Европа
Руски брод стрелаше кон турски за да го предупреди да избегнат судар
Рускиот разурнувач „Сметливиј“ бил принуден да истрела предупредувачки плотуни во Егејско Море за да избегне судар со турски брод, соопшти во неделата руското министерство за одбрана на својата интернет страница додавајќи дека поради овој инцидент повикано е на разговор турското воено аташе од амбасадата во Москва.
„Во 9.30 часот по московско време (7.30 по македонско), забележано е турско пловило на оддалеченост од илјада метри како се приближува кон закотвен руски патролен брод од десната страна“, се наведува во соопштението на министерството за одбрана на Руската Федерација.Рускиот брод, кој се наоѓал на оддалеченост од 22 километри од грчкиот остров Лемнос во северниот дел од Егејското Море, повеќепати се обидувал да воспостави радио врска со турскиот брод и применел специјални визуелни сигнали и сигнални ракети, меѓутоа турскиот брод не одговарал.„Кога турското пловило опасно се приближило на рускиот патролен брод на околу 540 метри.., применето е огнено оружје со цел да се спречи судар“, се додава во соопштението. Руското министерство наведува дека турскиот брод веднаш по тоа го сменил курсот и без да воспостави контакт со рускиот екипаж ја продолжил пловидбата.„Во врска со инцидентот во Егејското Море, заменикот руски министер за одбрана Анатолиј Антонов го повика на разговор во министерството турското воено аташе во Русија“, се додава во соопштението.Коментаторите сметаат дека веројатно дека ќе ги зголеми тензиите меѓу двете земји чии односи се сериозно нарушени откако Турција собори руски борбен авион крај сириско-турската граница. Рускиот претседател Владимир Путин, кој собирањето на авионот го нарече „забивање нож во грб“, по што воведе економски санкции за Турција. На почетокот од месецов протестираше до Москва, пореди фотографијата на којашто руски морнар е снимен како со ракетен фрлач цели до палубата на воен брод кој минува по Босфорот низ Истанбул./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море
Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.
Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.
Krasnodar Krai, Russia ❗
💥Tuapse is being attacked by sea drones, a probable hit near pier 167 has been recorded. – OSINT DniproOfficialpov: 44.10040125871804, 39.05830293365155https://t.co/K3TrwvhOz2 pic.twitter.com/NjVczfmjME
— LX (@LXSummer1) November 9, 2025
Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.
Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.
фото: принтскрин
Европа
Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело
Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.
Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.
Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед почна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска запуштена грмушка.
Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренирка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Кога персоналот го забележал нејзиното исчезнување, почнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.
Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над нуклеарната централа „Доел“ во Белгија
По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.
Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.
„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.
Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.
Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.
фото: принтскрин

