Спорт
Давид де Геа сака да пие кафе со Џим Кери, Ерера со Марадона, а Мата со Кантона (видео)
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед снимија промотивен спот за новиот спонзор на клубот и во таа прилика даваа одговор на прашањето со која позната личност би сакале да испијат кафе.
Шпанскиот голман Давид де Геа сака да пие кафе со актерот Џим Кери, Анд…
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед снимија промотивен спот за новиот спонзор на клубот и во таа прилика даваа одговор на прашањето со која позната личност би сакале да испијат кафе.
Шпанскиот голман Давид де Геа сака да пие кафе со актерот Џим Кери, Андер Ерера избра да го пие кафето со Марадона, но и со актерите Морган Фримен и Вил Смит.
Хуан Мата би сакал да се подружи со францускиот фудбалски ас, Ерик Кантона, а Џеси Лингард и Ешли Јанг како прв избор за дружба го наведоа американскиот актер Кевин Харт.
Сепак, најнеочекуван беше одговорот на Србинот Немања Матиќ кој посакал да се напие кафе со босанскиот актер, Мустафа Надаревиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Азар: Имам пријател во Комо, тој може да биде тренер на Челси
Еден Азар, поранешен играч на Реал, Челзи и Лил, знае кој треба да биде нов тренер на Челси. „Сините“ минатата недела останаа без тренер, откако клупските челници спогодбено се разделија со Маурицио Покетино.
Азар, кој го најдобрите години во кариерата ги мина во Челси, чии дрес го носеше од 2012 до 2019 година, има интересен предлог.
На прашањето дали на клупата гледа менаџер како Роберто де Зерби, тој одговори дека има подобар предлог.
„Можеби. Имам пријател во Комо. Тој може да биде менаџер“, рече Азар.
Во Комо е Сеск Фабрегас, добра пријател на Азар со кого ја делеа соблекувалната во Челси.
Последните две години од кариерата Шпанецот ги помина во Комо пред да се пензионира во 2023 година.
Тој стана в.д. тренер во ноември минатата година по отказот на Морен Лонг, а кога клубот го ангажираше Осијано Робертс беше именуван за негов помошник.
Комо минатиот месец се врати во Серија А.
Инаку, според медиумите кандидат за тренер на Челси се Роберто де Зерби екс тренерот на Брајтон, тренерот на Лестер Енцо Мареска, Киеран Мекена менаџерот на Ипсвич и актуелниот менаџер на Брентфорд, Томас Франк.
Спорт
Струга ги дозна можните противници во првото квалификациско коло во ЛШ
Фото/ facebook.com/Fcstruga
Македонскиот шампион Струга Трим Лум, сезоната 2024/2025 ќе ја започне во квалификациите во Лигата на шмпионите.
Струга ќе стартува во првото коло, заедно со уште 29 други екипи. Македонскиот шампион, според рејтингот што го има на УЕФА листата, на ждрепката ќе биде во групата неносители.
Посакувани ривали во групата носители би биле: Флора Талин (Естонија), Шамрок Роверс (Ирска), Линколн Ред Импс (Гибралтар), ТНС (Велс), Пјуник (Ерменија)…
На ждрепката апослутно непосакувани ривали за Струга би биле Ференцварош, Карабаг, Лудогорец, Слован Братислава, ФЦСБ (поранешна Стеауа).
Можни противници на Струга:
Ференцварош (Унгарија), Карабаг (Азербејџан), Слован Братислава (Словачка), Лудогорец (Бугарија), ХЈК (Финска), Флора Талин (Естонија), ФЦСБ (Романија), КИ Клаксвик (Фарски Острови), Шамрок Роверс (Ирска), Линколн Ред Импс (Гибралтар), ТНС (Велс), Пјуник (Ерменија), РФС Рига (Летонија), Петрокуб (Молдавија), Балкани (Косово).
Спорт
Гасперини ќе остане во Аталанта
Тренер на Аталанта, Џанпјеро Гасперини изјави дека ја одбил понудата да го преземе Наполи на крајот од сезоната, пренесуваат италијанските медиуми.
Гасперини минатата недела со Аталанта ја освои Лига Европа. Клубот од Бергамо го победи Баер Леверкузен со 3:0 во финалето минатата среда во Даблин.
Гасперини објави дека ја одбил понудата на Наполи, бидејќи и следната сезона ќе биде тренер на Аталанта.
„Наполи ќе избере што е најдобро за него, јас сум приврзан за Аталанта и ќе останам тука. Сигурен сум дека Наполитанците ќе направат одличен тим, особено што веќе имаат силна база. Сепак, јас сум лојален на мојот клуб. Никогаш не сум кажал ништо друго, ниту сум отворил простор за некои дебати“, изјави Гасперини, кој има договор со Аталанта до 30 јуни 2025 година.
Аталанта веќе се пласираше во Лигата на шампионите. Клубот од Бергамо во неделата на домашен терен го победи Торино со 3:0 во натпреварот од последното, 38. коло во Серија А.