Спорт
Реал Мадрид доминира во изборот на тимот на годината на УЕФА
Откако трета година едноподруго триумфираа во Лигата на шампионите, Реал Мадрид се најзастапениот тим во изборот за тим на годината на УЕФА со дури девет фудбалери, плус Кристијано Роналдо, кој замина за Јувентус.
Гласањето на веб-сајтот на УЕФА е отво…

Трета година едноподруго триумфира во Лигата на шампионите и со тоа Реал Мадрид е најзастапениот тим во изборот за тим на годината на УЕФА со дури девет фудбалери плус Кристијано Роналдо, кој замина за Јувентус.
Гласањето на веб-страницата на УЕФА е отворена за јавноста, а фановите ќе го изберат најдобриот тим од денеска до 11 јануари. Панелот во кој беа луѓе од УЕФА, како и избрани новинари, избраа 50 кандидати (5 голмани, 15 дефанзивци, 15 играчи од средниот ред и 15 напаѓачи).
Од Реал тука се Кејлор Навас, Серхио Рамос, Марсело, Рафаел Варан, Касемиро, Иско, Тони Крос, Лука Модриќ, Герет Бејл и Роналдо. И Барса е блиску: Марк-Андре Тер Штеген, Жорди Алба, Жерард Пике, Самуел Умтити, Иван Ракитиќ, Лионел Меси и Луис Суарез.
Вашиот глас може да го дадете на веб-страницата на УЕФА..
ЦЕЛОСЕН ИЗБОР:
ГОЛМАНИ: Алисон Бекер (Рома/Ливерпул), Иго Љорис (Тотенхем), Кејлор Навас (Реал Мадрид), Јан Облак (Атлетико Мадрид), Марк-Андре Тер Штеген (Барселона)
ОДБРАНА: Жорди Алба (Барселона), Жерард Пике (Барселона), Самуел Умтити (Барселона), Џорџо Кјелини (Јувентус), Хозе Марија Хименез (Атлетико М), Диего Годин (Атлетико М), Лукас Ернандез (Атлетико М), Џошуа Кимих (Баерн Минхен), Калиду Кулибали (Наполи), Костас Манолас (Рома), Марсело (Реал М), Серхио Рамос (Реал М), Рафаел Варан (Реал М), Џон Стоунс (Манчестер С), Виргил ван Дајк (Ливерпул).
СРЕДЕН РЕД: Касемиро (Реал М), Иско (Реал М), Тони Крос (Реал М), Лука Модриќ (Реал М), Кевин де Бројне (Манчестер С), Давид Силва (Манчестер С), Саул (Атлетико М), Дмитри Паје (Марсеј), Флоријан Тован (Марсеј), Миралем Пјаниќ (Јувентус), Пол Погба (Манчестер Ј), Иван Ракитиќ (Барселона).
НАПАД: Герет Бејл (Реал М), Единсон Кавани (ПСЖ), Килијан Мбапе (ПСЖ), Нејмар (ПСЖ), Пауло Дибала (Јувентус), Един Џеко (Рома), Роберто Фирмино (Ливерпул), Садио Мане (Ливерпул), Мохамед Салах (Ливерпул), Антоан Гризман (Атлетико М), Хери Кејн (Тотенхем), Антоан Гризман (Тотенхем), Кристијано Роналдо (Реал М/Јувентус), Роберт Левандовски (Баерн М), Лионел Меси (Барселона), Луис Суарез (Барселона).
Read more ?https://t.co/ypzvHnjhNm
— UEFA (@UEFA) December 10, 2018
#UEFA team of the year nominees who you do you think gets in❓? #uefachampionsleague pic.twitter.com/NVcfzS3rYn
— Sports Daily United (@SportsDailyUni1) December 10, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мбапе од ПСЖ ќе наплати 61.000.000 евра
Килијан Мбапе го доби судскиот спорт со поранешниот клуб, ПСЖ. Клубот ќе мора на Мбапе да му исплати 61.000.000 евра.
