Регион
Дачиќ: Србија се согласува со ЕУ за сѐ, освен за санкциите кон Русија

Србија се обврза за усогласување на надворешната и безбедносна политика со онаа на ЕУ, и досега сѐ упатува на тоа дали земјата ќе се придружи кон санкциите против Русија, но работите се посложени од тоа, изјавил шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, пренесува Бета.
„Но бидејќи Србија во сѐ е неумерена, ние тоа веќе го направивме во првата година, односно претходната година имавме 97 процентна усогласеност со ставовите и изјавите на ЕУ, за разлика од другите земји кандидати кои тоа го прават постепено“, додал Дачиќ.
Српскиот министер истакнал дека Србија во сите свои одлуки се раководи од своите економски и политички интереси и оценил дека нејзината проценка да остане неутрална била добра бидејќи тоа и овозможило како претседавач со ОБСЕ да има добра комуникација со сите страни и да работи на намалување на тензиите во Украина./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.