Контакт

Надворешна политика

Поранешниот словачки претседател Шустер следната недела во Македонија

Објавено пред

Поранешниот словачки претседател Рудолф Шустер следната недела, односно од 11-ти до 13-ти септември ќе биде во посета на Македонија, при што ќе ги посети Битола и Скопје и ќе оствари повеќе средби со македонските официјални претставници, соопштуваат од словачката амбасада.
 

dobivaj vesti na viber

Поранешниот словачки претседател Рудолф Шустер следната недела, односно од 11-ти до 13-ти септември ќе биде во посета на Македонија, при што ќе ги посети Битола и Скопје и ќе оствари повеќе средби со македонските официјални претставници, соопштуваат од словачката амбасада.

 

Како втор претседател во независна Словачка, Шустер својот мандат го извршуваше од 1999-та до 2004-та година, каде токму во вршењето на неговата претседателска функција Словачка стана членка на ЕУ и НАТО.

Главната причина за посетата на Шустер е превземање на почесниот докторат на Универзитетот „Св. Климент Охридски” во Битола. Доделувањето на титулата doctor honoris causa на Рудолф Шустер  беше „последната желба” на покојниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, имено Рудолф Шустер е последниот шеф на странска држава со кој официјално се сретна во февруари 2004-та година во Скопје, само две недели пред неговата трагична смрт. 

Посетата во Република Македонија Рудолф Шустер ќе ја заврши со средба со претседателот Ѓорге Иванов во Скопје на 13-ти септември, додаваат од словачката амбасада./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

МВР го објави идентитетот на загинатите во тешката сообраќајка

На 18.04.2025 во 20.40 часот во ОВР Кичево e пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај место викано „Сеферов бунар“,...

Македонија3 часа

Тошковски: Голема неприлагодена брзина е причината за сообраќајката во која загинаа три лица

Голема неприлагодена брзина е причината за трагедијата која вчера се случи на патот Кичево-Гостивар, а во која загинаа три лица....

Македонија4 часа

Со протестен марш на семејствата, ќе се бара правда за настраданите во пожарот во Кочани

Во Кочани за денеска во 12:05 часот е најавен нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката...

Топ5 часа

Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајната несреќа на патниот правец Кичево-Гостивар

Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајната несреќа што вчера вечерта се случи на патниот правец Кичево-Гостивар. Од...

Македонија18 часа

Велигден е тука, но нашите деца ги нема, не прашува ли некој нас како ги минуваме деновите, пишува Златкова, мајка на загинато момче во дискотеката во Кочани

Велигден е тука, но нашите деца ги нема. Престанаа да им чукаат срцата, ги закопавме во црната земја. Некои биле...

Топ1 ден

Одземени возила: биле користени во „диви“ трки во Куманово

На 16.04. и 17.04.2025 во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје се одвиваат диви трки со...

Македонија1 ден

Синдикатот на културата разочаран од Љутков: вработените останаа без плата за најголемиот христијански празник

Секој март од 2021 па наваму, кога се коригира минималната плата и кога платите во културата треба да се усогласат...

Македонија1 ден

Наместо куќен притвор, мерки на претпазливост за двајца поранешни инспектори на ДПИ, иста мерка и за лице од дискотеката

Основното јавно обвинителство Кочани, постапувајќи во предметот во врска со пожарот во кабаре клуб “Пулс”, до Основниот суд во Кочани...

Топ1 ден

Се задушил од запалена плинска боца: пронајден починат маж во Кавадарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожар во урбана средина бил трагичен за повозрасно лице во Кавадарци. Од...

Македонија1 ден

Историја без Албанци-Новата програма за седмо одделение ги исклучува од учебниците, реагираат од ДУИ

Новата програма на Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука за предметот „Историја и општество“ за...

Македонија1 ден

(Видео) Автомобил влече врзан коњ низ Скопје: полицијата го идентификуваше возачот

МВР го идентификуваше возачот на автомобилот кој влечеше врзан коњ во Скопје по вчерашното видео на кое реагираа граѓаните. Во...

Економија1 ден

Владата озаконува паушални фактури за струја, граѓаните не смеат да бидат жртви, апелираат Инженери на Македонија

Инженери на Република Македонија (ИРМ), денеска упати апел до пратениците и Министерството за енергетика за да ги отстранат како што...

Македонија1 ден

Маркетите од денеска со нова обврска: ќе треба јавно да ги објават цените на производите

Трговците се должни од денеска да ги објавуваат продажните цени на производите на нивните официјални веб страници. Министерството за економија...

Свет1 ден

Трамп ѝ се закани на Кина со царини до 245 проценти; Кина: Бесмислена игра со броеви, одиме до крај

Кина ги отфрли најновите најави за зголемување на американските царини, нарекувајќи ги заканите на администрацијата на Доналд Трамп „бесмислена игра...

Свет1 ден

Иран: „Целиот наш воен потенцијал е подготвен“

Техеран е подготвен да се одбрани од какво било мешање и закани, а целиот воен потенцијал е подготвен да ја...

Свет1 ден

Америка: Имаме нов план за мир, им го презентиравме на Русија, Украина и Европа

Соединетите Американски Држави им презентираа на Украина, Русија и Европа „рамка за траен и одржлив мир“, изјави портпаролката на американскиот...

Македонија2 дена

Села му одговори на Таравари: Без доверба и чест нема ниту куќа, ниту врата

Едниот од лидерите на поделената Алијанса за Албанците, Зијадин Села, преку социјалните мрежи му одговори на неговиот поранешен сопартиец, Арбен...

Македонија2 дена

Папазов од притвор оди во куќен притвор – за седуммина осомничени за пожарот во Кочани мерката е заменета

Поранешниот градоначлник на Кочани, Љупчо Папазов, кој си поднесе оставка од функцијата по трагедијата во дискотеката „Пулс“, оди во куќен...

Регион2 дена

Револт во Германија поради новите правила за работниците од Западен Балкан, меѓу кои и македонските

Идната Демохристијанско-социјалдемократската влада планира да инвестира 500 милијарди евра во наредните години во реконструкција на дотраената инфраструктура: железници, патишта и...

Македонија2 дена

Почина уште еден повреден во пожарот во Кочани, кој се лекуваше во Белград

Министерството за здравство информира дека во согласност со информациите од Воено медицинската академија во Белград, денеска претпладне, за жал, на...