Македонија
Богојески: За ЕПП, Мицкоски е пречка Македонија да влезе во ЕУ и НАТО, тие се разочарани од него
Преставниците на Европската народна партиja во Хелсинки се разочарани од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави реформаторот Петар Богојески, кој ја предводи втората делегација на конгресот на ЕПП. Богојески за „Макфакс“ вели дека голем дел од преставниците на ЕПП го гледаат Мицкоски и ВМРО-ДПНЕ како пречка Македонија да влезе во ЕУ и НАТО.
„Тука владее големо разочарување поради поведението на дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ и сè она што значи изневерени очекувања и дадени ветувања на европските претставници во претходниот период, а истите не биле испочитувани. За жал, овде разочарувањето кон Мицкоски е големо“, вели Петар Богојески за „Макфакс“.
Тој тврди дека ЕПП гледа на ВМРО-ДПМНЕ како на сатрапска партија, каде еден човек има неограничена власт врз сите бидејќи, како што вели, не може да е демократска ако се разрешуваат членови поради различни ставови.
Соработката со сестринската CDU е наш приоритет… споделуваме исти вредности и заедничка визија за иднината… со…
Gepostet von Петар Богојески – Petar Bogojeski am Donnerstag, 8. November 2018
„Немавме заеднички средби како делегации со претставниците, иако е во ред да имаме. Се сретнавме со Мицкоски пред почетокот на денешната сесија на конгресот и поразговаравме на кратко за тоа за што сме тука присутни, но сметам дека ќе имаме и други пригоди. Можеби е преседан за ЕПП што ВМРО-ДПМНЕ има две делегации, кои остваруваат посебни средби со претставниците, но тоа е сосема нормален демократски чин. Уште подобро е што ВМРО-ДПМНЕ е претставена од повеќе луѓе, а со тоа, ќе бидат засилени позициите на партијата во иднина“, вели Богојески од Хелсинки.
Разговорите меѓу Богојески и високите претставници на ЕПП биле за европскиот пат на Македонија, но и за тоа дека ВМРО-ДПМНЕ не смее да остави европската агенда да биде монополизирана од СДСМ.
„Јас наидов на исклучително чесен и искрен пристап кон мене, прифаќање на аргументите, пред сè на она што понудив за идна агенда на ЕПП со цел да ѝ помогне на ВМРО-ДПМНЕ да го најде својот европски пат. Европскиот пат на Македонија мора да се забрза. Не смее во Македонија да се има впечаток дека СДСМ е носител на Европа, а вмровците, односно ВМРО-ДПМНЕ е против. Напротив, има огромен дел од ВМРО-ДПМНЕ кој е живо заинтересирани да ѝ помогне на Македонија да чекори по европскиот пат. Европските претставници имаат разбирање за нас“, смета Богојески.
Новиот “премиер” на ЕУ, Manfred Weber????
Gepostet von Петар Богојески – Petar Bogojeski am Donnerstag, 8. November 2018
ВМРО-ДПМНЕ има две делегации на Конгресот на ЕПП во Хелсинки каде сè уште траат средбите со високите претставници. Едната делегација е предводена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а другата од реформаторот Петар Богојески. Заедно со Богојески се и пратеничката која гласаше за уставни промени Емилија Александрова и ексфункционерот Никола Тородов, кој беше исклучен од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
По јавниот притисок, на прославата на плоштад нема да има огномет, велат од „Зелен хуман град“
Благодарение на институционалниот притисок вршен внатре во Советот на Град Скопје од страна на нашиот советник, Марјан Калевски, како и вонинституционалниот притисок вршен со нашите јавни реакции и секако, најважното, ангажираноста на нашите сограѓани со испраќање мејлови до надлежните институции и давање поддршка за нашата иницијатива на социјалните мрежи, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека оваа година на прославата огномет нема да има, објави „Зелен хуман град“.
„Потегот на градоначалникот го сметаме за позитивен, но истовремено сметаме дека не смее една ваква клучна материја да е нечие дискреционо право. Денес овој градоначалник донел позитивна одлука, утре некој друг нема да донесе таква. А останува фактот дека огнометите и пиротехниката на хартија се дозволени со поседување лиценци и обезбедување стручни лица кои ќе ракуваат со неа. Оттука, инсистираме оваа високоризична материја да се нормира и законски да се забрани експлицитно и на отворен и на затворен простор“, велат од граѓанската ијцијатива.
Пд таму потсетуваат и на нивното барање што побрзо Собранието да усвои законски измени и да забрани огномет и каква било пиротехника и на затворено и на отворено.
„Скопската централна новогодишна прослава без огномет претставува мал но значаен чекор кон подобрување на квалитетот на животот на најранливите групи граѓани во Скопје, намалување на преголемото загадување на воздухот, како и на сите медиуми на животна средина и, се разбира, етички чекор кон тоа безгласните жители на Скопје, животните, да не доживуваат енормен стрес и потенцијална смрт за 3 минути „забава“. Секако ова не ги спречува бројните несовесни граѓани кои новогодишните празници ги доживуваат како погоден момент на своја рака да испалуваат огномет и разни пиротехнички средства и поради ова апелираме и очекуваме Министерството за внатрешни работи да е на висина на задачата, особено на дочекот на Новата година“, велат од „Зелен хуман град“.
Македонија
Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти
Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
„Откако устата им беше полна со наводни мигранти, кој ене ги чекале на граница, само што не дошле и што уште не излажаа, денес кога требаше да се дискутира во Собранието на таа непостоечка тема која тие ја отворија, тие го напуштија Собранието. Не само што избегаа од темата, како маче од куче, туку и фамозната Резолуција која ја предлагаа во јавноста и устата пена им фати од говорење дека била најдобрата, ја немаат ниту поднесено во Собрание“, рече Стојаноски.
Тој кажа дека Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ која е поднесена и е на дневен ред, денес ќе биде изгласана и со тоа ќе ја затвориме измислената тема од страна на СДС за наводни мигранти во Македонија.
Македонија
СДСМ: Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски
Свиркачи од Министерството за здравство информираат дека Владата на Христијан Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови со сомнителен квалитет, кој беше укинат во времето на СДСМ, велат од опозициската партија.
„Еве како планира владата на Мицкоски да го направи тоа, со измена на член од Закон за до членство на ЕУ да може да тераат паралелен увоз. Не сакаат во ЕУ заради пари, тргуваат и со здравјето на луѓето. Информациите за намерите на власта ги потврдуваат и некои здруженија но и многу пациенти кои стравуваат од лекови со крајно лош квалитет опасни по здравјето. Токму преку паралелниот увоз на лекови власта на ДПМНЕ и Никола Груевски ги правеше најголемите криминали на штета на здравјето на граѓаните“, велат од СДСМ.
Од таму велат дека во 2016 бил откриен скандал дека во државава биле внесени фалсификувани лекови и тоа дел од нив биле откриени на Клиниката за онкологија каде се лекуваат пациенти болни од рак.
„Затоа СДСМ го забрани. Но, криминалот за ДПМНЕ е поважен од здравјето на граѓаните. Оттука се овие обиди на власта да го врати паралелниот увоз на лекови. Само заради бизниси со тендери. За пари. Ова се случува во време на корупциски скандали и обиди на власта да дефокусира од темите со мигрантите и недостатокот на пари. На мала врата буктаат вакви сериозни и големи работи. СДСМ ги поддржи сите акции кои ќе значат спречување на овој обид на власта да го врати паралелниот увоз и да ги загрози животот на пациените за пари“, наведува СДСМ.

