Македонија
(Видео) Спасовски: Одговорноста барајте ја кај судиите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека не размислува за оставка од функцијата по синоќешниот неуспешен обид на полицијата да го приведе експремиерот Никола Груевски и да го спроведе во затворот во Шуто Оризари. Тој рече дека размислува за одговорноста што треба да се бара кај судиите, кои, како што рече, не одредуваат притвори за оние што може да избегаат.
„Замислете, има притвор за тешка кражба, а за тешки кривични дела нема. Полицијата работи врз основа на наредби од судот. Постојат мерки за обезбедување, а тие ги обезбедува судот“, изјави министерот Спасовски.
Тој наглси дека МВР ќе има информации и дека ќе дојде до Груевски.
„Но, ова не е само за Груевски, туку за сите лица. Законот за кривичната постапка кажува како треба да се постапува со ваквите лица. Јас мислам дека ако следиме комуникации спротивно на законот како претходно, ќе имаме сериозен проблем. Го баравме Груевски во неговиот дом, ги проверувавме возилата. Доколку имаме налог, ќе влеземе во секој објект. Врз основа на добиените информации, секако, ќе постапуваме. Веројатно, не очекувате да ставиме линк на плоштадот и да ги споделуваме сите информации од истрагата со јавноста“, истакна Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.