Нахимов“, првично наречен „Калинин“, е дел од класата воени бродови на проектот „1144.2 Орлан“, попозната на Запад како класа „Киров“. Влезе во употреба во Северната флота во 1988 година и е закотвен на суво пристаниште во бродоградилиштето „Севмаш“ од 1997 година. Иако беше во процес на поправки, сериозните работи за модернизација почнаа дури во 2014 година.
Првично закажан за завршување во 2018 година, рокот беше поместен неколкупати – првин до 2019 година, потоа до 2020, 2021, 2023 година и, конечно, до 2024 година.
фото: принтскрин