Македонија
„Македонија блокира“ во Охрид ќе организира протести пред домовите на пратениците што гласаа за уставните измени

В сабота (10 ноември) граѓанската иницијатива „Македонија блокира“, на која ѝ се придружија повеќе организации заедно со политичката партија Единствена Македонија, со организиран превоз ќе носи демонстранти во Охрид за да протестираат пред домовите на пратениците што гласаа за уставните измени, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов.
Според закажаниот план, објавен на фејсбук страницата на „Македонија блокира“, автобусот за Охрид треба да тргне утре во два часот попладне. Место на поаѓање е определена локација пред Соборниот храм во Скопје.
Пред неколку дена, со запалени свеќи и патриотски песни, демонстранти организирани од партијата Единствена Македонија протестираа пред домот на пратеникот Крсто Мукоски во Вевчани, кој во Собранието исто така гласаше за почнување на процесот за уставните измени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во вечерните часови локален дожд, а на планините повремен снег

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и топло време, освен денеска и во сабота кога ќе има локални врнежи од дожд. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска поради промена на затварач ф 2“ на улицата Црвена Скопска Општина бб прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, Министерството за Транспорт и Врски и деловните објекти во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Ѓорче Петров, Сопиште и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 09:00 до 12:00 часот, дел од с.Волково – место викано Пржина. (Општина Ѓорче Петров).
· Oд 09:00 до 15:30 часот, ул.29 село Сопиште. (Општина Сопиште)
· Oд 10:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците Бриселска, Софиска и Гаврил Лесновски. (Општина Карпош)