Спорт
Холандија прва го победи светскиот шампион! (видео)
Репрезентацијата на Холандија, која е во фаза на „реновирање“ по неуспехот да се пласира на СП во Русија ова лето, стана првата репрезентација која ја победи Франција откако „триколорите“ станаа шампиони во Москва ова лето, по одличната 2:0 победа во Р…
Репрезентацијата на Холандија, која е во фаза на „реновирање“ по неуспехот да се пласира на СП во Русија ова лето, стана првата репрезентација која ја победи Франција откако „триколорите“ станаа шампиони во Москва ова лето, по одличната 2:0 победа во Ротердам.
Човек на одлука беше, Георгино Вајналдум, кој во финишот на првото полувреме се најде на вистинското место по една лоша интервенција на француската одбрана, за да го совлада Иго Љорис за славје на „Де кујп“. Потврдата на победата дојде со гол од пенал во 96. минута, кога Мемфис Депај беше прецизен.
Резултатот, пак, е лоша вест за Германија, откако во групата 1 од Лига А, Французите остануваат први со 7, Холанѓаните сега имаат 6, додека „маншафт“ има само еден освоен поен. Германците имаат и натпревар помалку.
ЛИГА НА НАЦИИ, 5.КОЛО
ЛИГА А, ГРУПА 1
Холандија – Франција 2:0
Табела: Франција 7, Холандија 6, Германија 1
ЛИГА Б, ГРУПА 1
Словачка – Украина 4:1
Табела: Украина 9, Словачка 3, Чешка 3
ЛИГА Б, ГРУПА 4
Велс – Данска 1:2
Табела: Данска 7, Велс 6, Ирска 1
ЛИГА Ц, ГРУПА 3
Кипар – Бугарија 1:1
Словенија – Норвешка 1:1
Табела: Норвешка 10, Бугарија 10, Кипар 5, Словенија 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Баерн 11 години нема пораз во фазтаа по групи во ЛШ
Баерн синоќа го победи ПСЖ со голот на Ким Мин-јае со глава во 38. минута. Кореецот беше единствениот стрелец на натпреварот кој ПСЖ го заврши со играч помалку. Поради два жолти картони исклучен беше Усман Дембеле во 56. минута.
За Баерн ова беше продолжение на чудесната серија без пораз на домашен терен во групната фаза од Лигата на шампионите. Ова беше нивни 33. натпревар во кој не загубија.
Последен пат беа поразени во декември 2013 година, кога Манчестер сити во Минхен ги победи со 3:2.
Баварскиот клуб го израмни рекордот на Барселона. Серијата на Каталонците се протега од 2009 до 2020 година.
Баерн победи на 31 натпревар, а само на два пати ремизираше.
Спорт
(Видео) Пеп Гвардиола изгребан и крвав се појави пред новинарите
Во натпреварот од 5. коло на Лигата на шампионите, фудбалерите на Манчестер сити загубија три гола предност против Феенорд на „Етихад“, а менаџерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола тешко го издржа шестиот последователен дуел во кој неговиот тимот не успеа да победи.
По пет порази во низа, следеше реми со тимот од Ротердам, што остави последици по физичкиот изглед на трофејниот шпански тренер. Гвардиола се појави пред ТВ камерите со расекотина и крв на носот и гребаници на неговата глава.
„Сакав да се самоповредам“, одговори Пеп, а снимката брзо стана виралена.
Манчестер сити е на 15.место во Лигата на шампионите со осум освоени бодови, а во следното коло му гостува на Јувентус. „Граѓаните“ се на втората позиција во Премиер лигата со осум бода помалку од водечкиот Ливерпул на кого му гостуваа викендов.
Pep Guardiola ‘I want to harm myself’ pic.twitter.com/wICatn2jZq
— SleeperFootball (@SleeperFooty) November 26, 2024
Спорт
Белингем: Ја загубив насмевката по Европското првенство
Англискиот репрезентативец и напаѓач на Реал Мадрид, Џуд Белингам изјави дека се чувствува како „жртвено јагне“ откако неговата репрезентација во јули не успеа да го освои Европското првенство.
„Морам да бидам искрен, ја загубив насмевката по Европското првенство. Се чувствував како да ме малтретираат неправедно во однос на она што го дадов. Почувствував остра критика упатена кон мене. Се чувствував малку како „жртвено јагне“. Можеби тоа е самосожалување“, изјави Белингам.
Белингем пред почетокот на Европското првенство со Реал ја освои титулата во Шпанија и Лигата на шампионите, а беше прогласен за играч на сезоната во Шпанија.
„Мислам дека придонесов за репрезентацијата во некои важни моменти, а на крајот како цел свет да ми се сруши, особено три дена по финалето на ЕП. Не се чувствував добро“, заклучи Белингам.