Контакт

Бегството на Груевски

ВМРО-ДПМНЕ:„Кацарска судството“ го осуди Груевски во политички монтиран процес без никакви докази

Објавено пред

Партиското „Кацарска судство“ и аболицираниот Зоран Заев ја уништија демократијата и правдата во Република Македонија. Криминалниот картел на власт преку партиското „Кацарска судство“ спроведува политички прогон во монтирани случаи против сите неистомисленици на Зоран Заев, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според партијата,партиското и клиентелистичко „Кацарска судство“ без никакви докази и правни аргументи носи неиздржани пресуди кои се диктирани од единствениот аболициран политичар во Европа Зоран Заев.

,,Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен премиер, Никола Груевски е жртва на политичкиот прогон кој го спроведува криминалната власт против секој кој им се спротивставува во распродажбата на државните и националните интереси. „Кацарска судството“ го осуди Никола Груевски во политички монтиран процес без никакви докази во случај во кој што нема ништо спорно.

Целиот случај е правен преседан бидејќи набавката на автомобилот е спроведена преку јавен тендер, а после изборот на компанијата која ќе го набави, немаше никакви забелешки. Не е остварена противправна имотна корист, не е нанесена штета, а автомобилот останува на Република Македонија. Сето ова е политичка хајка против опозицијата и има цел на секаков можен начин да се уништи ВМРО-ДПМНЕ, за аболицираниот криминалец Зоран Заев да има слободен и чист терен додека ја ограбува државата и продава се што е македонско”, смета партијата.

,,Зоран Заев преку партиското судство испраќа порака до сите политички неистомисленици дека никој не смее да му застане на патот во ограбувањето на државата и спроведувањето на капитулантскиот договор со кој го менува името и се откажува од идентитетот, јазикот, традицијата, историјата и културата на Република Македонија. Додека аболицираниот Заев зад затворени врати ја спроведува капитулацијата на Македонија, истовремено државата се повеќе тоне. Економијата е на дното, граѓаните се повеќе посиромашни, а од животот кој беше ветуван добивме само беда. Македонија повеќе не смее да биде заробена држава и заложник на аболициран криминалец. Се ближи денот кога Заев и СДСМ ќе се соочат со граѓаните и ќе одговараат за ограбувањето на државата и продажбата на државните и национални интереси. Заев и СДСМ ќе ги стигне казната од граѓаните за целото зло кое и го нанесуваат на Македонија. На крајот граѓаните и Македонија ќе победат!”, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Бегството на Груевски

Груевски: Барањето на криминалната и рекетарска Влада за моја екстрадиција е одбиено

Објавено пред

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија, се огласи на социјалните мрежи по судското рочиште пред тамошниот суд, кој одби негова екстрадиција во земјата.

dobivaj vesti na viber

„Спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска Влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција“, напиша Груевски.

Тој го повтори ставот на судот, кој одби да го екстрадира во Македонија, каде што треба да ја издржи двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.

Министерството за правда побара и негова екстрадиција бидејќи е еден од осомничените организатори за упадот во Собранието на 27 април.

„Денеска, спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција. Судот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати“, гласи објавата на експремиерот.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Унгарија нема да го испорача Груевски, условите за екстрадиција не се валидни

Објавено пред

Експремиерот и азилант Никола Груевски нема да биде екстрадиран од Унгарија, одлучи тамошниот суд на денешното рочиште. Груевски ќе биде пуштен на слобода. Рочиштето е во тек и се образложува одлуката која е донесена.

dobivaj vesti na viber

„Условите за екстрадиција не се валидни“, рече судијката.

Утрово, судот издаде наредба за приведување на Груевски, кој беше спроведен до судницата со две лица, кои, најверојатно, се дел од безбедносните служби на Унгарија. Груевски бил приведен во т.н. 11. област во Будимпешта.

Рочиштето е затворено за медиумите, но одлуката е јавно соопштена.

Минситерството за правда бара екстрадиција за Груевски за тој да ја издржи двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“ на СЈО, но и за организација на крвавите инциденти во Собранието на 27 април.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Груевски приведен во Будимпешта, судот одлучува за екстрадицијата

Објавено пред

Судот во Унгарија одлучува за екстрадицијата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој избега во Будимпешта во ноември минатата година.

dobivaj vesti na viber

Рочиштето е затворено за јавноста, а деталите ќе се знаат по завршувањето.

Македонија бараше екстрадиција за издржување на двегодишната затворска казна за набавката на „мерцедесот“ во случајот на СЈО, „Тенк“, и за настаните што се случија во Собранието на 27 април 2017 година за што е осомничен дека бил организатор.

Груевски е приведен изутринава во Будимпешта по барање на судот.

Експремиерот доби политички азил во Унгарија кога беше осуден на двегодишна затворска казна за набавката на „мерцедесот“, а е обвинет и во други случаи на СЈО.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во...

Македонија7 часа

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ8 часа

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија10 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија11 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија11 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ11 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија11 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија11 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет13 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа13 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет15 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет15 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет15 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет15 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа16 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија1 ден

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет1 ден

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет1 ден

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет1 ден

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...