Македонија
Министерот Филипче и градоначалникот Темелковски ќе се соочат со граѓаните за дислокација на Центарот за зависници
Решение на проблемот со Центарот за зависници е најдено, а на граѓаните заеднички ќе им го презентираат градоначалникот на општината, Филип Темелковски, и министерот за здравство, Венко Филипче. Од Кисела Вода најавуваат дека ќе организираат посебна средба и дека ќе го почитуваат дадениот рок од граѓаните до 1 декември да најдат решение за дислокација.
„На средбата инсистираат да присуствуваат и градоначалникот Темелковски и министерот Филипче. Ќе ја организираме во следните десет дена, немаме точен датум сè уште оти треба да ги усогласиме обврските на градоначалникот и на министерот, но ќе го почитуваме дадениот рок и одлуката ќе ја соопштиме пред истекот на рокот“, изјави Горан Петковски, шеф на кабинетот на градоначалникот Темелковски, за „Макфакс“.
Петковски не откри детали за најденото решение оти сакаат првин да ги соопштат непосредно на граѓаните. До решението дошле заеднички градоначалникот Темелковски, министерот Филипче, а го одобрил и премиерот Зоран Заев.
Од Кисела Вода велат дека не може да се очекува целосно затворање на Центарот за зависници од 1 декември, како што е барањето на граѓаните, но затоа се предвидени мерки што досега не биле преземени.

Жителите околу Ценатрот се пожалија дека децата им играат покрај расфрлани игли и шприцови
Жителите на Кисела Вода пред една недела првпат излегоа на собир против Центарот за зависници и на институциите им дадоа рок до 1 декември за негово дислоцирање. Рекоа дека не веруваат повеќе на ниту едно ветување од властите кои трета деценија ги лажат дека ќе го дислоцираат Центарот. Се пожалија дека децата им играат покрај расфрлани игли и шприцови, нема куќа околу Центарот во која немало кражба и најавија дека од 1 декември нема да дозволат зависниците да доаѓаат во Кисела Вода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром)

