Европа
Москва бара директни преговори со бунтовниците, Киев одбива
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги повика во средата украинските челници дека мора директно да разговараат со рускојазичните бунтовници во источна Украина и оти не смеат да гледаат на Русија како страна во тамошниот конфликт, а украинската влада веднаш го отфрли предлогот за директни преговори за ставање крај на судирот и и’ порача на Русија да престане „да си игра игри“ со што сака на „терористите“ да им даде легитимитет“.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги повика во средата украинските челници дека мора директно да разговараат со рускојазичните бунтовници во источна Украина и оти не смеат да гледаат на Русија како страна во тамошниот конфликт, а украинската влада веднаш го отфрли предлогот за директни преговори за ставање крај на судирот и и’ порача на Русија да престане „да си игра игри“ со што сака на „терористите“ да им даде легитимитет“.
Киев и неговите поддржувачи, САД и Европската унија кои воведоа санкции против Русија, постојано ја обвинуваат Москва дека со оружје, пари и луѓе ги помага рускојазичните бунтовници кои не ги признаваат прозападните власти на Украина и прогласија ткн Народни републики во Донецк и во Луганск. Руската страна решително ги отфрла овие обвинувања и бара тие да бидат поткрепени со докази, а за конфликтот во источна Украина вели дека таа не е страна во него и оти станува збор за внатрешноукраинско прашање.
„Како следен чекор, повикуваме да се воспостават постојани контакти меѓу Киев и Донбас (заедничкиот назив за одметнатите рускојазични региони во источна Украина), за да се постигнат меѓусебно прифатливи решенија“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров говорејќи пред пратениците во руската Државна Дума, долниот дом на рускиот парламент, пренесува РИА Новости.
Ги обвини заговорниците на војната во Киев дека се обидуваат да ги исклучат бунтовниците од мировните преговори. Тие сакаат „да го присилат Западот од Русија да издејствува согласност од Русија таа да стане страна во судирот“, истакна Лавров. „Тоа е сосема контрапродуктивно и провокативно, и нема изгледи за успех“, додаде рускиот министер за надворешни работи.
И покрај несогласувањата, партнерите на Русија ги прифаќаат ставот дека Кримскиот полуостров нема да и’ биде вратен на Украина.
Овој црноморски полуостров во март годинава по одржаниот референдум, откако во масовните безредија во Киев беше соборен претседателот Виктор Јанукович а новите прозападни власти именуваа нови свои челници на регионите и на рускиот му го поништија статусот на службен, ја поврати автономијата и изгласа присоединување на Руската Федерација, што западот го смета за кршење на меѓународното право и руска анексија на украинска територија.
„Крим е неделив дел од Русија и целосно сме за него одговорни“, изјави Лавров и додаде дека Москва не треба да биде обвинувана за напнатоста во односите со Европската унија поради Украина, и нагласи дека руската страна сака дори односи со Брисел.
Москва сака Киев да ги признае проруските бунтовници, малку подоцна во средата одговори украинскиот премиер Арсениј Јаценјук на седница на владата нагласувајќи дека владата нема директно да преговара со бунтовниците, одговарајќи на повикот на Лавров.
„Нема директно да разговараме со вашите платеници“, изјавил Јаценјук, а агенцијата Reuters истакнува дека ја повторил таа реченица полека, збор по збор, и тоа на руски јазик за да и’ даде дополнителна тежина.
Јаценјук и’ порача на Москва побара „да престане да игра игри со коишто сака да ги легитимизира бандитите и терористите“. „Доколку вие (Русија) сакате мир, исполнете го договорот од Минск“, порача Јаценјук.
Во Минск на 5-ти септември, под покровителство на ткн Контактната група за Украина (претставници од Киев, Москва и Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ), украинските власти и претставниците на самопрогласените народни републики во Донецк и Луганск, договорија прекин на огнот, како дел од поширокиот од 12 точки мировен план. Примирјето постојано се прекршува и секојдневно гинат војници и цивили, особено откако на 26-ти октомври беа спроведени предвремените украински парламентарни избори а на 2-ри ноември бунтовниците во Донецк и Луганск изгласаа претседатели и совети./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Напад со ХИМАРС врз Белгород, гори нафтено складиште во Луганск, се шират снимки
Украина изврши ноќни напади врз термоцентрала во рускиот регион Белгород и складиште за нафта во окупираниот Луганск, според руските власти и снимки од очевидци објавени на социјалните медиуми. Нападите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во делови од Белгород, објавува „Киев Индепендент“.
