Топ
Експлозивна направа, куршуми, оружје и дрога пронајдени во неколку куќи во Скопје
Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во текот на вчерашниот ден по издадени наредби од Основен суд Скопје 1 Скопје извршила претреси во домови на неколку лица од Скопје.
Претсресите биле извршени со цел откривање и докажување на кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидени и казниви по член 396 и 215 од Кривичниот законик на Република Македонија.
При претресите, како што информираа од полицијата, се пронајдени и одземени предмети што се дадени на вештачење, додека лицата се приведени во полициска станица.
„При престрес на домот на 41-годишниот Г.Ј. пронајден и одземен е пиштол и рамка со куршуми, кај 27- годишниот Д.К. пронајдени се куршуми, рамка и експлозивна направа, кај Н.А. на возраст од 22 години пронајдени се девет пакувања со марихуана и вага и кај лицето М.Ј. на возраст од 26 години пронајдени се две пакувања со марихуана“, стои во соопштението на полицијата.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ успеа за една и пол година да нѐ стави во групата со Косово, БиХ, Молдавија и со Украина
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија е сериозен аларм за иднината и перспективата на државата, нагласувајќи дека е најлошиот извештај којшто Македонија го добила во изминатите десетина години.
„Објавувањето на Извештајот за напредокот со оцена дека Македонија не постигнала напредок на европскиот пат, ни испрати јасна порака каде се движи земјава изминатите година и пол под власт на ВМРО-ДПМНЕ. Овој Извештај е практично најлошиот извештај којшто сме го добиле изминатите десетина години и сериозно го вклучува алармот за иднината и перспективата на државата“, рече Филипче.
Лидерот на СДСМ посочи дека извештајот го потврдува застојот и назадувањето на земјата во процесот на европските интеграции и дека потребни се итни чекори за враќање на државата на европскиот пат.
„Се случи тоа што предупредувавме, ВМРО-ДПМНЕ успеа за една ипол година да не стави во групата со Косово, со Босна и Херцеговина, со Молдавија, со Украина, со земји коишто последни го почнаа патот на евроинтеграциите”, изјави Филипче.
Македонија
Со 205 милиони евра од Британците изградбата на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почне најдоцна на почетокот на следната година
Градежните активности за изградба на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почнат до крајот на оваа или најдоцна на почетокот на следната година, најави денес министерот за здравство, Азир Алиу. Административните процедури, пак, кои претходат на градежните активности, ќе почнат веднаш по потпишување на договорот.
„205 милиони евра веќе ги најавивме, тие се за Штип, Тетово и за Кичево. Тие не се буџетски средства, туку ќе бидат средства од договорот влада со влада со Британците. Јас сè уште не сум потпишал договор. Чекавме да завршат изборите и потоа да се потпише договорот и да бидат дел од таа инфраструктура. Рековме дека ќе почнеме со инвестиции во инфраструктура и првиот чекор се овие три клиники. И Штип, и Тетово, и Кичево ќе бидат почнати. Административните процедури ќе почнат веднаш, а инфраструктурно, најверојатно, кон крајот на годината или на почетокот на следната година“, рече министерот Алиу.
Болницата во Кичево ќе се гради одново затоа што постојниот објект министерот Алиу вели дека не ги исполнува базичните инфраструктурни барања за да биде институција што ќе нуди здравствени услуги не само за Кичево туку за регионот.
На 26 јуни оваа година премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу најавија стратешки договор со Обединетото Кралство за обнова и изградба на болници во Штип, Тетово и во Кичево. Проектот предвидува довршување на клиничката болница во Штип, изградба на медицински факултет и студентски дом со 200 легла, изградба на целосно нова болница во Кичево и комплетна реконструкција и опремување на постојната болница во Тетово.
Топ
Загинатите во тешката сообраќајна незгода кај Плетвар се од Кавадарци, објавен идентитетот на учесниците во несреќата
МВР објави информации за лицата кои загинаа и повредените во сообраќајната несреќа на патот Градско-Прилеп, во близина на Плетвар.
При судир на два автомобила, вчера загина едниот од возачите Ѓ.П.(35) од селото Дреново, и неговиот сопатник Б.П.(56) од истото село во Кавадаречко.
Другиот автомобил го управувал О.О.(31) од с.Тополница, радовишко, кој се здобил со тешки повреди. Меѓу повредените се и неговиот сопатник С.О.(24) од с.Тополница, радовишко. Тешко повредени се и Н.П.(28), Т.П.(53) и С.П.(31) сите од с.Дреново, кавадаречко.
Повредените се хоспитализирани во Градска болница Прилеп и Општа болница Кавадарци.
По извршениот увид, Обвинителството вчера соопшти дека несреќата се случила за време на прекенување, а двата автомобили возеле во истата насока.