Килијан Мбапе во ПСЖ пристугна во 2018 година од Монако, за сума од 180.000.000 евра. Овој трансфер е вториот најскап во историјата на фудбалот. Според меѓу клубот и фудбалерот настана кога, Мбапе во летото 2024 година реши како слободен играч да се пресели во Реал Мадрид.
Откако замина побара клубот да му ги исплати платите и договор за верност. Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, лут на својот поранешен играч, покрена контра тужба.
На крајот, сè заврши на многу грд начин. Мбапе побара дури 263.000.000 евра пред судот. ПСЖ побара 440.000.000 од поранешниот играч. Секако, ниедна страна не можеше да добие толку многу, но ПСЖ сепак ќе мора да плати.
„Оваа пресуда потврдува дека преземените обврски мора да се почитуваат. Тоа е едноставна вистина: дури и во професионалната фудбалска индустрија, трудовото право важи за сите. Г-дин Мбапе, од своја страна, ги почитуваше сите договорни обврски седум години, до последниот ден. Тој направи сè што можеше за да избегне судење, дури и јаповлече жалбата за вознемирување за да ја смири ситуацијата. Сè на сè, тој побара да му се исплаќаат само платите и бонусите за повеќе од 18 месеци“, беше задоволен. адвокатот на Мбапе, Фредерик Касеро.
По сето ова, ПСЖ ќе мора да ја објави оваа пресуда во целост на веб-страницата на клубот и да ја чува таму еден месец.
Мбапе во дресот на ПСЖ одигра 308 натпревари, постигна 256 гола и забележа 110 асистенции.
Foto/ depositphotos
Спорт
Џеко по само шест месеци си оди од Фиорентина
Доаѓањето на Един Џеко во Фиорентина беше најавено како едно од најзначајните засилувања во летниот преоден рок во Серија А. Сепак, како што сега стојат работите „љубовта“ ќе заврши по само шест месеци.
Лошите резултати на клубот и скромните перформанси на босанско-херцеговскиот напаѓач, се доволни Џеко да биде ставен на трасфер листата. Џеко ќе ја напушти Фиренца, но ќе остане во Италија.
Фиорентина, минува низ веројатно најтешкиот период во поновата сторија. „Виола“ се наоѓа на последното место, со само шест бода и без ниту една победа во 15 одиграни натпревари.
Во Фиренца се најавуваат големи промени во зимскиот проеден рок, не само во ростерот, туку и на тренерската позиција и во Управниот одбор на клубот.
На удар се најискусните играчи, меѓу кои е и Џеко. Се очекува најмалку петмина да си заминат од „Артемио Франки“ во јануарскиот преоденр ок.
На 17 официјални настапи за Фиорентина, Џеко постигна само два гола, што е далеку под репутацијата и искуството што го поседува. Поради ова, разделбата стана реална опција за двете страни.
Според информациите што ги објави турскиот „Минет“, Џеко нема да ја напушти Серија А. Џенова се издвојува како најсериозен кандидат за неговиот потпис, која наводно веќе влегла во последната фаза од преговорите со босанскиот напаѓач. Клубот од Џенова е исклучително упорен во намерата да го доведе, а трансферот би можел да биде официјализиран на 1 јануари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Интер без Дамфрис најмалку три месеци
Десниот бек на Интер, Дензел Дамфрис, ќе мора да направи долга пауза. Холанѓанецот ќе паузира најмалку три месеци и ќе се врати на теренот дури во втората половина на март.
Ова секако е лоша вест за Кристијан Киву кој ќе мора да истражи опции на пазарот, заедно со спротскиот директор, Бепе Марота.
Италијанските медиуми се сигурни дека Интер ќе биде активен во зимскиот преоден рок, бидејќи тимот мора да биде конкурентен во борбата за сите трофеи.
Интер конечно стигна до врвот на табелата во Серија А, а за да успее да го врати пехарот на „Џузепе Меца“, се очекуваат засилувања.
Засега нема индикации кој би можел да дојде, но се шпекулира дека замената би можела да дојде од Динамо Загреб. Според инсајдерот, Џанлука Ди Марцио, Интер го следи Морис Валинчиќ.
23-годишниот минатото лето пристигна во Загреб за сума од 1.350.000 евра.
Foto/ depositphotos

