Контакт

Бегството на Груевски

Невладините организации укажаа на сите пропусти на истражните органи за бегството на Груевски

Објавено пред

Петнаесетина невладини организации, меѓу кои и Хелсиншкиот комитет, „Цивил“, Македонското здружение на младите правници, „Евротинк“, МОФ, „Транспаренси интернешнл“ и „Транспарентност Македонија“, укажуваат на голем број пропусти направени во текот на постапката за случајот „Тенк“, во кој поранешниот премиер Никола Груевски беше осуден на 2 години затвор, но пред да влезе во истражниот затвор успеа да побегне во Унгарија.

dobivaj vesti na viber

Невладините организации ги осудуваат пропустите, неажурноста и непочитувањето на одредбите од Законот за извршување на санкциите и Правилникот за начинот на вршење на полициските работи од страна на Основниот суд Скопје 1 и МВР и во овие две институции ги лоцираат главните слабости и бараат одговорност.

Тие тврдат дека дека лицата задолжени за обезбедувањето на Никола Груевски, во согласност со Правилникот за начинот на вршење на полициските работи, не смееле да го остават лицето необезбедено, односно воопшто да немаат контакт со него од 8.11.2018, па сè до 12.11.2018.

„Бидејќи во случајот станува збор за поранешен претседател на владата на Република Македонија, тој во согласност со членот 6 од уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите мерки и активности и степените на обезбедување на Владата, се обезбедува со редовни мерки и активности за обезбедување. Во согласност со членот 200 од Правилникот, ‘полицискиот службеник кој врши редовно обезбедување не може да се оддалечи од личноста, односно објектот што го обезбедува’, освен во исклучителни околности, но притоа личноста што ја обезбедува не смее да остане необезбедена“, стои во соопштението.

Друг голем пропуст невладините организации наоѓаат во кривичниот суд, кој требало порано да издаде наредба до МВР за приведување на Груевски.

Според нив, Груевски требало да се јави во затворот веднаш по приемот на конечниот и правосилен упатен акт на 9 ноември, односно во петокот.

„Судскиот курир дента прави три обиди за доставување на конечниот упатен акт на домашна адреса на осуденикот, но трите обиди завршуваат неуспешно бидејќи осудениот Груевски не бил дома и не можел да го прими упатниот акт. Според член 87 од Законот за извршување на санкциите, доколку осудениот не се јави во зададениот рок со упатниот акт, установата (затворот) е должна да го извести судијата за извршување санкции, кој треба веднаш да издаде наредба до МВР за приведување на лицето. Доколку лицето не им е достапно на органите на прогон, Министерството за внатрешни работи треба да издаде потерница“, тврдат невладините.

Според информациите од медиумите, директорот на затворот „Скопје“, Ѓоко Котевски, го известил судот дека осуденикот не се јавил доброволно на издржување на затворската казна на 10 ноември, односно во саботата, еден ден по трите неуспешни обиди за доставување на упатниот акт.

„Во овој момент се јавува најголемиот пропуст на судот и прекршување на одредбите од Законот за извршување на санкциите. Апсолутно е нејасно зошто судот не постапил во согласност со законот и го игнорирал начелото на итност од став 3 на чл. 87 од Законот за извршување на санкциите, па за издавање наредба за приведување на осуденикот чекал два дена од добиеното известување од директорот на затворот и ја издал до СВР Скопје на 12.11.2018 во 16.30 часот, со барање за издавање национална потерница. Судот воопшто не ни требало да чека известување од установата за издржување казна затвор бидејќи веќе било поминато времето за доброволно пријавување во затворот на осудениот Груевски. Веднаш по неуспешниот обид за достава судот морал да издаде наредба за пронаѓање и спроведување на осуденото лице на издржување казна затвор, впрочем како што досега во сите претходни случаи се постапувало“, тврдат невладините организации.

Тие бараат да се спроведат итни и темелни истраги во кои ќе биде утврдена одговорноста за пропустите во постапувањето на Основниот суд Скопје 1 Скопје и на Министерството за внатрешни работи од аспект на тоа дали се постапувало во согласност со планот за обезбедување на Никола Груевскии и дали се постапувало во согласност со тој план со процената за ризик.

