Европа
Највисокиот италијански суд го ослободи Берлускони во случајот „Рубигејт“

Касациониот суд, највисокото италијанско правосудно тело, ја потврди во вторник навечер невиноста на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони во случајот познат како „Рубигејт“, што е конечна одлука и со што престанува судскиот прогон против Берлускони во аферата за секс со малолетничка.
Највисокиот италијански суд ја потврди одлуката на Апелациониот суд од јули 2014 година, со која Берлускони се ослободува од сите обвиненија поднесени против него.
Во аферата „Рубигејт“, наречена по младата мароканска танчерка Карима Ел-Махруг, наречена Руби(17), Силвио Берлускони(78) беше осуден првостепено во јуни 2013 година на седум години затвор и доживотна забрана за вршење на јавни функции заради проституција со малолетничка и злоупотреба на власта.
Судот го прогласи за виновен за плаќање на сексуални услуги на Руби додека била малолетна, како и вршење на притисок врз обвинителството на Милано да ја ослободат при апсење заради ситна кражба.
Покрај таа пресуда, главниот обвинител сакал да го обвини Берлускони и дека има „нескротлива страст“ кон малолетнички.
Сега дефинитивно ослободен во таа афера, некогашниот шеф на италијанската влада повторно има слобода на движење.
Сепак, со ова не завршуваат судските непријатности за Берлускони.
Во тек е судењето заради корупција на сенатори. Берлускони е обвинет дека му исплатил три милиони евра на сенатор за да ја напушти левата коалиција и да ја собори владата на Романо Проди во 2008 година.
Го чека и судење во аферата што медиумите ја нарекоа „Руби-тер“. Правосудството го сомничи Берлускони и двајца негови адвокати дека им платиле на млади жени, споменати во процесот „Рубигејт“, за да сведочат во негова полза. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин