Свет
Британец почина од беснило по каснување од мачка додека бил на одмор во Мароко

Британец починал од последица на беснило што му го пренела мачка кога го гризнала додека бил на одмор во Мароко, соопштија британските здравствени претставници.
Англиската служба за јавно здравје, по овој случај, издала предупредување до патниците да избегнуваат контакт со животни за време на одморот во земјите погодени со беснило, пренесе Би-би-си.
И покрај тоа што нема опасност за пошироката јавност, здравствените работници и лицата што биле во блиски контакти со починатиот, поради претпазливост, се изложени на темелни прегледи и за секој случај се вакцинирани.
Беснило не е регистрирано меѓу диви или домашни животни во Британија, но петмина Британци биле заразени со таа болест меѓу 2000 и 2017 година.
Според податоците на Светската здравствена организација, беснило е забележано во повеќе од 150 земји и секоја година зема десетина илјади животи, претежно од Азија и Африка. Британската влада соопшти дека северноафриканските земји, како Мароко, Алжир и Тунис, се меѓу 139-те земји со највисок ризик од заболување од беснило.
Во дури 99 отсто од случаите, за пренесување на овој вирус на човек, одговорни се домашните кучиња. Последен пат беснило во Британија било регистрирано во 2012 година кога британски државјанин бил гризнат од куче во јужна Азија.
Беснило е вирусна инфекција што ги зафаќа мозокот и централниот нервен систем, а се пренесува преку гризнување или гребаница од заразено животно. Нема документирани примери на пренесување беснило од човек на човек преку контакт.
Првични симптоми може да бидат анксиозност, главоболка и треска, а како напредува болеста, може да се појават и халуцинации и респираторни проблеми, како и грчење на мускулите за голтање, што му отежнува на пациентот да внесува течности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Украина и Русија разменија заробеници

Украина и Русија денес одржаа нова размена на воени затвореници според јунскиот договор, без да го откријат нивниот број.
Двете земји неколку пати разменија воени затвореници во последните недели, што е единствената област на соработка меѓу двете завојувани страни кои не постигнуваат напредок во мировните преговори, според медиумите.
„На 4 јули, нова група руски војници се врати од територијата контролирана од режимот во Киев“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Објави видео на кое се прикажани околу петнаесет војници опкружени со знамиња и извикуваат „Русија“ во автобус.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, ја потврди размената, велејќи дека повеќето од затворениците биле во руско заробеништво од 2022 година, вклучувајќи и цивили.
„Размените мора да продолжат. Целта на Украина е да ги ослободи сите наши сонародници притворени во Русија“, напиша Зеленски на апликацијата Телеграм.
На 2 јуни, Киев и Москва се согласија да ги ослободат сите воени заробеници под 25 години и тешко ранетите, како и да ги вратат останките на паднатите борци, што беше единствениот позитивен исход од разговорите во Истанбул.
Двете страни неодамна престанаа да откриваат информации за ослободените затвореници.
Свет
(Видео) Трамп на митинг: Демократите ме мразат, но и јас ги мразам, не можам да ги поднесам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно предизвика бран реакции со шокантна изјава, пишуваат светските медиуми.
„Тие ме мразат, но и јас ги мразам“.
Зборувајќи на митинг во Ајова, Трамп коментираше за фактот дека демократите не го поддржаа неговиот закон, кој го нарекува „одличен, прекрасен закон“. Во таа пригода, тој рече: „Тие го мразат Трамп, но и јас ги мразам, знаете? Навистина не можам да ги поднесам. Бидејќи верувам дека ја мразат нашата земја“.
BREAKING: In a shocking moment, Trump declares that he is unable to be a President to ALL Americans, as he hates Democrats. "They hate Trump, but I hate them too. I really do, I hate them. I can’t stand them."
What a small, hateful man. pic.twitter.com/hUKIGMs9g5
— Really American 🇺🇸 (@ReallyAmerican1) July 4, 2025
Изјавата веднаш предизвика остри реакции, особено од демократската страна. Ова не е прв пат Трамп да користи слична реторика кон политичките противници. Така, неодамна го нарече демократскиот кандидат за градоначалник на Њујорк, Мамдани, „луд комунист“, според написите во медиумите.
Конгресот вчера го одобри законот на Трамп, кој демократите го нарекоа „одвратна гнасотија“. Трамп тврди дека ќе ја зајакне Америка со даночна реформа и инвестиции во војската и безбедноста, додека демократите предупредуваат на укинување на бројни социјални мерки, даночни олеснувања за најбогатите и дополнително зголемување на огромниот американски јавен долг.
Свет
Зеленски се договорил со Трамп за зајакнување на заштитата на украинското небо

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека за време на телефонскиот разговор со неговиот американски колега, Доналд Трамп, се согласил да „ја зајакне заштитата“ на украинскиот воздушен простор по новиот масовен напад од страна на руски беспилотни летала и ракети.
„Разговаравме за опциите за противвоздушна одбрана и се согласивме да работиме заедно за зајакнување на заштитата на воздушниот простор“, рече Зеленски на Телеграм и додаде дека разговорот бил значаен.
Шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, изјави претходно денес дека телефонскиот разговор меѓу Зеленски и Трамп „бил многу важен и богат“.
Трамп претходно разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, но немаше напредок кон прекинување на руската војна во Украина, пренесуваат светските агенции.