Црна хроника
Фатени 88 мигранти, поднесени пријави против 11 лица
Полицијата откри вкупно 88 мигранти во девет одделни случаи и поднесе кривични пријави против 11 лица за криумчарење мигранти, од кои двајца се грчки државјани, еден српски и еден бугарски државјанин.
Меѓу мигрантите имало 50 Сиријци, 23 од Авганистан, 13 од Сомалија и двајца од Гана.
Судија на претходна постапка на осум од пријавените им се одредени мерки притвор, за тројца во траење од по осум дена, а за другите петмина во траење од по 30 дена.
Во првиот случај кривично пријавени се П.П.(43) од Гевгелија и И.С.(34) од Скопје поради тоа што во организација на засега непознато лице од Скопје, прифатиле и се обиделе да извршат превоз на 22 илегални мигранти (20 сириски државјани и двајца мигранти од Гана), од Гевгелија до Куманово. Имено, по претходен договор со непознатото лице од Скопје, И.С. со ТМВ влекач марка “Ивеко“ со приколка, кое го обезбедило од истиот, се упатил кон Гевгелија, каде го оставил камионот и се вратил со друго возило кон Скопје. После неколку дена И.С. телефонски бил повикан од непознатото лице дека камионот е натоварен и да оди до Гевгелија, да го земе и да го пренесе товарот до одреденото место на подрачје на Куманово. И.С. се упатил кон Гевгелија, а откако го земал камионот, стапил во контакт со П.П. од Гевгелија, кој со своето возило се движел како чистач на одредено растојание пред камионот и го информирал навремено за полициски патроли на патот. Во близина на с.Мрзенци на патот од Гевгелија кон Скопје, од страна на полициска патрола запрено е возилото ТМВ Ивеко, и при контрола се откриени мигрантите.
Во вториот случај кривично е пријавен Д.С.(53) од Скопје возач во скопска такси компанија којшто за сума од 50 евра требало да пренесе тројца илегални мигранти (двајца од Сирија и еден од Авганистан) од Транспортниот центар во Скопје до село Лојане кумановско. Од страна на полициски службеници на БПС- Куманово на локалниот пат Куманово – с.Лојане во близина на железничка пруга кај село Речица било сопрено ПМВ марка “форд фокус“ со скопски регистарски таблички управувано од пријавениот Д.С. во кое биле тројцата илегални мигранти.
Во третиот случај на автопатот Куманово – Табановце кај напуштена бензинска пумпа од страна на УПС од ПС за ГН Сопот бил направен обид за запирање на ПМВ марка „фолксваген голф“ со грчки регистарски таблички управувано од кривичнопријавениот А.Ц.(26) од Солун, Р. Грција во кое се превезувале петмина сириски илегални мигранти. Пријавениот при легитимирањето ги оставил мигрантите, се дал во бегство но набргу во близина на Неготино е фатен и приведен. Според изјавите на илегалните мигранти тие илегално влегле во Р. Македонија во близина на ГП “Богородица“, каде што преку непознато лице договориле превоз до Куманово за сума од 200 евра по човек.
Потоа во четвртиот случај кривично е пријавен Д.Л.(34) од Скопје кој што исто така во близина на село Речица, кумановско, бил запрен од страна на УПС од ПС за ГН Сопот во обид со ПМВ “Форд Транзит“ со скопски регистарски таблички да пренесе петмина сириски државјани до селото Долно Коњаре за сума од 50 евра.
Во петиот случај Б.Ш.(34) од Прешево, Република Србија со ПМВ “фолксваген пасат“ со кумановски регистарски таблички прифатил четворица сириски државјани, но во близина на село Удово возилото со мигрантите е сопрено од страна на полициски слбеници од ПС за БПС Демир Капија. Судија на претходна постапка на Б.Ш. му одреди мерка притвор во траење од осум дена.
Во шестиот случај од страна на УПС од ПС за БПС Демир Капија во близина на Неготино откриени се 22 илегални мигранти од Авганистан, односно членови на четири семејства во кои девет биле деца на старост од една до 15 години, кои што со ПМВ марка “Форд Транзит“ со струмички регистарски таблички управувано од пријавениот Д.А.(30) од Куманово требало да бидат пренесени до границата со Р. Србија. На пријавениот од страна на Судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Во седмиот случај кривично се пријавени К.М. (45) од Гевгелија и А.М.(36) бугарски државјанин за кои Судија од претходна постапка им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена. Имено, од страна наполициски службеници од ПС БПС Демир Капија и ПС ГН Михајлово, во Неготино при контрола и извршениот претрес на ПМВ “Волксваген Голф“ со скопски регистарски таблички управувано од првопријавениот во кое што бил заедно со второпријавениот како сопатник, во предната фиока во возилото е пронајдена бугарска сообраќајна дозвола од TMВ “Фолксваген Транспоретер“. Од направената контрола утврдено е дека со тоа ТМВ управувано од непознато лице и оставено на локалниот пат Демир Капија-Неготино се превезувале 21 лице илегални мигранти од кои осум сириски и 13 сомалиски државјани, со намера да бидат превезени до Србија.
Во осмиот случај од страна на УПС од ПС за ГН Михалјлово на автопатот во правец Неготино-Велес на даден светлосен сигнал за запирање ПМВ – Џип марка Волво со грчки регистарски ознаки управувано од кривично пријавениот грчки државјанин К.Ј.(55). По дадената наредба и знак за запирање ПМВ нагло ја зголемило брзината и продолжило да се движи во правец кон Велес, но по еден километар полициските службеници успеале да го сопрат возилото во кое се наоѓале тројца сириски државјани кои илегално ја минале македонско-грчката граница со намера да стигнат до Р. Србија. Од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.
И во последниот деветти случај на автопатот Е-75 Гевгелија – Скопје поточно кај исклучокот за Гевгелија од страна на полициски службеници од ПС за ГП и ГН Богородица, било забележано ПМВ марка „Фолцваген Голф – 4“ со скопски регистарски таблички управувано од пријавениот Р.Б.(28) од село Брест, скопско. При обид да биде сопрен, пријавениот го запрел возилото и се дал во бегство по нивите во правец на река Вардар, скокнал во реката но по кратко време од страна на полициски службеници бил извлечен од реката. Во возилото биле откриени тројца сириски илегални мигранти, а Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од осум дена. Инаку сите откриени мигранти по направените разговори и проверки се префрлени во Прифатниот центар за странци во Скопје. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник возел без дозвола и удрил во 42-годишник
17-годишен малолетник вчера удрил во 42-годишен пешак, Е.К., додека управувал автомобил „деву тико“ со битолски таблички на улицата Козјак во Битола,
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што му била укажана медицинска помош.
СВР Битола извршила увид на местото на несреќата. По проверките било утврдено дека малолетникот управувал возило и покрај тоа што сѐ уште немал возачка дозвола.
Според насоките од јавниот обвинител, 17-годишникот бил приведен, а возилото одземено.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

