Спорт
Ериксен ги „спаси“ Тотенхем, ПСЖ и Наполи со клучни победи (видео)
Последното коло во Лигата на шампионите ќе ги решава патниците во осминафиналето од групите Б и Ц, откако Тотенхем успеа да „остане во живот“ со победа над Интер, а Пари Сен-Жермен го победи Ливерпул со 2:1 за да ја искомпликува работата откако Наполи …


Последното коло во Лигата на шампионите ќе ги решава патниците во осминафиналето од групите Б и Ц, откако Тотенхем успеа да „остане во живот“ со победа над Интер, а Пари Сен-Жермен го победи Ливерпул со 2:1 за да ја искомпликува работата откако Наполи без мака ја среди Црвена звезда.
Пари Сен-Жермен знаеше дека на „Паркот на принцовите“ мора да победи против Ливерпул доколку сака да ја задржи главната амбиција, освојувањето на титулата од ЛШ, и имаа совршен старт откако Хуан Бернат уште во 13. минута донесе водство за парижани. Нејмар со фантастичен гол го зголеми водството на 2:0 во 37. минута, за Милнер од пенал на крајот на полувремето да им даде лажна надеж на Ливерпул.
Комбинирано со 3:1 победата на Наполи против Црвена звезда, ситуацијата пред последното коло е компликувана. Наполи е прв со 9 поени, ПСЖ има 8, а Ливерпул 6, меѓутоа ПСЖ во последното коло гостува на Црвена звезда во Белград, додека Ливерпул на „Енфилд“ ќе мора да го победи Наполи.
И во групата Б е неизвесно кој ќе оди понатаму, откако Тотенхем со крајни сили стигна до победа од 1:0 над Интер. Со оваа победа Тотенхем се израмни со Интер со 7 поени зад недостижната Барселона (која со 2:1 славеше на гости кај ПСВ), за во последното коло Тотенхем да мора да брка позитивен резултат на гости кај Каталонците.
Фото: ЕПА
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5.КОЛО
ГРУПА А
Атлетико Мадрид – Монако 2:0
Борусија Дортмунд – Бриж 0:0
Табела: Атлетико М 12, Борусија Д 10, Бриж 5, Монако 0
ГРУПА Б
ПСВ Ајндховен – Барселона 1:2
Тотенхем – Интер 1:0
Табела: Барселона 13, Тотенхем 7, Интер 7, ПСВ 1
ГРУПА Ц
Наполи – Црвена звезда 3:1
Пари Сен-Жермен – Ливерпул 2:1
Табела: Наполи 9, Пари Сен-Жермен 8, Ливерпул 6, Црвена звезда 4
ГРУПА Д
Локомотив Москва – Галатасарај 2:0
Порто – Шалке 3:1
Табела: Порто 10, Шалке 8, Галатасарај 4, Локомотив М 3
ПСЖ – ЛИВЕРПУЛ
ТОТЕНХЕМ – ИНТЕР
НАПОЛИ – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА
ПСВ АЈНДХОВЕН – БАРСЕЛОНА
ПОРТО – ШАЛКЕ
БОРУСИЈА – БРИЖ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Роналдо и третата сезона без титула – ги нападна своите соиграчи

Откако пристигна во Ал-Наср (во декември 2022 година), Кристијано Роналдо не успеа да го освои најважниот домашен трофеј.
Вечерва, во најважниот натпревар во овој дел од сезоната, Ал-Наср беше поразен од лидерот во првенството Ал-Итихад (2:3) и покрај водството од 2:0, со што остана и без теоретска шанса да се вклучи во борбата за титулата.
За да ја влоши ситуацијата уште повеќе за Ал Наср, неговите играчи и навивачи, Роналдо ги нападна соиграчите во текот на вечерта.
Со јасна гестикулација што секој во светот можеше да ја види, тој им порача дека спијат за време на играта.
Ronaldo telling his teammates that they are sleeping, meanwhile, he’s the one sleeping! 😭 pic.twitter.com/o0lkA7qSnU
— BeksFCB (@Joshua__Ubeku) May 7, 2025
Да се потсетиме дека тимот на Роналдо неодамна беше елиминиран од борбата за уште еден голем трофеј, Азиската Лига на шампиони.
Ал-Наср загуби во полуфиналето од јапонскиот Кавасаки Фронтале.
Кристијано Роналдо со Ал-Наср, досега го освои само Купот на арапските клубови во 2023 година.
Откако му се приклучи на Ал-Наср, Роналдо постигна 93 гола на 101 натпревар, но не освои ниту еден значаен трофеј.
Спорт
Мундо Депортиво: На Барса и пресуди пријателот на Реал Мадрид

