Контакт

Регион

Шешељ на гробот од Ѓинѓиќ би испратил ‘глогов колец’

Објавено пред

Обвинетиот во Хаг за воени злосторства и лидер на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ предизвика во средата скандал со изјавата дадена на гробот на починатиот српски претседател Слободан Милошевиќ во Пожаревац, дека на 12-ти март на денот на убиството на поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ, „би испратил глогов колец на неговиот гроб“.

dobivaj vesti na viber

Воислав Шешељ, предводејќи ја делегацијата на српските радикали која дојде во Пожаревац да му оддаде почест на поранешниот претседател на некогашна СР Југославија (Србија и Црна Гора) и на Србија, Слободан Милошевиќ, изјави дека е срамно за Србија што „на еден хашки јунак не му оддаваат државни почести, туку такви им се оддаваат на криминалци и мафијаши, предавници како Зоран Ѓинѓиќ“, пренесоа српските медиуми.

Почест на Милошевиќ на неговиот гроб во родниот Пожаревац, инаку, во средата му оддаде и делегација на партијата чиј челник беше – Социјалистичката партија на Србија (СПС), на сегашниот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, која е дел од владејачката коалиција предводена од Српската напредна партија (СНС) на премиерот Александар Вучиќ, којашто пак беше формирана откако Вучиќ и актуелниот српски претседател Томислав Николиќ излегоа од Српската радикална партија (СРС) на Шешељ.

„Ова ми е првпат да доаѓам на неговиот (на Милошевиќ – з.р.) гроб. Ние во Хаг бевме соборци, пријатели, и потресен сум бидејќи срамота е на еден хашки јунак да не му се оддаваат државни почести, а им се оддаваат на криминалци и мафијаши, на предавниците како Зоран Ѓинѓиќ“, изјави Шешељ, нагласувајќи дека целиот државен врв требало да дојде и да му се поклони на Милошевиќ.

„Гробот на Зоран Ѓинѓиќ нема да го посетам, но може многу лесно да се случи утре во 12 часот да го испратам својот заменик Немања Шаровиќ во Алејата на великаните на Новите гробишта во Белград со глогов колец во рацете“, изјави Шешељ, алудирајќи на древното народско верување според коешто глоговиот колец се користи за „убивање вампири и против повампирување“.

На изјавата на Шешељ реагираа политичките партии коишто во четврток организираат поворка низ Белград до Алејата на великаните каде што граѓаните ќе му оддадат почести на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, кој беше убиен во атентат на 12-ти март 2003 година.

„Човекот (Шешељ –з.р) целиот свој живот се служи со ширење омраза. Ова не е критика, туку омраза. Не знам дали навистина ќе дојде на гробот, но очекувам дека државните тела ќе реагираат“, изјави Александра Јерков, функционерка на Демократската партија, чиј претседател беше Ѓинѓиќ.

„Се надеваме дека надлежните сериозно ќе ја земат предвид оваа заканувачка изјава и соодветно ќе реагираат“, порачаа, пак, од Либерално-демократската партија на Чедомир Јовановиќ, поранешниот близок соработник на Ѓинѓиќ.

Како што пренесуваат белградските медиуми, полицијата во четврток превентивно ќе го обезбедува гробот на Ѓинѓиќ во Алејата на великаните на Новите гробишта во Белград. Според првиот човек на полицијата, Небојша Стефановиќ, „ќе биде уапсен секој што ќе се осмели на така гнасен чин“.

Воислав Шешељ и додека беше во притвор во Хаг, од каде е пуштен на привремена слобода поради влошената здравствената состојба – канцер, многу грубо и навредувачки зборуваше за убиениот српски премиер, а една од тие изјави беше дека „не му е жал што е убиен Ѓинѓиќ“, што го повтори и минатата година по излегувањето од притворот./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Регион

(Видео) На детско игралиште во Белград убиен маж

Објавено пред

Едно лице беше убиено синоќа во пукотница на булеварот Вудро Вилсон во Белград на вода, објави РТС.

dobivaj vesti na viber

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Докторката Виолета Николиќ од Одделот за итни случаи потврди за РТС дека 35-годишен маж бил застрелан синоќа во 23.13 часот.

„Нашиот тим можеше само да заклучи дека 35-годишниот маж е мртов“, рече д-р Николиќ.

