Црна хроника
Двајца скопјани измамиле луѓе со лажни сообраќајни незгоди и им зеле пари

Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против двајца скопјани поради измама.
„На 27 октомври оваа година, на улицата Марко Цепенков во Охрид, пријавените пресретнале 81-годишен охриѓанец и со намера да стекнат противправна имотна корист го довеле во заблуда и лажно му прикажале дека направиле сообраќајна незгода. Потоа му покажале часовник кажувајќи му дека е златен и му побарале 2 000 евра, при што оштениот прифатил замена.
На истиот начин, на 30 октомври годинава, на улицата Питу Гули, пријавените му пристапиле на 77-годишен охриѓанец и за случена сообраќајна незгода го довеле во заблуда и му зеле 2.000 долари во замена за наводни златни предмети“, соопшти МВР.
Со извршувањето на казнените дела пријавените стекнале противправна имотна корист од 220.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.