Европа
Брисел: Ниедна од жртвите сé уште не е официјално идентификувана
Досега се познати имињата на четири жртви од терористичките напади во Брисел, а голем број семејства и блиски преку социјалните мрежи ги бараат лицата со кои не можат да стапат во контакт од вторникот утрото, пренесуваат светските агенции.
Сепак, досега ниедна жртва не е и официјално идентификувана, соопштиле од бриселското обвинителство.
„Ниедна жртва од настраданите во нападите од вторникот во Брисел не е со сигурност идентификувана. Четири жртви се познати, но нивните тела не се службено идентификувани“, изјавила Ина Ван Вимерш, портпарол на обвинителството во Брисел.
„Во моментов приоритет ни се преживеаните и згрижувањето на ранетите. Се спроведуваат истраги на местата на експлозиите. Екипите задолжени за идентификација прават сé што можат. Но кога на некому треба да соопштите дека му починал некој мил, тогаш мора да бидете апсолутни сигурни во тоа“, додала таа.
Белгиските власти ги упатуваат сите оние кои трагаат по некого во воената болница Недер-Овер-Хембек, каде се наоѓа и екипа на специјалната служба за идентификација на жртвите во катастрофите.
„Нормално и хумано е семејствата да водат и сопствена потрага за да дознаат каде се наоѓаат нивните блиски, доколку нивните имиња можеби не се наоѓаат на листата на хоспитализираните по нападите“, изјавил за белгиските медиуми директорот на оваа болница.
„Во договор со здравствените служби побаравме сите тие луѓе да се уптат на едно место, каде можеме најдобро да ги примиме, бидејќи таму имаме и екипа од психолози“, додал тој.
Според последните информации, во двата терористички напади во Брисел, на аеродромот Завентем и на метро станицата Малбек, загинале 31 лице, а околу 300 се ранети. Меѓу ранетите се и четири лица во кома, кои сé уште не се идентификувани. Во болниците во моментот има 150 лица, од кои 61 се на интензивна нега.
Во досегашната истрага е потврдено дека идентификувани се двајцата бомбаши самоубијци – браќата Ибрахим и Калид Ел Бакрави. Ибрахим го активирал експлозивот на аеродромот и тоа е лицето од снимките на безбедносните камери на кои се гледаат тројца мажи, а тој на фотографијата се наоѓа во средина.
Лево од него на фотографијата наводно е Наџим Лахрави, чија ДНК беше пронајдена на експлозивот користен во нападите во Париз на 13-ти ноември минатата година, но ова сé уште не е официјално потврдено од страна на обвнителството.
Третото лице во белата јакна и црната шапка сé уште не е идентификувано и се наоѓа во бегство. Како бомбаш самоубиец во метрото е идентификуван Калид Ел Бакрави, а во четвртокот утрото се појавија информации дека безбедносните камери снимиле уште едно лице по кое полицијата активно трага. Ова лице, засега неидентификувано, носело голема торба и било во друштво на Калид Ел Бакрави, непосредно пред експлозијата на метро станицата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море
Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.
Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.
Krasnodar Krai, Russia ❗
💥Tuapse is being attacked by sea drones, a probable hit near pier 167 has been recorded. – OSINT DniproOfficialpov: 44.10040125871804, 39.05830293365155https://t.co/K3TrwvhOz2 pic.twitter.com/NjVczfmjME
— LX (@LXSummer1) November 9, 2025
Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.
Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.
фото: принтскрин
Европа
Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело
Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.
Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.
Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед почна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска запуштена грмушка.
Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренирка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Кога персоналот го забележал нејзиното исчезнување, почнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.
Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над нуклеарната централа „Доел“ во Белгија
По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.
Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.
„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.
Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.
Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.
фото: принтскрин

