Македонија
Даночните шалтери на УЈП ќе работат и денеска
Даночните шалтери на УЈП и денеска ќе бидат отворени за граѓаните од 8 до 14 часот. Граѓаните имаат обврска до крајот на годината да се регистрираат во системот е-персонален данок, со цел УЈП да може да им ја достави пополнетата годишна даночна пријава на увид.
Обврска за регистрација има секое физичко лице кое во текот на 2018 година остварило приходи по кој било основ (плата, регрес за годишен одмор, приходи од закуп, од добивки од игри на среќа, од странство и други приходи кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход) заради прием на пополнетата Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП) од УЈП како и заради потврдување или коригирање на податоците за приходите и платениот данок.
Од 1 јануари 2019 година УЈП ќе изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ за Сиљановска Давкова: Несоодветен јазик на претседателката на државата за агресијата врз Украина
Демократската унија за интеграција изразува загриженост и незадоволство од последните изјави на претседателката на Република Северна Македонија за време на приемот за дипломатскиот кор, каде, како што велат, непровоцираната и насилна руска агресија врз Украина беше опишана како „војна операција“.
Ваквата реторика, за ДУИ, е неприфатлива и е во спротивност со ставовите на нашата држава како членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија.
„Опишувањето на една крвава агресија која предизвика огромни страдања како „војна операција“ ја релативизира криминалната природа на дејствијата и ја негира горката реалност со која се соочува украинскиот народ.
ДУИ уште еднаш го потврдува својот цврст став во поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и најостро го осудува секој обид за користење на јазик кој се вклопува во пропагандата на Кремљ.
Високите претставници на државата мора да ги рефлектираат јасно и одговорно позициите на нашата земја, почитувајќи ги нашите меѓународни обврски и стратешки сојузи.
Ја повикуваме Претседателката да размисли за нејзината одговорност да ги претставува интересите и вредностите на Република Северна Македонија со достоинство и јасност“.
Нашиот граѓани, велат од партијата на Ахмети, јасно се изјаснија дека стојат на страната на мирот, демократијата и меѓународната правда.
Македонија
30-дневен притвор за Раде Трајковски – Штекли и за уште девет лица
Кривичниот суд Скопје го прифати барањето на Обвинителството и одреди 30-дневен притвор за Раде Трајковски – Штекли и уште девет лица од групата што ја предводел, по нивното апсење во акција на МВР.
Определен е притвор и за двете лица кои се во бегство.
„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство против група, осомничена за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори согласно член 215 ст.3 вв со ст.1 од КЗ, кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, донесе решенија со кои:
Предлогот за определување мерка притвор против : Р.Т., П.З., Д.Т., В.В., А.В., Д.Џ.Х., С.С., С.М., К.К. и Ф.Р. го прифати и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење основните од член 165 ст.1 т.1, 2 и 3 односно, Опасност од бегство, Околности кои укажуваат дека може да ја попречи истрагата со влијание на сведоци и Повторување на делото.
Воедно, прифатен е и предлогот за определување на мерка притвор против две лица кои се недостапни за органите на прогон, а притворот почнува да се спроведува од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“, објави Кривичниот суд Скопје .
Скопје
Во текот на една недела санкционирани 𝟣𝟥𝟤 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 13.01. до 19.01.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
ЈП ПОЦ и општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општина Центар, соопшти ПОЦ.