Спорт
Леброн го мина Чембрлен на листата на најдобри стрелци (Видео)
Леброн Џејмс, изминатат ноќ, го престигна легендарниот Вилт Џембрлен на листата на најдобри стрелци во НБА лигата. Џејмс против Портланд постигна 44 поени, негов рекорд во дресот на ЛА Лејкерс, и сега има шест поени повеќе од Чемблрен.
„Кога можам да г…


Леброн Џејмс, изминатат ноќ, го престигна легендарниот Вилт Џембрлен на листата на најдобри стрелци во НБА лигата. Џејмс против Портланд постигна 44 поени, негов рекорд во дресот на ЛА Лејкерс, и сега има шест поени повеќе од Чемблрен.
„Кога можам да го правам она што го сакам на ова ниво и сега кога го престигнав Вилт кој е најголемиот на сите времиња, сеќавањето ме враќа во мојот роден град Актон. Сето ова ме потсетува колку тешко беше сето ова и дека никогаш не треба да бидеш задоволен со постигнатото“, рекол Леброн во интервјуто по натпреварот.
Џејмс сега се наоѓа на петтото место на вената листа, пред него се Мајкл Џордан, Коби Брајант, Карл Мелоун и Карим Абдул-Џабар.
„Кралот Џејмс“ го коментирал и четвртиот триумф во низа на Лејкерс.
„Ова за нас е процес, од месец во месец сме подобри и подобри. Верувавме во замислите на тренерот, се боревме, скокавме, не губевме топки“, рекол Џејмс кој во Портланд покрај 44.поени забележа уште 10 скока и девет асистенции.
Лејекрси славеа над Портланд 126:117.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Плоштад Санти Казорла

Градот Овоедо на посебен начин ќе му се одолжи на Санти Казорла, 40-годишениот фудбалер, кој во саботата со Реал Овиедо по 24 години се врати во елитниот ранг на шпанскиот фудбал.
Кога Казорла имал 16 години, клубот од неговиот роден град испадна во Сегунда, во 2003 година се беше пред банкрот и гаснење,.
Клубот успеа да опстане се пресели во Третата лига, но финансиските проблеми повторно му се заканија на клубот во 2012 година. Навивачите тогаш собираа пари, а им се приклучија и ентузијасти, поранешни фудбалери меу кои и Казорла.
Санти Казорла, потоа реши да се врати дома, одбивајќи неколку финансиски одлично понуди.
Тој ги окарактеризира финалните натпревари од плејофот како најголеми во неговата кариера, а во кариерата два пати бил европски првак со Шпанија.
Затоа, градоначалникот на Овиедо, Алфредо Кантели, одлучи името на Казорла засекогаш да биде поврзано со градот.
Плоштадот и фонтаната каде што навивачите на Овиедо обично ги слават победите повеќе нема да се нарекуваат „Плоштад Америка“, туку „Плоштад Санти Казорла“.
🔵 ¡ÚLTIMA HORA! El Alcalde de Oviedo, Alfredo Canteli, anuncia que la 'Plaza América' de Oviedo pasará a llamarse 'Plaza Santi Cazorla' pic.twitter.com/LlihTcQ9PR
— Tiempo de Juego (@tjcope) June 22, 2025
Спорт
Ансу Фати е пред трансфер во Монако

Ансу Фати, некогаш вундеркиндот на Барселона, би можел да го засили Монако ова лето.
Играчот кој важеше за најголем талент во Барселона пред Ламин Јамал да се појави на големата сцена, треба да помине медицински прегледи во текот на неделата и да потпише за клубот од Кнежевството.
Станува збор за позајмица, но Монако потоа би имал можност да го откупи договорот на Фати од каталонскиот клуб.
Со 16 години и 304 дена, Фати беше најмладиот стрелец во историјата на Барселона и е се сметаше за наследник на Меси, но потоа повредат на коленото речиси му ја уништи кариерата.
Минатата сезона, тој настапи само на шест натпревари и јасно е дека не е во плановите на тренерот Флик.
Затоа, преселбата во Монако би можела да биде можност за 23-годишниот напаѓач да ја оживее својата кариера по долг период на стагнација.
Спорт
Прошталниот меч на Хамшик ќе биде проштален и за Мертенс

Белгискиот фудбалер Дрис Мертенс објави дека ја завршува кариерата на 38-годишна возраст.
Мертенс ги помина последните три сезони во Галатасарај, а славата ја стекна во дресот на Наполи, каде што играше девет години.
Токму во Неапол изгради пријателство со Марек Хамшик, а натпреварот кој ќе се одигра во чест словачкиот фудбалер ќе биде последен за Мертенс. Станува збор за ревијален натпревар во Братислава.
„Едвај чекам да го одиграм последниот натпревар со тебе. Престанав да играм фудбал, но за последен пат ќе ги облечам копачките за тебе.
За мене, ти секогаш ќе бидеш капитенот и најсилниот човек со кој некогаш сум играл“, рече Мертенс во видео порака.
Мертенс постигна 135 гола на 397 натпревари за Наполи.