Свет
Американските граничари со солзавец кон мигрантите

Американската гранична контрола фрлила солзавец на мигрантски караван, откако неколкумина мигранти се обиделе да ја пробијат оградата кај границата меѓу Мексико и САД. Како што пренесува АП, деца во мигрантскиот караван врескале и кашлале откако граничарите фрлиле солзавец.
„Трчавме, но кога трчаш, гасот уште повеќе те гуши“, рекла една мигрантка од Хондурас држејќи тригодишно дете во рацете.
„Вашингтон пост“ претходно јави дека мигрантите од Централна Америка се обидуваат да ја пробијат оградата што ги раздвојува Тихуана и Калифорнија.
Областа ја надлетуваат американски хеликоптери, додека граничните патроли се распоредени по должина на жичената ограда.
Над 5 000 мигранти од Централна Америка се наоѓаат во Тихуана, кои поминале пат долг 4 000 километри во надеж дека ќе успеат да влезат во САД.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, на „Твитер“ повторно изрази незадоволство поради мигрантскиот караван, кој се приближува кон границата со САД, нагласувајќи дека би било паметно кога Мексико и другите земји би го спречиле караванот пред да стигне на јужната американска граница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран и Израел наскоро ќе постигнат мировен договор, објави американскиот претседател Доналд Трамп

Иран и Израел наскоро ќе постигнат мировен договор, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
– Иран и Израел треба да постигнат договор – и ќе постигнат. Исто како што успеав Индија и Пакистан да постигнат договор, напиша Трамп.
Тој додава дека во моментов се одржуваат многу разговори и состаноци.
– Наскоро ќе имаме МИР меѓу Израел и Иран! Работам напорно и никогаш не ги добивам заслугите, но тоа е во ред, луѓето разбираат. Да го направиме блискиот Исток повторно голем“, нагласува Трамп.
Свет
Ердоган повика на итно запирање на конфликтот меѓу Израел и Иран

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, и повикал на „итна акција“ за да се спречи конфликтот меѓу Израел и Иран да го запали целиот регион.
– Претседателот Ердоган ја поздрави денешната изјава на претседателот Трамп за решавање на конфликтот меѓу Израел и Иран и ја нагласи потребата од итно дејствување за да се спречи катастрофа што би можела да го запали целиот регион, се вели во соопштението од кабинетот на турскиот претседател.
За време на телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, втор во последните 24 часа, „претседателот Ердоган потврди дека спиралата на насилство предизвикана од израелските напади врз Иран предизвика непоправлива економска и цивилна штета на двете страни и дека оваа опасна ескалација треба да се запре“, се додава во соопштението.
Ердоган, исто така, му соопштил на Трамп дека може да ја преземе улогата на медијатор за решавање на конфликтот, откако претходно и рускиот претседател Владимир Путин изрази потготвеност за посредување меѓу Израел и Иран.
Свет
Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел

Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел, објави иранската новинска агенција Фарс. Во Тел Авив и други локации во централен Израел се објавени тревоги, а сирените се огласија и на северот од земјата.
Израелското Министерство за национална безбедност ги повика граѓаните да останат блиску до засолништата и бункерите.
Секое движење на јавни места треба да се сведе на минимум и да се избегнуваат јавни собири. Овие наредби ќе останат во сила додека не се објави ново известување, соопштија израелските власти.
Ова е прв пат од почетокот на конфликтот Иран да изврши дневен напад врз Израел. Досега сите напади беа изведувани во текот на ноќта