Бегството на Груевски
СДСМ: Зошто Мицкоски бил во Белград и Будимпешта пред бегството на Груевски?
ВМРО-ДПМНЕ е првата партија во Европа со почесен претседател – криминалец во бегство. Мицкоски да одговори за средбата со Груевски и посетите на Белград и Будимпешта, порача Социјалдемократскиот сојуз преку соопштение.
„ВМРО-ДПМНЕ е првата партија во Европа со почесен претседател – криминалец во бегство. Наместо да се крие зад социјалните мрежи и зад конфузните реакции, Мицкоски мора да одговори пред граѓаните: Која била целта на посетите на Мицкоски на Белград и Будимпешта пред бегството на Груевски? Со кого се среќавал и што правел? Дали токму тие посети имаат врска со планот за бегство на криминалецот Груевски? Дали разговорите со Груевски за личните моменти, неговата иднина и заедничката тема, како што вели Мицкоски во едно интервју, всушност се разговори за бегството на Груевски?“, прашуваат социјалдемократите.
Одбраната на криминалот на Никола Груевски, како и избегнувањето на одговорите на овие прашања, велат од СДСМ, ги засилуваат сомнежите за тоа дали раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се поврзани со бегството на Груевски.
Од СДСМ додаваат дека преку отворените истраги за бегството на Груевски сите соучесници мора да бидат пронајдени и соодветно санкционирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Бегството на Груевски
Груевски: Барањето на криминалната и рекетарска Влада за моја екстрадиција е одбиено
Поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија, се огласи на социјалните мрежи по судското рочиште пред тамошниот суд, кој одби негова екстрадиција во земјата.
„Спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска Влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција“, напиша Груевски.
Тој го повтори ставот на судот, кој одби да го екстрадира во Македонија, каде што треба да ја издржи двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.
Министерството за правда побара и негова екстрадиција бидејќи е еден од осомничените организатори за упадот во Собранието на 27 април.
„Денеска, спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција. Судот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати“, гласи објавата на експремиерот.
Бегството на Груевски
Унгарија нема да го испорача Груевски, условите за екстрадиција не се валидни
Експремиерот и азилант Никола Груевски нема да биде екстрадиран од Унгарија, одлучи тамошниот суд на денешното рочиште. Груевски ќе биде пуштен на слобода. Рочиштето е во тек и се образложува одлуката која е донесена.
„Условите за екстрадиција не се валидни“, рече судијката.
Утрово, судот издаде наредба за приведување на Груевски, кој беше спроведен до судницата со две лица, кои, најверојатно, се дел од безбедносните служби на Унгарија. Груевски бил приведен во т.н. 11. област во Будимпешта.
Рочиштето е затворено за медиумите, но одлуката е јавно соопштена.
Минситерството за правда бара екстрадиција за Груевски за тој да ја издржи двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“ на СЈО, но и за организација на крвавите инциденти во Собранието на 27 април.
Бегството на Груевски
Груевски приведен во Будимпешта, судот одлучува за екстрадицијата
Судот во Унгарија одлучува за екстрадицијата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој избега во Будимпешта во ноември минатата година.
Рочиштето е затворено за јавноста, а деталите ќе се знаат по завршувањето.
Македонија бараше екстрадиција за издржување на двегодишната затворска казна за набавката на „мерцедесот“ во случајот на СЈО, „Тенк“, и за настаните што се случија во Собранието на 27 април 2017 година за што е осомничен дека бил организатор.
Груевски е приведен изутринава во Будимпешта по барање на судот.
Експремиерот доби политички азил во Унгарија кога беше осуден на двегодишна затворска казна за набавката на „мерцедесот“, а е обвинет и во други случаи на СЈО.