Македонија
Инфо-сесија за вториот регионален повик на Фондот за Западен Балкан
Фондот за Западен Балкан сигнализира уште еден конкретен чекор за развивање европски пристап на соработка на регионално ниво овозможувајќи зголемување на креативниот инпут на повеќе нивоа од цивилниот до научниот и други сектори што придонесуваат за севкупна интеракција и размена на знаења, вештини, иновации и создавање нови вредости, порача заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, на официјалната инфо-сесија органзирана во координација со Фондот за Западен Балкан, која се одржа денеска во Министерството за надворешни работи.
Оваа најнова регионална иницијатива, која настана со заедничката одлука на МНР на шесте држави од просторот на Западен Балкан, својот полн капацитет почнува да го трасира кон крајот на минатата година.
Како дел од активностите, на 2 ноември оваа година и официјално излезе вториот повик за поддршка на проекти за непрофитни организации и други институции во согласност со статутот и целите на Фондот. Крајниот рок за доставување проекти е до 13 декември 2018 година.
Жерновски потенцира дека патот по кој овој регион оди во текот на 2018 година отвoра многу перспективи за унапредени доборсоседски односи, а токму конкретните проекти, како што е Фондот за Западен Балкан, се главни двигатели за ваквиот успех. Темите кои се главен приорите оваа година во вториот повик на Фондот се теми што се јасен показател дека ги следиме актуелните теми и политики на ЕУ промовирани во Стратегијата ЕУ 2020, како и на последните насоки на макрорегионалните стратегии на ЕК.
Претставниците на Фондот, директорот Ѓерѓ Мура, и програмските координатори Иванова, Весиќ и Бечири, ги презентираа сите аспекти на овој втор повик, како и спецификите при апликативните и други технички детали. Како една од најважните компоненти и придобивка е што при аплицирањето потребно е да се има најмалку два партнера од другите држави од Западен Балкан.
Присутните претставници од цивилниот сектор, локалната самоуправа и други институции од научен и образовен карактер од цела Македонија беа особено заинтересирани за овој повик и тие имаа голем број прашања и предлози.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првични резултати на ДИК: Орце Ѓорѓиевски освои 93.207 гласови, Амар Мециновиќ 58.994
Според првичните неофицијални резултати на ДИК, кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, освои 58.994 гласа, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски 93.207 гласа.
Ова се податоци од 97, 66 отсто обработени избирачки места. Во нив се запишани 462.161 избирач, а излегле да гласаат 161.965 гласачи или 35,05 отсто.
Македонија
(Видео) Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција по завршувањето на вториот круг од локалните избори, најави сериозни кадровски и политички промени во рамки на партијата.
„Овие избори се јасен патоказ за СДСМ, а секако и јасен патоказ за мене како претседател на партијата јасно е какви промени треба да се направат, и политички и кадровски. Како што веќе најавив, во следните денови ќе следуваат промени. Ќе се одржат седници на Извршниот и на Централниот одбор на кои ќе бидат презентирани и усвоени тие кадровски решенија“, рече Филипче.
Претседателот Филипче исто така најави и дека партијата ќе свика Конгрес на кој ќе се разговара за идните политики и насоката во која СДСМ ќе се движи во следниот период.
Македонија
(Видео) Победата на Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата
Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата.
Од обработени 97,69% досега, тој има освоено 57,40%, односно 93.313 гласови, пред кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кој освои 36,40% од гласовите, односно за него гласале 59.178 луѓе.

