Црна хроника
Малолетник претепал и ограбил жена на улица во Скопје

Тинејџер физички нападнал жена среде улица во Скопје, при што ја турнал на земјата и удрил две тупаници во лице, насила и одзел златен ланец од вратот, по што побегнал.
Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицето М.К. (18) од Скопје поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело “разбојништво“.
Осомничениот се здобил со противправна имотна корист од околу 15.000 денари, за што од страна на судија во претходна постапка одредена му е мерка домашен притвор и одземена му е патната исправа.
Кривичното дело пријавениот го извршил на тој начин што додека оштетената се движела по улица „Кемал Сејфула“, следејќи ја во еден момент и пришол од зад грб, ја фатил за златниот ланец која го носела на вратот, ја потегнал и откако не успеал да и го откине, ја фатил за рамената ставајќи и сопка на нозете и туркајќи ја наземја ја удрил два пати со тупаница во пределот на лицето. Потоа повторно ја фатил за ланецот при што успеал насилно да и го откине, и по една споредна уличка незабележан од никого со трчање се упатил во правец на Дижонска.
По превземените мерки и активности, од страна на полициските службеници од одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар, утврден е идентитетот и адресата на пријавениот и по претходно издадена наредба од страна на судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот на пријавениот. Истиот ден од страна на полициските службеници од ЕПОИ Алфа ,
М.К. е лишен од слобода и задржан во ПС ОН „Бит Пазар“ каде е извршен службен разговор, како и препознавање од страна на оштетената , која со сигурност го препознала пријавениот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.