Европа
Меркел: Грција да остане дел од „нашата приказна“

Германската канцеларка Ангела Меркел во петокот изјавила дека сака Грција „да остане дел од нашата приказна“, во пресрет на изборите во недела кои би можеле да бидат одлучувачки за останувањето на земјата во Еврозоната, пренесува AFP.
„Во самата срж на нашите вредности лежи солидарноста. Сакам Грција, и покрај сите потешкотии, да остане дел од нашата приказна“, изјавила Меркел по средбата со италијанскиот премиер Матео Ренци во Фиренца.
Најголеми шанси за победа на предвремените парламентарни избори во Грција и се даваат на радикалната левичарска партија СИРИЗА, која најави дека ќе бара нови преговори за грчкиот пакет на помош, како и отпис на голем дел од долгот кон меѓународните кредитори.
Лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас смета дека Грција нема да биде во состојба да го отплати својот долг, сè додека е соочена со фискални потешкотии. Тој сепак додал дека владата која би била предводена од неговата партија ќе ги почитува обврските на Грција како членка на Еврозоната.
Во колумна за германскиот деловен весник Handelsblat, Ципрас им порачал на германските даночни обврзници дека немаат причина за грижа доколку неговата партија победи на претстојните избори.
Ципрас исто така порачал дека тврдењата оти наметнатите строги мерки на штедење и донеле на грчката економија стабилност, се само „произволно извртување на фактите“.
Претставниците на ЕУ и ММФ, пак, веќе и порачале на СИРИЗА дека доколку дојде на власт, ќе мора да ја отплати помошта која на Грција и беше одобрена за време за должничката криза, како и тоа дека ќе мора да продолжи со започнатите реформи./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Украина предлага нов пристап по упадот на дроновите во Полска: „Путин продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот“

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор покажува дека „чувството на неказнивост на Путин продолжува да расте“, предупреди украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Тој повика на партнерските земји да им биде дозволено да соборуваат беспилотни летала и ракети во украинскиот воздушен простор.
„Путин само продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот. Колку подолго не наидува на никаква сила како одговор, толку поагресивен станува. Слабиот одговор сега ќе ја провоцира Русија уште повеќе, а потоа руските ракети и беспилотни летала ќе летаат уште подалеку во Европа.
Оваа ситуација покажува дека конечно мора да се донесе одлука за да се дозволи користење на партнерските капацитети за воздушна одбрана во соседните земји за пресретнување беспилотни летала и ракети во украинскиот воздушен простор, вклучително и оние што се приближуваат до границите на НАТО. Украина долго време предлага таков чекор“, напиша Сибиха на Икс.
Russian drones flying into Poland during the massive attack on Ukraine show that Putin’s sense of impunity keeps growing because he was not properly punished for his previous crimes.
Putin just keeps escalating, expanding his war, and testing the West. The longer he faces no…
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) September 10, 2025
Руските беспилотни летала и ракети постојано го нарушуваат воздушниот простор на Полска и другите членки на НАТО за време на нападот врз Украина, но до денес нема потврден случај на локални одбранбени сили што собориле руски дрон или ракета.
фото: принтскрин
Европа
Литванија: Путин нема да запре освен ако ние не го запреме

Кестутис Будрис, министерот за надворешни работи на Литванија, изрази солидарност со Полска. Будрис повика на зајакнување на воздушната одбрана и рече дека НАТО мора да одговори со капацитети, „не само со загриженост“.
„Реалноста е јасна: сè додека на Путин му е дозволено да ја продолжи својата крвава војна против Украина, ниедна земја – дури ни во рамките на НАТО – не е безбедна. Санкциите мора да удрат во срцето на воената економија на Кремљ. Путин нема да запре освен ако ние не го запреме“, рече тој.
Европа
Оштетен дрон пронајден на 40 км од границата на Полска со Белорусија

Локалната полиција потврди дека оштетен дрон за кој се верува дека учествувал во ноќен напад е откриен во селото Чосновка во источна Полска.
Чосновка се наоѓа на околу 40 км од границата на Полска со Белорусија.
Полската влада ги предупреди сите што ќе го пронајдат соборениот дрон да не му се приближуваат, велејќи дека „таквите предмети можат да останат опасни и мора да бидат проверени од експерти“.