Спорт
Ајакс преку „пеколот“ во Атина во осмина-финалето на ЛШ (видео)
Холандскиот гигант Ајакс ја издржа непријателската атмосфера во Атина и упорниот домашен тим, за со 2:0 победа над ПАОК да обезбеди осминафинале на Лигата на шампионите на еден меч пред крајот на натпреварите по групи.
Откако холандските навивачи и грч…

Холандскиот гигант Ајакс ги издржа непријателската атмосфера во Атина и упорниот домашен тим за со 2:0 победа над ПАОК да обезбеди осмина-финале на Лигата на шампионите на еден меч пред крајот на натпреварите по групи.
Кога холандските навивачи и грчките домаќини се тепаа низ грчката престолнина во текот на понеделникот, проблеми се направија на трибините и пред почетокот на мечот кога неколку навивачи на АЕК успеаја да стигнат до делот каде што беа Холанѓаните и да фрлат „молотов коктел“ кон нив!
Segundo 20, lanzan contra el Ajax un coctel molotov. Por suerte da en el cristal. pic.twitter.com/QjyJx4fPTv
— Heisenberg (@albert_peti) November 27, 2018
На теренот фудбалерите на Ајакс се мачеа да стигнат до предност сѐ до 67. минута кога Хрватот Марко Ливаја доби втор жолт картон. Ситуацијата со играч повеќе ја искористија „копјаниците“, кои со двата гола на Душан Тадиќ (првиот од пенал) осигураа пласман во осмина-финалето и дуел со Баерн за првото место на табелата.

Во вториот меч од програмата од 18 часот, Викторија Плзењ со 2:1 го совлада ЦСКА Москва на гости за да ги задржат шансите за трето место во групата Г и пласман во Лига Европа.
ЦСКА водеше со 1:0 со голот од пенал на Никола Влашиќ од 10. минута, а чешкиот клуб првин пропушти да израмни од пенал во финишот на полувремето пред во второто да постигнат два гола за пресврт и прва победа оваа сезона во ЛШ.
Фото: ЕПА
ГРУПА Е
АЕК Атина – Ајакс 0:2
Табела: Ајакс 11, Баерн 10, Бенфика 4, АЕК 0
ГРУПА Г
ЦСКА Москва – Викторија Плзењ 1:2
Табела: Рома 9, Реал М. 9, ЦСКА 4, Плзењ 4
Фото: ЕПА
АЕК – АЈАКС
ЦСКА – ВИКТОРИЈА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Еден месец ги чини 40.000 евра – Коринтијанс го моли Депај да го напушти хотелот
Холандскиот напаѓач Мемфис Депај (31), еден од клучните играчи на Коринтијанс, добил барање од раководството на клубот да го напушти луксузниот хотел во Сао Паоло каде што живее. Бразилскиот клуб се соочува со финансиски тешкотии и мора да ги намали трошоците, а сместувањето на Депај е огромен трошок.
Според информациите од бразилскиот „УОЛ“, престојот на холандската ѕвезда во клупскиот хотел чини околу 40 илјади евра месечно. Оваа тема станала предмет на дискусија на состанокот на Управниот одбор, каде што претседателот Осмар Стабиле потврдил дека разговарал со играчот за потребата од наоѓање поекономично решение.
Клубот тврди дека напаѓачот се согласил со предлогот и покажал подготвеност да се пресели, но до ден денес сè уште не го напуштил хотелот. Извори блиски до играчот наведуваат дека Депај се чувствува многу удобно во хотелот и дека му е тешко да се откаже од удобноста на која е навикнат.
Неговиот престој во хотелот не е изненадувачки со оглед на погодностите што му се нудат, како што се собна услуга, услуга за перење алишта, дневно чистење и 24-часовна рецепција. Една од клучните причини за престојот е близината на тренинг центарот, што ги олеснува неговите секојдневни обврски.
Депај е најдобар стрелец во историјата на холандската репрезентација со 54 гола на 106 натпревари. Својата кариера ја помина во ПСВ, Манчестер Јунајтед, Барселона, Лион и Атлетико Мадрид. Тој се пресели во Коринтијанс во септември минатата година и постигна 16 гола и им постави 14 погодоци на 58 натпревари. Неговиот договор важи до крајот на 2026 година.
Спорт
„Синер е опседнат со Алкараз“
Францускиот тенисер Николас Мау ја коментираше борбата меѓу двајцата најдобри играчи во светот.
Јаник Синер го освои Париз минатата недела и се врати на врвот на АТП листата.
„Тој сè уште може да ја подобри својата игра во транзицијата, својот напад, својата игра на мрежата“, изјави Мау за „Еуроспорт“, додавајќи:
„Кога ќе ги прочитате неговите изјави, тој е опседнат со Алкараз“.
На Синер ќе му биде многу тешко да остане на врвот на крајот од годината, по Завршниот Мастерс, бидејќи дури ни титулата во Торино не му го гарантира тоа.
„Не сум сигурен дека ќе остане број еден дури и ако ги добие сите натпревари, бидејќи не гледам како Алкараз нема да победи барем три натпревари (услов за враќање на врвот на АТП листата)“, истакнува Мау.
Последниот турнир во годината е закажан од 9 до 16 ноември.
Спорт
(Видео) Луис Суарез суспендиран за клучниот натпревар на Интер во плејофот
Огромен удар за Интер Мајами пред решавачкиот трет натпревар од плејофот на МЛС против Нешвил. Нивниот клучен напаѓач, Луис Суарез, е суспендиран за натпреварот во сабота, каде што е во прашање целата сезона.
Уругвајската ѕвезда доби суспензија, бидејќи удрил противнички играч без топка во вториот меч од серијата. Жалбата на клубот од Мајами на суспензијата од еден натпревар беше одбиена.
Суспензијата беше поради инцидент во 71-та минута во поразот на Интер Мајами со 2:1 во реваншот од плејофот.
Суарез го удири играчот на Нешвил, Енди Нахар, во момент кога топката беше далеку од нив.
Иако судијата на теренот не досуди фаул, Дисциплинската комисија на МЛС последователно ја прегледа снимката и му изрече на Суарез суспензија од еден натпревар.
Luis Suarez will be suspended for the final game of the MLS Cup Playoff Round One series against Nashville SC on Saturday, sources confirmed to ESPN's @lizzy_becherano. pic.twitter.com/bGzE6FMPIK
— ESPN FC (@ESPNFC) November 5, 2025

