Регион
Би-би-си: Косово значајно се оддалечува од евор-атлантскиот пат

Британската агенција Би-би-си оценува дека денешното гласање во косовскиот парламент за формирање на таканаречена косовска војска за Приштина, ако сè уште е на евро-атлантскиот пат, претставува значајно скршнување од патот во последно време.
Најновите случувања, Би-би-си оценува, претставуваат отстапување од долгогодишниот статус кој Косово го уживаше како марионетски проект на западните сили.
Со потсетување на неодамнешното зголемување на таксите за 100 проценти на производите од Србија и БиХ, како и со денешната одлука за формирање војска, Би-би-си забележува дека двете мерки се случуваат спротивно на предупредувањата, заканите и повиците и од ЕУ и од НАТО.
Како што се наведува во текстот, на територијата на Косово се наоѓаат 4 000 припадници на КФОР, кои НАТО ги испрати во 1999 година, при што се констатира дека Приштина извлекува корист од огромната количина меѓународна помош.
Наспроти тоа, се укажува дека косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, неодамна ја обвинил шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, дека ги гуши преговорите меѓу Белград и Приштина, што, како што се наведува, може да се протолкува и како гризење на раката што храни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.