Компании
iPhone 6s и iPhone 6s plus достапни во продажните салони на Вип и на ОНЕ во Скопје
iPhone 6s и iPhone 6s plus од петок се достапни во продажните салони на Вип и на ОНЕ во Скопје, во верзии од 16 GB и 64 GB и во различни бои.
Новите iPhone 6s и iPhone 6 Plus изгледаат речиси идентично како и нивните претходници од надворешната страна, но однатре станува збор за сосема нови уреди со иновации на секое ниво.
Најголема и најзначајна промена е А9 чипот кој има до 90% подобри графички перформанси споредено со претходните модели и 3Д екран на допир кој може да ја препознае силата на допирот за да овозможи нови функции. Значајни предности се постигнати и со новата камера со 12MP, со која може да се снимаат 4К видео записи.
iPhone 6s со 16GB е достапен во Вип No limit тарифниот план за 23.999 денари или 24 месечни рати од 999 денари, додека iPhone 6s Plus 16 GB е достапен во истата тарифа за еднократен надоместок од 29.999 денари или 24 месечни рати од 1.249 денари. Оваа понуда е достапна во тарифното портфолио на Вип во продажните места на Вип.
Во продажните места на брендот ОНЕ, iPhone 6s со 16GB е достапен во ОНЕ Total XXL тарифниот план за 27.999 денари, додека iPhone 6s Plus 16 GB е достапен во истата тарифа за еднократен надоместок од 33.999 денари.
Телото на телефонот е направено од алуминиумска легура од серијата 7000, која се користи во авио-индустријата. Екранот е заштитен со најсилното и најдолготрајното стакло кое некогаш е користено за паметен телефон.
Новите карактеристики на екранот овозможуваат нови можности за навигација. Уредот сега може да ја препознае силата на допирот на екранот, а многу други опции се поедноставени и подостапни.
Новиот А9 процесор има инфраструктура од 64-bit, со што се подобруваат перформансите за 70%, а графичкиот процесор се подобрува за 90%, што го прави овој уред способен да ги поддржи и апликациите и игрите со најголеми барања.
iOS 9 е најнова верзија на iOS оперативниот систем, познат по својата интелигенција, безбедност и брзина, што го прави еден од најпосакуваните оперативни системи во светот.
iPhone 6s е достапен во сребрена, златна, вселенски сива и розе-златна варијанта. iPhone 6s има 4.7 инчен дисплеј, додека iPhone 6s Plus доаѓа со 5.5 инчи Retina HD дисплеј со 3D екран на допир. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