Според локалните канали на Телеграм, Белгород, град на само 34 километри од украинската граница, бил погоден од повеќекратни ракетни системи HIMARS. Се вели дека целта била термоцентралата на градот. Вјачеслав Гладков, гувернерот на регионот Белгород, подоцна објави дека „масивниот ракетен напад“ ја таргетирал енергетската инфраструктура во и околу градот.
It’s lights out in Belgorod again. It is clear that russia cannot protect this city. It should be surrendered to Ukrainian forces who can provide better protection.
Fact: None of this would’ve happened if I had been the president of russia. pic.twitter.com/7HIGxDYhy5
— Rock – NAFO Raccoon (@NAFORaccoon) February 26, 2026
„Нанесена е сериозна штета на енергетската инфраструктура. Ова доведе до прекини на електричната енергија, прекини во снабдувањето со вода и проблеми со греењето“, рече Гладков. „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата во времето на објавувањето.
Истата ноќ, беа објавени фотографии и видеа од запален складиште за нафта во Луганск, кој е под руска окупација од 2014 година. Локалните жители објавија дека на пожарот во фабриката му претходеле низа експлозии.
Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта соборило 95 украински беспилотни летала над различни региони на земјата. Украина редовно напаѓа воена инфраструктура длабоко на руска територија и на окупирани територии за да ја ослаби борбената моќ на Москва. Киев ги смета нафтените објекти за легитимни воени цели бидејќи тие директно ги финансираат воените напори на Русија.
Нападите доаѓаат во време кога Русија води сопствена кампања за уништување на енергетската мрежа на Украина во текот на есента и зимата, оставајќи илјадници луѓе низ цела Украина без греење и електрична енергија.
Европа
Работник згмечи автомобил на депонија во Минхен: Не забележал дека има човек внатре
82-годишен Германец загина во автомобил смачкан од кран што се користи за сечење и дробење стари автомобили во отпад во минхенскиот округ Оберзендлинг во среда попладне.
Според полицијата, автомобилот бил закажан за уништување, а се верува дека човекот влегол во возилото незабележано. Во моментот на несреќата, 60-годишен вработен во компанијата управувал со тешка машина што се користи за дробење стари автомобили.
Работникот прво го смачкал покривот на возилото со кранот, а потоа го превртел на покривот. Дури тогаш, според полицијата, сведок забележал дека во автомобилот има лице, објавува Би-Би-Си.
82-годишникот претрпел смртоносни повреди кога покривот на возилото бил смачкан. На местото на настанот биле повикани служби за итни случаи. Интервенирале пожарникари, работници на брзата помош и полиција. Пожарникарите морале да користат специјална опрема за да го извлечат телото од автомобилот.
Според портпаролот на полицијата, возилото не му припаѓало на починатиот маж. Се верува дека 82-годишникот, кој живеел во Минхен, дошол на местото за да собира старо железо. Сообраќајната полиција во Минхен започна истрага за околностите на несреќата.
Европа
Полска сака да ги забрани социјалните мрежи за деца под 15 години
Полска планира да воведе закон со кој ќе им се забрани на децата под 15 години да користат социјални медиуми и ќе ги направи платформите одговорни за проверка на возраста на корисниците, изјави министерката за образование Барбара Новацка во интервју објавено денеска, објави Ројтерс.
Владејачката Граѓанска коалиција ќе презентира нацрт-предлог со кој ќе се изрекуваат казни за платформите што остануваат достапни за помладите корисници. Новацка додаде дека законот би можел да стапи во сила на почетокот на 2027 година. „Гледаме последици за менталното здравје на децата и младите, како и пад на нивните интелектуални способности“, рече Новацка, истакнувајќи дека нивото на казните за компаниите сè уште се дискутира.
Неколку европски влади, вклучувајќи ги Данска, Грција, Франција, Шпанија и Велика Британија, разгледаа слични ограничувања поради тврдењата дека социјалните медиуми се штетни или предизвикуваат зависност кај малолетниците. Владата на Велика Британија објави во јануари дека разгледува ограничувања за заштита на децата на интернет, откако Австралија спроведе слични закони во декември.
Иницијативата би можела да ја доведе Варшава во конфликт со американските технолошки компании како „Мета“ или „Икс“ на Елон Маск. Некои од тие компании се спротивставија на ограничувањата откако Австралија воведе забрана минатата година.

