Европа
„Фигаро“: Србија понижена во Париз, Франција направи збрка

Протколот на францускиот претседател, Емануел Макрон, го смести српскиот претседател Александар Вучиќ надвор од официјалната трибина на прославата за потпишувањето на примирјето во Првата светска војна, пишува „Фигаро“.
Вучиќ беше сместен надвор од дометот на телевизиските камери, што е неприфатлив пропуст, со оглед дека Србија во големата војна изгубила 1,2 милион свои деца, се наведува во текстот на „Фигаро“.
Висок член од протоколот во Елисејската палата, задолжен за распоредување на високите претставници на почесната трибина, за парискиот весник изјавил: „Направивме збрка“.
Околу францускиот претседател се наоѓаа претставници на земји сојузници од Првата светска војна – Русија, САД, Италија и Романија, но и претседателите на Бугарија и Турција, како и канцеларката на Германија, кои пред 100 години беа непријатели, а во исто време високиот човек (Вучиќ) беше поставен во спротивната трибина, меѓу пониско рангираните министри, дипломати и други претставници.
„Тука Србија, со своите историски жртви, Франција ја понижи на 11 ноември. Можеме само да замислиме како се чувствувал Александар Вучиќ додека спроти себе ги гледал насмевките меѓу Трамп, Путин и Макрон, озлогласениот Ердоган или Хашим Тачи, претседател на земја што Србија не ја признава и која во 1914 година беше област во составот на Србија“, се нагласува во текстот.
И покрај тоа што францускиот амбасадор во Белград, Фредерик Мондолони, се извини во името на Париз, во Србија не запираат реакциите.
„Фигаро“ укажува дека на 6 декември Макрон доаѓа во Белград. Вучиќ му ветил грандиозен пречек и рекол дека Србија нема да погреши кога станува збор за одбележување на историското пријателство меѓу двете земји, кое почива на заедничка пролеана крв. Како што се заклучува во текстот, Франција овој пат ќе биде таа што ќе се почувствува понижена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП, повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши во сабота, на 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува на погребот да присуствуваат бројни светски лидери и стотици илјади верници.
Европа
Украина: Русите го зголемуваат военото присуство во Мариупол

Руските сили продолжуваат да го зголемуваат своето воено присуство во привремено окупираниот град Мариупол. Како што соопшти денеска на Телеграм градскиот совет на Мариупол, во градот веќе се формирани две воени бази.
„Руските окупатори го прошируваат своето воено присуство во Мариупол“, се вели во соопштението.
Според Центарот за проучување на окупацијата, во текот на март и април 2025 година се појавиле две нови воени бази: една во областа Калмиус на северозапад од градот и логистичка база во областа Ливобережњи, во станбената зона „Шхидни“. Втората база, како што се наведува, главно се користи за сместување на персонал и воена опрема.
„На овој начин руските окупатори постепено го зголемуваат своето присуство во Мариупол. Центарот за проучување на окупацијата нагласува дека ова е план за трансформирање на градот во главна и полноправна логистичка и воена база, не само за стоки, туку и за опрема и персонал. Со широка мрежа на паркинзи, бази за поправка и точки на трајно и привремено распоредување на персонал. Ова е олеснето и со развојот на железничките и пристанишните врски што ги спроведуваат окупаторските власти“, се вели во соопштението на градскиот совет на Мариупол.
Европа
Знамиња со кукасти крстови се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер, полицијата започна истрага

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на Шведска, на 20 април, на роденденот на Адолф Хитлер.
Портпаролот на полицијата во Стокхолм, Матс Ериксон, изјави дека започнале истрага за злосторство од омраза.
Ериксон нагласи дека не е соодветно да се случуваат такви работи во Шведска. Тој посочи дека на влезовите на автопатите често се појавуваат транспаренти со политички пораки.
„Конкретно активистите споделуваат политички пораки бидејќи тука има густ сообраќај. Не е убаво да се споделуваат такви пораки“, рече Ериксон.
Тој додаде дека нацистичкото знаме најверојатно било поставено за да го одбележи роденденот на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, кој е роден на 20 април.