На социјалните мрежи се објавени снимки, на кои се гледаат телото на убиениот маж на детско игралиште и апсењето на друго лице.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Објавено пред

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење на реформите во Србија, која е потресена од месеци антивладини протести предизвикани од железничката несреќа во Нови Сад пред една година.

dobivaj vesti na viber

Тој се осврна на честите пофалби од Европската комисија, како онаа минатата година кога претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, му се обрати на српскиот претседател Александар Вучиќ со „драг Александар, покажа дека делата ги следат твоите зборови“.

За време на посетата на Белград во средата, наративот малку се смени, при што Фон дер Лајен му се обрати на Вучиќ со „господине претседателе“.

„Апелираме до Комисијата, наместо тоа, јасно да ја артикулира потребата од вистински и сеопфатни реформи, вклучително и враќање на демократските институции, зајакнување на владеењето на правото и борба против корупцијата и организираниот криминал“, рече Пицула.

Потпретседателката на пратеничката група на СиД, белгиската европратеничка Кетлин ван Бремпт, која е задолжена за проширување на ЕУ во нејзината група, истакна дека секоја неоправдана пофалба од страна на Комисијата за властите во Србија води до тоа студентите и граѓаните што протестираат на улиците да се чувствуваат предадено.

Европскиот парламент следната недела во Стразбур ќе дебатира за резолуција за растечката репресија во Србија, една година по уривањето на настрешникот на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 16 лица. Трагедијата предизвика месеци протести што Вучиќ ги нарекува обоена револуција.

Во изјава за новинарите во Брисел, Пицула рече дека од февруари до септември оваа година имало повеќе од 10.700 протести во цела Србија, кои биле обележани со репресија врз демонстрантите, произволни апсења и политички мотивирани притворања.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

Грција го усвои контроверзниот закон – отворен патот за 13-часовно работно време

Објавено пред

Грчкиот парламент денес го усвои новиот закон за труд, кој предизвика бурни реакции и протести во целата земја. Со 158 гласа „за“ и 109 „против“ владиниот предлог беше изгласан, а левичарската опозициска партија СИРИЗА одби да учествува во гласањето.

dobivaj vesti na viber

Законот, кој според владата има цел да го направи пазарот на труд поприспособлив и поефикасен, им овозможува на работодавците во приватниот сектор да бараат од своите вработени да работат до 13 часа дневно наместо досегашните осум. Продолженото работно време може да се применува најмногу 37 дена годишно, а работниците се заштитени од отказ доколку одбијат да работат прекувремено.

Владата тврди дека со новите правила се зголемуваат флексибилноста и заштитата на работниците, особено оние со семејства, и дека законот дозволува четиридневна работна недела доколку има претходен договор меѓу работодавецот и вработениот.

Меѓутоа, синдикатите и опозицијата остро реагираа предупредувајќи дека реформата ја укинува суштината на осумчасовниот работен ден и ја легализира прекумерната експлоатација. Синдикатот на државните службеници ADEDY порача дека „флексибилното работно време во пракса значи уништување на семејниот и на општествениот живот и укинување на работничките права“.

Синдикатите потсетуваат и дека просечните плати во Грција се значително пониски од европскиот просек, а нерегистрираниот труд и натаму е голем проблем. Опозициските партии оценија дека законот е застарен и спротивен на европските тенденции за скратување на работното време и воведување пократка, но поквалитетна работна недела.

Новите одредби предвидуваат и поголема флексибилност при вработувања на определено време, со цел, како што наведува Министерството за труд, да се стимулираат продуктивноста и модернизацијата на пазарот на труд.

И покрај уверувањата на владата дека законот ќе ги заштити работниците и ќе овозможи подобра рамнотежа меѓу работа и приватен живот, јавноста останува поделена.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните...

Македонија2 часа

Секој изгубен ден во политички престрелки е изгубена можност за Скопје, в недела масовно да излеземе, повика Ѓорѓиевски

На последниот ден од изборната кампања за првиот круг на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО- ДПМНЕ,...

Македонија2 часа

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет3 часа

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија4 часа

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа6 часа

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет6 часа

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа6 часа

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади „томахавки“ на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин ја споменал можноста Украина...

Регион6 часа

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет7 часа

Дописник на Би-би-си: Заборавете на „томахавките“, состанокот Трамп – Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....

Македонија7 часа

Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека...

Свет18 часа

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија21 час

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија1 ден

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија1 ден

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија1 ден

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија1 ден

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија1 ден

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија1 ден

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија1 ден

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....