Свет
Трамп најави можна интервенција во случајот со директоката на „Хуавеј“
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека би можел да интервенира во случајот со директорката на кинеската телекомуникациска компанија „Хуавеј“, Менг Ванжу, која беше уапсена во Канада.
„Ќе сторам се што е добро за државата“, изјави Трамп во интервју за „Ројтерс“: „Ако мислам дека тоа е добро за нешто кое сигурно ќе биде најголемиот трговски договор некогаш, што е многу важна работа, што е добро за националната безбедност, сигурно ќе интервенирам ако мислам дека е потребно“, рече тој.
Менг (46), е главен финансиски директор на кинескиот производител на мобилни телефони и електронска опрема, а вчера беше ослободена со кауција од 10 милиони канадски долари, но и со многу мерки кои ќе и оневозможат бегство од Канада. Таа ги негира американските обвинувања за измама во врска со наводното кршење на санкциите наметнати врз Иран.
Ванжу е обвинета за користење на подружницата на „Хуавеј“, „Скајком“, за да ги избегне санкциите наметнати кон Иран меѓу 2009 и 2014 година. Таа, наводно, лажно го претставувала „Скајком“ како посебна компанија, а не како подружница на „Хуавеј“.
Апсењето на Менг Ванжу која е ќерка на основачот на „Хуавеј“, Рен Женгфеи, ја налути Кина, која на САД им се закани со уште пожестока трговска војна. Покрај тоа, поранешниот канадски дипломат Мајкл Ковриг е уапсен во Кина по апсењето на Менг, што се толкува како можна одмазда на кинеската влада.
Кинезинката беше уапсена во Канада на 1. декември, а и се заканува екстрадиција во САД. Кина, која тврди дека Менг не прекршила никакви закони, ги повика амбасадорите на САД и Канада и им се закани со сериозни последици ако канадските власти не ја ослободат дирекорката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Фото) Трамп доби златна круна во Јужна Кореја
На претседателот на САД, Доналд Трамп, денес во Националниот музеј во Гјонгџу му беше врачен Големиот орден на Мугунгва и златна круна на кралството Сила од страна на јужнокорејскиот претседател Ли Џае-Мјунг.
Претседателот Трамп доби реплика од историската златна круна во Јужна Кореја, најновиот во низата импресивни подароци што ги добил за време на неговата посета на Азија.

Трамп рече дека подарокот е „многу посебен“.
Симбол на света власт и апсолутна моќ
Репликата е базирана на златната круна на древното кралство Сила, кое го симболизирало „светата власт и апсолутната моќ“ на кралевите и владејачката класа, според Националниот музеј на Кореја.

Златните круни од кралството Сила прикажуваат дрво со гранки што се шират нагоре, за кое музејот вели дека „значи небесен мандат на кралот“.
фото: принтскрин
Свет
Во Холандија почнаа парламентарните избори
Во Холандија утрово почнаа парламентарните избори, избирачките места се отворија во 7:30 часот и ќе бидат отворени до 21:00, по што ќе започне пребројувањето на гласовите и објавувањето на првите резултати, јави холандскиот јавен сервис „НОС“.
Право на глас имаат околу 13,5 милиони граѓани, а гласањето се одвива на 27 партии со 1.166 кандидати за 150 пратенички места.
Некои избирачки места беа отворени уште од полноќ. На поголемите железнички станици има и мобилни пунктови за гласање.
Анкетите покажуваат дека трката е исклучително тесна, а крајнодесничарската Партија за слобода (PVV) на Герт Вилдерс има шанса за силен резултат, иако повеќето партии не сакаат коалиција со него. Поддршка имаат и левите и десноцентристичките партии.
По распадот на претходната четирипартиска влада, парламентот брои дури 15 партии, па аналитичарите предупредуваат дека формирањето нова влада може да трае со месеци.
Свет
Куба ја погоди ураган, еден од најсилните од 2017 година
Откако ја погоди Јамајка како еден од најсилните урагани во Атлантикот, Мелиса накратко ослабе. Додека го преминуваше островот, таа изгуби дел од својата енергија бидејќи повеќе не беше над топлото море кое ја „хранеше“.
Кога северниот брег на Јамајка беше зад него, ураганот повторно се засили до четврта категорија и формираше добро изразено око на бура. Потоа Мелиса по втор пат дојде до копно, овој пат во југоисточна Куба, како ураган од категорија 3 со ветрови до 205 километри на час – еден од најсилните што го погодија островот од ураганот Ирма во 2017 година.
Потоа бурата ќе ослабне, но се очекува да се забрза кон североисток, преминувајќи ги Бахамите во текот на денот и приближувајќи се кон Бермуда, задржувајќи ја силата на ураган од прва категорија.
фото: принтскрин

