Свет
САД нема да го доведат на нула извозот на нафта од Иран
Претседателот на Иран, Хасан Рухани, порача дека САД нема да може да го доведат извозот на нафта од Исламската Република на нула.
Овие коментари беа упатени кога Вашингтон најави нови санкции врз иранскиот сектор за енергетика и финансии.
На средба со претседателот на парламентот, Али Лариџани, и шефот на правосудството, Садек Лариџани, претседателот Рухани изјави дека погрешните санкции имаат ефект врз животите на иранскиот народ и дека истите стојат цврсто против нив.
„Кога воведувате санкции врз банките, тоа има ефект врз медицината и сличните потреби“, посочи Рухани.
Минатата недела кабинетот на Трамп соопшти дека привремено ќе дозволи трговија со нафта со Иран на осум увозници.
И покрај тоа што од кабинетот на Трамп не ги обелоденуваат имињата на овие осум компании, најголемите увозници на нафта од Иран се очекува да продолжат да се снабдуваат со нафта од Исламската Република, а дел од нив се и Кина, Индија, Јужна Кореја, Турција, Италија, Обединетите Арапски Емирати, Јапонија и Тајван.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нереди во Багдад, демонтранти на улиците бесни поради смртта на Хамнеи
Демонстранти во Багдад се обиделе да упаднат во строго чуваната Зелена зона, каде што се наоѓа и американската амбасада, како реакција на убиството на иранскиот врховен водач, пренесува Си-Ен-Ен.
Судири избиле на Мостот 14 Јули, кој води кон Зелената зона. Според снимка до која дошол медиумот, се гледаат блесоци и чад, по што демонстрантите се повлекле.
🇮🇶🇺🇸🇮🇷 – IRAK / ETATS-UNIS / IRAN
🔸Affrontements violents dans la Green Zone à Bagdad en Irak avec des manifestants anti-US. https://t.co/xJwR8wkYMQ pic.twitter.com/qgDiLal9ml
— NEXUS (@nexus_osint) March 1, 2026
Истовремено, протести се одржале и во јужните покраини Ди Кар и Басра, каде што граѓаните марширале и скандирале.
Ирачката влада прогласи тридневна жалост и изрази сочувство до Иран. Владата соопшти дека заедничкиот американско-израелски напад врз Иран бил „очигледен чин на агресија и дело вредно за осуда што ги крши сите хуманитарни и морални норми“.
Македонија
Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18:00 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во државата, коешто ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата.
Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Членови на Советот за безбедност се: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, како и Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов.
Свет
Судири во близина на американската амбасада во Багдад
Демонстрантите во ирачкиот главен град Багдад денеска се обидоа да влезат во владиниот кварт кој е под силно обезбедување, каде што се наоѓа американската амбасада, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи.
Според очевидци, стотици луѓе се собрале на протест на влезот во таканаречената „Зелена зона“. Безбедносните сили насилно ја растерале толпата, пренесе ДПА.
Демонстрантите се обиделе да ги пробијат безбедносните бариери за да стигнат до американската амбасада во рамките на Зелената зона.
Очевидци изјавија дека безбедносните сили користеле палки, вистинска муниција, солзавец и водени топови за да ги растераат демонстрантите.