„Соодветно на резултатите од истрагата, бараме да бидат санкционирани сите раководни лица и службеници кои не ги почитувале законските и подзаконските акти, особено од Законот за извршување на санкциите, Правилникот за начинот на вршење на полициските работи и планот за обезбедување, со што помогнале осуденото лице Никола Груевски да ја напушти државата и да избегне издржување на казната затвор“, се вели во соопштението, во кое се додава дека ова е четврто лице осудено во високопрофилираните кривични постапки, кое поради неажурност и некоординираност на судските власти и органите на прогон, успеало да избега од државата и да го избегне издржувањето на казната затвор определена со правосилна и извршна пресуда, што укажува на итната потреба од преиспитување на функционалноста на органите на прогон, граничните служби и судските власти.

Во соопштението се потпишани Хелсиншки комитет за човекови права на РМ, Фондацијата „Отворено општество – Македонија“, „Цивил“ – Центар за слобода, Центар за економски анализи, „НВО инфоцентар“, Коалиција сите за правично судење, „Евротинк“, Македонското здружение на младите правници, Институтот за европска политика, Младинскиот образовен форум, Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје, „Транспарентност Македонија“, „Транспаренси интернешнл“, ФОРУМ – Центар за стратегиски истражувања и документација и Коалиција „Маргини“.

Бегството на Груевски

Груевски: Барањето на криминалната и рекетарска Влада за моја екстрадиција е одбиено

Објавено пред

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија, се огласи на социјалните мрежи по судското рочиште пред тамошниот суд, кој одби негова екстрадиција во земјата.

dobivaj vesti na viber

„Спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска Влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција“, напиша Груевски.

Тој го повтори ставот на судот, кој одби да го екстрадира во Македонија, каде што треба да ја издржи двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.

Министерството за правда побара и негова екстрадиција бидејќи е еден од осомничените организатори за упадот во Собранието на 27 април.

„Денеска, спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција. Судот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати“, гласи објавата на експремиерот.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Унгарија нема да го испорача Груевски, условите за екстрадиција не се валидни

Објавено пред

Експремиерот и азилант Никола Груевски нема да биде екстрадиран од Унгарија, одлучи тамошниот суд на денешното рочиште. Груевски ќе биде пуштен на слобода. Рочиштето е во тек и се образложува одлуката која е донесена.

dobivaj vesti na viber

„Условите за екстрадиција не се валидни“, рече судијката.

Утрово, судот издаде наредба за приведување на Груевски, кој беше спроведен до судницата со две лица, кои, најверојатно, се дел од безбедносните служби на Унгарија. Груевски бил приведен во т.н. 11. област во Будимпешта.

Рочиштето е затворено за медиумите, но одлуката е јавно соопштена.

Минситерството за правда бара екстрадиција за Груевски за тој да ја издржи двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“ на СЈО, но и за организација на крвавите инциденти во Собранието на 27 април.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Груевски приведен во Будимпешта, судот одлучува за екстрадицијата

Објавено пред

Судот во Унгарија одлучува за екстрадицијата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој избега во Будимпешта во ноември минатата година.

dobivaj vesti na viber

Рочиштето е затворено за јавноста, а деталите ќе се знаат по завршувањето.

Македонија бараше екстрадиција за издржување на двегодишната затворска казна за набавката на „мерцедесот“ во случајот на СЈО, „Тенк“, и за настаните што се случија во Собранието на 27 април 2017 година за што е осомничен дека бил организатор.

Груевски е приведен изутринава во Будимпешта по барање на судот.

Експремиерот доби политички азил во Унгарија кога беше осуден на двегодишна затворска казна за набавката на „мерцедесот“, а е обвинет и во други случаи на СЈО.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборува за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија2 часа

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија3 часа

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија4 часа

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ5 часа

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет6 часа

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија7 часа

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...

Македонија7 часа

ЦУК со нови информации: Излеани реки, поплавени подрумски простории, земјоделски површини и дворови, пријавени свлечишта на патишта

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање...

Топ8 часа

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума...

Европа8 часа

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина...

Свет8 часа

(Видео) Федералните агенти застрелаа две лица во Портланд

Федерални агенти застрелаа две лица за време на сообраќајна контрола во Портланд, Орегон, вчера. Инцидентот се случи само еден ден...

Свет10 часа

(Фото) Филипини: Еден загинат и 38 исчезнати откако се сруши депонија, лавина од отпад затрупа село

Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија за отпад на Филипините, предизвикувајќи лизгање на...

Свет10 часа

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија...

Европа10 часа

(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина...

Македонија11 часа

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните...

Македонија11 часа

Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот...

Македонија22 часа

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија1 ден

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија1 ден

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...