Македонија
(Видео) Василевски по протестот: Писмото за да не гласам за уставни промени е доставено предоцна

Пратеникот Сашо Василевски за протестите пред неговиот дом вели дека се притисоци, а работата според него е премногу сериозна.
Писмото кое демонстрантите му го доставиле, а со кое се бара тој да не гласа за уставните измени е доставено предоцна, вели Василевски, додавајќи дека тие треба да го достават и до ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеникот кој гласаше за отпочнување на процесот за уставни измени рече дека треба да се стави крај на поделбите меѓу Македонци и Албанци бидејќи како што рече Василевски, „тие се наши браќа и така треба да живееме“.
„Писмото треба да се достави и до друга адреса, тоа е мојата матична партија. Тие во изминативе 11-12 месеци не преземаа никакви активности за релаксирање на оваа состојба. Јас го притиснав зеленото копче без притисок и без грам на совест која би ме мачела. Тоа е бидејќи лажниот патриотизам кој 30 години не мачел, да го ставиме зад врата. Македонија има еден пат, а тоа е ЕУ и НАТО. Ќе се борам како пратеник да го јакнеме стратешкото партнерство со САД. Тоа можам да ви го гарантирам, бидејќи е единствена наша перспектива. Лажниот патриотизам ќе биде присутен уште некое време и ќе го нема“, рече Василевски.
Запрашан што се случува во ВМРО-ДПМНЕ од каде Василевски го исклучија, тој рече дека таа партија е кодот на македонскиот народ. Пратеникот вели дека иако е исфрлен, тој е ВМРО и ќе остане ВМРО.
„Во моментов сум исклучен од партијата, но мене никој не може да ме исклучи. Во ЕПП, во Хелсинки беа повикани две делегации, а тоа кажува многу. Тоа кажува дека моменталното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е изолирано од ЕПП. Затоа беше повикана втора делегација, која е за реформи и демократски систем на размислување во партијата, оти никаква дебата не беше отворена по повод уставните измени. Не можете вие како лидер на партија да се затскривате зад нардорот, зад тие виртуелни милион и дваесете илјади гласачи. Тоа не е дозволиво за лидер на најголема опозоциска партија. Имаше референдум, беше кажано дека ќе се излезе или нема да се излезе. Мојата партија бојкотираше, затоа овие бројки не се реални“, додаде Василевски.
Пратеникот вели дека пратеничката група на „Независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ имала официјална средба со Палмер, каде оствариле средба за прашањето што доколку пропадне договорот со Грција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ахмети: Низ годините, Албанците го водеа Собранието и сите министерства, а се реализира и ветената позиција на првиот албански премиер

Низ годините, Албанците го водеа Собранието и сите министерства, а се реализира и ветената позиција на првиот албански премиер, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по повод 24-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
Нашиот придонес за државата, додаде тој, резултираше со добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, членство во НАТО и отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија.
„Од сите овие и многу други достигнувања победи нашата заедничка држава, а никој не загуби. Сите достигнувања во изминатите 24 години ги направивме заедно, како со ВМРО и со СДСМ, така и со нашите меѓународни пријатели. Овие достигнувања се самата држава, тие се темелот на стабилноста, безбедноста и иднината на нашата земја“, рече Ахмети.
Затоа, додаде тој, ревизија на заедничките достигнувања не ни е дозволена нам кои сме автори, потписници и спроведувачи на Охридскиот договор.
„Мора да предводиме со државничка одговорност, како државотворни партии, без краткорочни и опасни популистички и изборни калкулации. Во меѓувреме, на оние кои ја учеа историјата од телевизиските екрани, кои немаат никаков придонес за националните достигнувања и процеси и кои никогаш не ја добија довербата на народот, туку беа избрани од други да им служат, им велам: Храброста после војна и мудроста по говорот не вредат“, рече Ахмети.
Македонија
Партијата за движење на Турците: Неопходно е континуирано усовршување на Охридскиот рамковен договор

Денес одбележуваме значајна годишнина од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, документ кој претставува темел за градење на соживот, еднаквост и меѓуетничка хармонија во нашата држава. Овој договор е исклучително важен за унапредување на меѓуетничките односи и останува еден од клучните столбови на демократијата во Република Северна Македонија, велат од Партијата за движење на Турците – ТХП.
Од таму велат дека го поздравуваат, како што велат, историското значење на Охридскиот рамковен договор, кој поставил основа за инклузивно општество и за зајакнување на правата на сите заедници.
„Сепак, сметаме дека е неопходно континуирано усовршување на неговата имплементација, со цел целосно остварување на неговите принципи. Посебно внимание треба да се посвети на помалку бројните заедници, кои мора да бидат рамноправно вклучени во сите општествени процеси и да ги почувствуваат конкретните придобивки од овој договор.
Понатаму, нагласуваме дека за целосно остварување на демократските принципи на Охридскиот рамковен договор, постои потреба од воведување на подемократски изборен модел. Ваков модел би овозможил посилна и поправична застапеност на сите заедници, особено на помалку бројните, во демократските процеси, зајакнувајќи ја довербата во институциите и промовирајќи вистинска еднаквост.
Веруваме дека само преку заеднички напори, дијалог и посветеност на сите чинители во општеството можеме да изградиме држава во која секој граѓанин, без оглед на етничката припадност, ќе се чувствува рамноправен и вреднуван. ТХП останува посветена на промовирање на овие вредности и на поддршка на политиките што водат кон целосна реализација на духот на Охридскиот рамковен договор. Нека оваа годишнина биде потсетник за важноста на единството, солидарноста и заедничката работа за подобра иднина за сите“, велат од ТХП.
Македонија
Бесплатни униформи за сите основци и ранци со училишен прибор за сите првачиња во Општина Центар

Учениците во сите општински основни училишта на територија на Центар, учебната 2025-2026 година ќе ја почнат во училишни униформи коишто за првпат се воведуваат, а сите запишани првачиња ќе добијат и ранчиња со училишен прибор.
„Приближно 4.700 ученици, од прво до деветто одделение од центарските училишта годинава ја почнуваат со униформи кои ќе бидат бесплатни за децата. Со овој чекор ги подобруваме условите во училиштата и вложуваме во поквалитетно образование. Покрај воведувањето на униформи, но и бесплатни ранчиња со училишен прибор за првачињата, исто така ги подобруваме условите и преку реконструкција на училиштата. Во тек е реновирање на трите општински основни училишта „11 Октомври“, „Гоце Делчев“ и „Димитар Миладинов“ за да им овозможиме на учениците подобра настава“, вели градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.