Барселона и Интер во вторникот го завршија еден од најдобрите двомечи во историјата на нокаут фазата од Лигата на шампионите.
Откако двата натпревари завршија со идентичен резултат од 3:3, Интер успеа да постигне уште еден гол во продолжението и да се пласира во финалето. Полскиот судија Шимон Марчинијак исто така беше во фокусот по натпреварот.
Каталонските медиуми потсетуваат дека неговиот однос со Реал Мадрид е „пријателски“, а извлекоа и видео на кое тој има торбичка со логото на „кралскиот клуб“ во соблекувалната.
Марчинијак во корист на Реал го поништи пеналот на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, во осминафиналето од овогодинешната Лига на шампиони.
Barca, Bayern, Atletico fans, let us start a petition against Marciniak. We all got robbed by him within a year because he works for Real Madrid. It would be nice if someone started some sort of petition, I‘ll be the first to sign it. pic.twitter.com/dFDkB0HFYu
— – (@MusialaEra) May 7, 2025
Шпанскиот медиум „Мундо Депортиво“, како и тренерот и играчите на Барселона, тврдат дека Марчинијак судел во корист на Интер.
„Секогаш кога имаше спорна ситуација, Полјакот и неговите ВАР асистенти пресудуваа во корист на Интер. Марчинијак, кој има пријателско минато со Реал Мадрид, ја оштети Барса со своите асистенти“, пишува „Мундо Депортиво“.
Спорт
(Видео) Ди Марцио тврди дека Ливерпул испратил понуда до Де Брујне

Водечкиот италијански фудбалски инсајдер Џанлука Ди Марцио вечерва објави сензационална вест. Тврди дека Кевин Де Брујне, покрај бројните понуди од Блискиот Исток и САД, има и две „жешки“ понуди од Европа, една од Наполи и една од Ливерпул.
Всушност, Ди Марцио се фокусираше на интересот на Наполи, кој изгледа дека ќе го освои скудетото оваа сезона во голема мера затоа што ја искористи катастрофалната проценка на Манчестер Јунајтед и го потпиша предвреме отпуштениот Скот Мектомини.
Ве потсетуваме, Де Брујне има 33 години, што во модерниот фудбал не значи многу, особено не во Серија А.
„Наполи сериозно се обидува да го доведе Де Брујне. Ова е сознанието на нашиот уреднички тим во соработка со Џанлуиџи Банула од „Скај Спорт“. Договорот на играчот од средниот ред со Манчестер сити истекува, па Наполитанците ќе се обидат да го доведат како слободен агент за следната сезона“, објави Ди Марцио и додаде:
„Белгиецот сака да остане во Европа и има понуда од Ливерпул. Сепак, Наполи смета и на одличниот однос што играчот, роден во 1991 година, го има со Ромелу Лукаку. Овој конкретен обид да се доведе Кевин Де Брујне е јасен показател за тоа колку Де Лаурентис сака да ги зголеми амбициите на Наполи во наредните сезони.“
„Твитер“, заедницата веднаш се сети на фактот Кевин во детствот навивал за Ливерпул.
🗞️ Kevin De Bruyne (33) would prefer to remain playing at the highest level & is not ready to move to Saudi.
The possibility of joining a rival side like Liverpool isn’t out of the question, with the club holding a special connection to his family 👀
(Source: @DeStandaard) pic.twitter.com/hGjQcIVKrh
— Anything Liverpool (@AnythingLFC_) April 16, 2025
Де Брујне е еден од најважните фудбалери во историјата на Манчестер сити. Тој пристигна во клубот на 30. август 2015 година од Волфсбург за рекордни 55 милиони фунти во тоа време, а дебитираше на 12. септември истата година против Кристал Палас.
За Сити одигра 413 натпревари, постигна 106 голови, забелеша 176 асистенции. Освои 16 трофеи, меѓу кои шест во Премиер лигата, еден во Лигата на шампионите.