Контакт

Надворешна политика

Попоски: Временски рок за членство во ЕУ е добар сигнал за мир и стабилност на Балканот

Објавено пред

За Македонија, иако приказната со членството во ЕУ трае пoдолго, сепак тaа претставува најдобрата гаранција за мирна и просперитетна иднина на Балканот, изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски на панел – дискусијата за иднината на Балканот во Европската унија што се одржа во рамки на овогодинешниот Бледски Стратешки Форум во Словенија.

dobivaj vesti na viber

„Времето е клучен фактор. Нашата приказна трае повеќе години, а членството сѐ уште не е на повидок. Има различни стандарди за државите членки и кандидати. Некој ќе рече дека тоа е нормално и затоа е подобро да сме членка. Но, во меѓувреме, не можете да замислите на некоја држава од ЕУ да и биде проблематизирано постоењето и основните права на нејзините граѓани, но за кандидат, тоа е сосема возможно“, истакна Попоски.

„Не е решение да седнеме и само да се жалиме. Но, фер е да се направи една стратешка оценка во ЕУ за користа и штетите од одложувањето на процесот. Дури и при услови на внатрешни предизвици, во ЕУ треба да се промовира интеграција на Балканот“, потенцираше министерот Попоски.

„Денес, правилата за членство се изменија. Најголемиот мировен проект на најстариот континент ги заостри критериумите на процесот за проширување, па сега повеќе не е доволно само грубо воспоставување на функционална демократија и економија на пазарни принципи. Затоа, мора да се дефинира временска рамка, да се постават стандарди колку време може една држава да се држи како кандидат за членка, до моментот на почнување и завршување на пристапните преговори. Така ќе се обезбедат и регионалниот мир и безбедност на долг рок“, рече тој.

Попоски учествуваше на Бледскиот Стратешки Форум заедно со неговите колеги од регионот и пошироко. Овогодинешниот форум беше посветен на ‘„зачувување на иднината”, преку иницијативи во надворешната политика, економијата, туризмот, науката, информатичкото општество и слично.

За време на Форумот, Попоски оствари билатерални средби со министрите за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Косово, Словенија, Србија и Турција, како и со францускиот секретар за европски прашања Харлем Дезир, американскиот помошник секретар за Европа Хојт Ји и канадскиот парламентарен секретар на министерот за надворешни работи Памела Голдсмит Џонс./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Истепал и влечел девојче по улица, кога дошла полицијата, се заканил дека ќе ги нападне со секира и тесла: предложен притвор за 23-годишен велешанец

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и предложи определување мерка притвор за едно лице осомничено за кривично дело – Насилство...

Македонија43 минути

(Видео) Ако Обвинителството не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат, вели Мицевски

„Ако ЈО не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат. Филипче добил луксузен...

Македонија1 час

Мицкоски очекува на 24 јуни Бугарите да го повлечат барањето пред македонскиот јазик и идентитет да стои „сегашен“: Ете им прилика на дело да го покажат она што го зборуваат

Премиерот Христијан Мицкоски нема голема верба во она што го зборуваат Бугарите за спорот околу идентитетот и јазикот оти од...

Македонија1 час

„Граѓаните да не креваат паника, лисиците не се опасни и не напаѓаат луѓе“, апелираат од „Анима мунди“

Во последните неколку дена се појавија видеа за присуство на лисици во подножјето на Водно, во населбата Козле (мајка со...

Македонија2 часа

Данела Арсовска до Орце Ѓорѓиевски: Дај одговори им на скопјани зошто се криеш и лажеш за надлежностите за „Усје“

„Добро утро, Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е што ти досаѓам, гарант ќе ти преседне утринското кафе со Хрисафов од ‘Усје’,...

Македонија3 часа

Бислимоски ќе побара цената на водата да ја одредува РКЕ место советите на општините за да се намали загубата, која сега изнесува 64 отсто

За да се намали загубата на водата за пиење, која на национално ниво во просек изнесува речиси 64 отсто, неопходно...

Македонија3 часа

Седум години од потпишувањето на договорот од Преспа

На денешен ден, 17 јуни, 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа договорот од Преспа, со кој се затвори долгогодишниот...

Свет3 часа

Иран најави нов напад со дронови

Иран предупреди дека бран беспилотни летала ќе го погоди Израел во наредните часови. Висок воен командант најави дека нападите ќе...

Македонија4 часа

Уште еден земјотрес синоќа почувствуван во Охрид и во Струга

Земјотрес со јачина од 2,5 степена според Рихтер синоќа по полноќ го погоди Охридскиот Регион. Потресот е регистриран во 00.48...

Македонија18 часа

Злоупотреба на правото на вето, идентитетски условувања и историски ревизионизам – Сиљановска-Давкова во Тирана за проширувањето на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка во...

Свет19 часа

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп на прес-конференција за време на самитот на Г7 во Канада рече дека Иран сака да...

Македонија21 час

Осум македонски државјани најдоцна до утре ќе бидат евакуирани од Израел, 28 побарале помош

Заклучно со денешниот ден, вкупно 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија,...

Економија22 часа

Димитриеска – Кочоска ќе го следи поскапувањето на бензините, не кажа дали тоа ќе повлече други поскапувања

Министерката Гордана Димитриеска – Кочоска по денешните најави за поскапување на бензините кажа дека Министерството за финансии ќе ја следи...

Економија1 ден

Се зголемува цената на бензините и на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Свет1 ден

Иранскиот парламент демантира дека земјата се повлекува од договорот за неширење нуклеарно оружје

Иранскиот парламент денес негира дека разгледува закон за повлекување на Техеран од договорот за неширење нуклеарно оружје (ННП) како форма...

Свет1 ден

Иран се повлекува од договорот за неширење нуклеарно оружје

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеј, денес изјави дека иранскиот парламент подготвува закон за повлекување од договорот...

Македонија1 ден

„За „аудито“ на Филипче од 130.000 евра – повластен третман, за автомобилите на Мирчевски – кривичен прогон“, ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори постапка

„ЈО е селективно во однос на постапките за аудито од 130 000 евра поклон на Венко Филипче од фирмата Зобек...

Македонија1 ден

„Вината за Кочани е во врвот на МВР“, СДСМ бара оставки од Тошковски и од Јанев и кривична одговорност

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се обидуваа да ја сокријат вистината за Кочани и да ги заштитат полициските функционери...

Македонија1 ден

Серија земјотреси почувствувани во Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет1 ден

Поранешен израелски дипломат: Трамп може да му се јави на Нетанјаху и да му каже – доста е

Алон Пинкас, поранешен израелски дипломат и советник на двајца премиери, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп има моќ да го...