Македонија
(Видео) Караница Бачев-Василевски: Како не ти е срам гомнар еден, копиле едно, ја продадовте државата

За време на протестот пред домот на Сашо Василевски, додека Јанко Бачев му го доставуваше писмото со барањата, дојде до кратка караница. Бачев му се обрати на Василески со зборовите „како не ти е срам бе гомнар еден“, откако пратеникот рече дека тој дошол да протестира за да си ја сработи дневницата.
„Како не ти е срам бе, шипион еден. Народен пратеник. Со колку те купија, шипион еден? Како не ти е срам? Копиле едно, ја предадовте државата. Знаете што ве чека? Истополови бракови, хомосексуализам, посвојување на деца од истополови бракови. Вршиш злосторство. Како не ти е срам? Да ви е*бам педерите, да ви е*бам“, му рече Бачев на Василевски.
„И тие се луѓе. Не вреѓајте. Мавтај си го знамето“, му врати Василевски на Бачев, а по ова, Бачев му врати „мафтај го ти шиптарското, мафтај таму со педерите, да ви е*ам либералните вредности“.
Бачев кој беше предводник на протестите и му достави писмо на пратеникот Василевски му рече дека амандманите, односно четирите услови кои независната пратеничка група ги достави до Влада, биле пишувани во СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јанев во посета на ГП Дојран: Времето на чекање е намалено на половина

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, денес беше во работна посета на граничниот премин Стар Дојран, каде што пренесе порака дека нашата држава се грижи, инвестира и одлучно стои на секој чекор од својата граница.
„Со отворањето две нови ленти за гранична контрола пред 2 месеца, овозможуваме побрз и поефикасен влез и излез за над 35.000 патници неделно, од кои повеќе од 21.000 се странски државјани. Брзината е зголемена, а времето на чекање намалено за половина. Ова не е само логистика – ова е безбедност, гостопримство и државничка грижа на дело! Особено се гордеам што по долга пауза, повторно е воспоставена граничната патрола по Дојранското Езеро. Тоа е доказ дека нема да дозволиме ниедна точка од нашата граница да остане незаштитена – ниту на копно ниту на вода“, рече Јанев при посетата.
Посетата беше и можност директорот да изврши увид врз донираната техничка опрема и возилата од страна на Сојузната германска полиција и потенцира дека таквата поддршка ни значи многу.
„Германските партнери преку опрема, дигитални алатки и заеднички обуки ја зајакнуваат нашата гранична полиција да биде уште поефикасна во откривање и спречување на прекуграничниот криминал. Ова е патот напред, патриотизам на дело, партнерства во пракса, безбедност за секој граѓанин и бескомпромисна борба против криминалот“, рече Јанев.
Македонија
Мисајловски: АРМ минува низ досега најинтензивен процес на модернизација и опремување

На маргините на саемот за воена индстрија во Истанбул – IDEF 25, министерот за одбрана Владо Мисајловски, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се сретна со министерот за национална одбрана на Република Турција, Јашар Ѓулер.
На средбата беше истакната долгогодишната активна одбранбена соработка базирана на заедничката визија за одржување на стабилноста и безбедноста на регионот и развојот на двете земји.
На средбата е заклучено дека двете земји продолжуваат да го јакнат партнерството преку размена на знаење и стручност во сите области.
Министерот Мисајловски се осврна и на последната нова и софистицирана опрема која стана дел од арсеналот на Армијата – хаубиците „Боран“ од турско производство кои се дел од декларираната артилериска батерија на Лесната пешадиска баталјонска група, при што истакна дека „македонската Армија е убедена во квалитетот на турската воена индустрија “ и упати благодарност за континуираната поддршка од страна на Турција особено во развојот на армиските капацитети.
„Македонската Армија минува низ досега најинтензивен процес на модернизација и опремување, што несомнено е инвестиција во безбедноста на македонските граѓани. Посилна Армија значи и посигурна и побезбедна колективна одбрана во НАТО“, рече министерот.
Вчеравечер, во рамки на посетата на Турција и учеството на саемот за воена индустрија IDEF 25, министерот Мисајловски се сретна и со претседателот на Агенцијата за одбранбена индустрија на Турција, Халук Ѓорѓун со кого разговараше за развојот на воената индустрија и потребата од зголемени инвестиции во оваа област, како начин за зацврстување на безбедноста на сојузниците.
Турската воена индустрија е од интерес за македонската одбрана, особено имајќи предвид дека Армијата веќе се опреми со шест нови хаубици 105mm и придружна опрема од компаниите „Боран“ и „Аселасан“ кои неодамна беа промовирани на македонската јавност.
Македонија
Состојбата на Гаши е стабилна, соопштија од неговиот кабинет

Здравствената состојба на претседателот на Собранието, Африм Гаши, е стабилна, информираат од неговиот кабинет.
„Во врска со информациите објавени во медиумите за здравствената состојба на претседателот на Собранието на Северна Македонија, г. Африм Гаши, ја информираме јавноста дека тој вчера беше хоспитализиран на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија. Здравствената состојба на г. Гаши е стабилна, а во моментот се вршат детаљни лекарски прегледи“, велат од Собранието.
Од таму додаваат дека сите понатамошни информации ќе бидат навремено доставени до јавноста од надлежните институции.
Гаши бил примен во болница синоќа нешто по полноќ, со сериозни болки и тегоби во стомачната регија.