Европа
Меркел одби да учествува на прославата во Москва на крајот од II Светска војна

Германската сојузна канцеларка Ангела Меркел оправдувајќи се со тензиите во Украина одби да учествува на свеченоста на 9-ми мај во руската престолнина Москва со која ќе биде одбележана 70-годишнината од крајот на Втората светска војна, односно капитулацијата на нацистичка Германија, објавија во средата од нејзиниот кабинет.
„Во светлината на настаните во Украина, не е возможно Меркел да учествува на традиционалната воена парада на Црвениот плоштад“, изјавил за Reuters неименуван претставник на германската влада.
Меѓутоа, додал дека еден ден подоцна, на 10-ти мај, германската канцеларка ќе положи венец на споменикот на незнајниот јунак во Москва.
Западните медиуми коментираат дека на свеченоста во Москва не се очекуваат голем број западни државници, а Русија во февруари потврди дека на церемонијата ќе биде присутен севернокорејскиот комунистички челник Ким Јонг Ун.
Германската канцеларка Ангела Меркел на 6-ти февруари ја посети Москва заедно со францускиот претседател Франсоа Оланд кога заедно со рускиот претседател Владимир Путин го подготвуваа состанокот во Минска на кој на 12-ти февруари беше постигнат договор за постигнување примирје во источна Украина.
Европската унија и САД ја обвинуваат Русија дека ги вооружува рускојазичните бунтовници во источна Украина и дека им испраќаат помош во војници и оружје, што Москва решително го отфрла, барајќи да бидат изложени докази за таквите тврдења и истовремено обвинувајќи ги САД дека прозападната влада во Киев ја поттикнуваат на војна./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин