Спорт
Мбапе со „студен туш“ за навивачите на ПСЖ: Не е време да ja освоиме ЛШ!
Францускиот голгетер, Килијан Мбапе ги разочара навивачите на ПСЖ со неговата изјава дека тимот од „Паркот на прикцовите“ не е созреан за да ја освои Лигата на шампионите.
Мбапе рече дека ПСЖ е послаб клуб од Реал Мадрид, Јувентус, но и од други клубов…


Францускиот голгетер, Килијан Мбапе ги разочара навивачите на ПСЖ со неговата изјава дека тимот од „Паркот на прикцовите“ не е созреан за да ја освои Лигата на шампионите.
Мбапе рече дека ПСЖ е послаб клуб од Реал Мадрид, Јувентус, но и од други клубови во најелитното фудбалско натпреварување на Стариот континент.
„ПСЖ расте од година во година, фудбалерите постојано напредуваат. Може само да размислуваме за ЛШ, но тоа е последниот чекор кој ќе дојде еден ден. Не сум сигурен дека сега е вистинското време – вели младиот напаѓач.
Килијан во ПСЖ дојде лани, а сезонава на 13 натпревари постигна исто толку голови, надополнето и со 6 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Папапетру ја заврши кариерата

Кошаркарот на Панатинаикос, Јоанис Папапетру, ги изненади навивачите и кошаркарската јавност со одлуката да се пензионира.
Причината за оваа одлука се повредите, поточно колената, кои сега станаа чест придружник во кариерата на 31-годишниот грчки кошаркар, член на Панатинаикос во последните две сезони.
Во претходната натпреварувачка година во Евролигата, тој имаше само епизодна улога во тимот на Ергин Атаман, дури и помала отколку во претходната.
Тој имаше просек од 2,8 поени, еден скок, 0,4 асистенции, 0,4 украдени топки, за 10,34 одиграни минути по натпревар.
Во својата кариера, покрај Панатинаикос во два наврати, Папапетру играше и за Олимпијакос пет години и Партизан.
На социјалните мрежи тој објави порака во која ја објави „најтешката одлука во неговата кариера“.
Спорт
Челзи и Манчестер јунајтед го следат Коло Муани

Челзи и Манчестер јунајтед се приклучија во трката за Рендал Коло Муани. Француските медиуми тврдат дека двата клуба од Премиер лигата бараат напаѓач. Францускиот напаѓач ја помина втората половина од минатата сезона на позајмица во Јувентус откако не се снајде во Пари Сен Жермен.
Тој постигна осум гола во Серија А, а моментално игра со Јувентус на Светското клупско првенство на ФИФА. Во првиот натпревар од турнирот, тој постигна два гола против Ал-Аин.
Јувентус сака да ја продолжи неговата позајмица, но според „Лекип“, тој би можел да се соочи со конкуренција од Англија бидејќи Челзи и Манчестер јунајтед внимателно ја следат ситуацијата.
Челзи го следи Коло Муани веќе долго време, додека неговите физички карактеристики се она што Јунајтед во моментов го бара. ПСЖ би претпочитал да реализира траен трансфер, иако би претрпел значителна финансиска загуба.
Коло Муани пристигна во ПСЖ од Ајнтрахт во 2023 година за околу 90 милиони евра, но 26-годишникот не ги оправда очекувањата. Неговата моментална цена наводно е околу 59 милиони евра.
Спорт
Милан ја одреди цената за Мората

Фудбалскиот клуб Милан одреди цена за Алваро Мората. Заинтересираните клубови ќе мора да платат од 15 до 18 милиони евра за него, објавија италијанските медиуми.
Милан ја одреди цената по шпекулациите дека Комо е заинтересиран за Мората, кој сака да го засили тимот за следната сезона.
Мората е на позајмица во Галатасарај до јануари 2026 година.
„SportMediaset“, објави дека Милан бара најмалку 15 милиони евра за Мората, но дека прво ќе мора да се договори со Галатасарај за прекин на позајмицата.
Медиумите објавија дека Милан е заинтересиран за Мојсе Кен од Фиорентина. Фудбалерот има клаузула за откуп во износ од 52 милиони евра, која ќе биде активирана на 1 јули.
Манчестер јунајтед е исто така заинтересиран за тој италијански напаѓач.
Кен сезоната ја заврши во Фиорентина, постигна 19 голови и беше втор стрелец во Серија А.