Контакт

Вести

Пентагон планира за пет години да развие ласер за пресретнување балистички ракети

Објавено пред

САД продолжуваат со развојот на воен ласер за одбрана од балистички проектили од веројатните непријатели и очекуваат дека по пет години ќе може да го тестираат, изјави во средата на сослушувањето во Конгресот директорот на Агенцијата за противракетна одбрана при американското министерство за одбрана, вицеадмиралот Џејмс Сиринг.

dobivaj vesti na viber

Според него, демонстрацијата на можностите на овој систем, осмислен за уништување на балистички ракети на самиот почеток од траекторијата на нивниот лет, се планира во 2021 година.

„Фокусирани сме на создавање поефикасен и полесен ласер“, кој би бил инсталиран на авион, прецизирал Сиринг. Истакнал дека станува збор за уред со „ниска моќност“ за кој Пентагон во следните пет години би требало да добие 278 милиони долари.

Слични активности со различен степен на успешност американското министерство за одбрана презема со години наназад. Своевремено, американската војска планираше да инсталира „ласерска пушка“ на носот на надграден и прилагоден авион од типот „Boeing 747“.

Покрај вицеадмиралот, на конгресното сослушување присуствувале и вишиот помошник заменик министер за одбрана на САД за политички прашања Брајан Маккеон, челникот на Северната команда на вооружените сили на САД и на Заедничката команда на северонаамериканската воздушна и вселенска одбрана (NORAD), адмирал Вилијам Кортни, како и шефот на Командата за космичка и противракетна одбрана на копнените сили, генерал-потполковникот Дејвид Ман.

Тие ја истакнале потребата од натамошно јакнење на противракетните системи на САД како одговор на заканите од Северна Кореја и од Иран, кои продолжуваат со развивањето на нивните балистички програми. За таа цел, противракетниот сектор во американската одбрана планира да ги фокусира своите напори на подобрување на своите пресретнувачки ракети базирани во силосите и проектилите „Стандард“ од системот „Иџис“.

Во 2017 година Пентагон планира да изведе две тестирања за пресретнување балистички проектили од конкретен противник. Истовремено ќе се работи на развој на сензори, коишто ќе овозможат да се прави разлика меѓу вистински и лажни цели, како и подготовка на нов радар со долг дофат на Алјаска.

Бројот на проектилите за пресретнување во воената база Форт Грили на Алјаска во 2017 година ќе биде зголемен на 40 единици. Во моментов, во оваа база кон Русија се инсталирани 26 вакви проектили, а уште четири се разместени во воздухопловната база Ванденберг во сојузната држава Калифорнија.

Предлог буџетот на Пентагон за следната фискална година за споменатите проекти изнесува милијарда долари. Вкупно, на различните програми во областа на ракетната одбрана, американското министерство за одбрана предвидува да потроши во претстојниот период 7,5 милијарди долари, што е за 0,8 милијарди помалку од годинава./крај/мф/сн

Извор: AFP

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка омраза преку фотомонтажи за трагедијата во Кочани – осуда и пад на сите етички граници

ВМРО-ДПМНЕ со најостра осуда реагира на срамниот, злонамерен и монструозен обид за политичка злоупотреба на трагичните настани во Кочани преку...

Македонија1 час

„Влен“: ДУИ за власт, подготвена да ја продаде Струга на Левица, но на 19 октомври Ќира ќе ја ослободи со гласот на граѓаните

„Најновиот скандал што кружи на терен и во јавноста е жив доказ дека ДУИ изгубила секаков вид политичка ориентација. Темниот...

Европа3 часа

(Видео) Фотографии од Трамп и Епштајн проектирани на замокот Виндзор, извршени се апсења

Четири лица се уапсени откако слики од принцот Ендру, Доналд Трамп и осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн беа проектирани на...

Свет3 часа

Катар: Нетанјаху нема да помине неказнето

Катар изјави дека кршењето на меѓународното право од страна на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „нема да остане неказнето“, објави Анадолија....

Европа3 часа

Медведев: Зоната забранета за летови над Украина би значело војна меѓу НАТО и Русија

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, предупреди дека воведувањето зона на забрането летање над Украина и соборувањето на...

Европа4 часа

Лукашенко: Ние и Русите вежбаме лансирање нуклеарно оружје во Белорусија

Русија и Белорусија вежбаат лансирање на руско тактичко нуклеарно оружје како дел од заеднички воени вежби, изјави белорускиот лидер Александар...

Македонија12 часа

(Фото) „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“, „Шест месеци без правда за Кочани“: на плоштадот во Скопје одбележани шест месеци од трагедијата во „Пулс“

Вечерва во 20:16 часот, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со ѕвездено небо и молк, како симбол на солидарност и граѓанска...

Европа14 часа

(Видео) Путин во униформа на огромна воена вежба на источната граница на НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин се појави во воена униформа на големата воена вежба на руската и белоруската армија, „Запад 2025“,...

Македонија15 часа

ИЈЗ смирува: Нема тешки метали во почвата и водата не е радиоактивна

Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје, и во неделата беа земени примероци, мостри од страна на...

Топ18 часа

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – Росица сведочела за заканата од Илија кој подоцна ја уби

Обвинителството го објави записникот од испитувањето на Росица Коцева (31) од Велес, даден на 9 септември годинава, само неколку дена...

Македонија19 часа

Јас не сум од вчера во политиката, партијата Левица фрли гума за спасување на ДУИ со кандидатите во Струга, Гостивар и во Тетово, вели Мицкоски

Партијата Левица предложи кандидати за градоначалници во Струга, Гостивар и во Тетово само за да ги раслои анти-ДУИ гласовите во...

Македонија20 часа

Обвинителството испитува одговорност за големиот пожар во Трубарево, утре увид на терен

Утре, ќе почне увидот на самото место за причините за големиот пожар во Трубарево. Увидните екипи ќе работат под координација...

Македонија20 часа

Подметнување пожар ќе биде тероризам, а фрлање отпад на недозволени места ќе се казнува со затвор над пет години, Мицкоски најави итни законски измени

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, при посетата на Јегуновце најави законски измени со кои најстрого ќе се казнува подметнување пожар и...

Македонија21 час

Идентификувани 20 лица осомничени за подметнување пожари во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека дваесетина лица се идентификувани како осомничени за серијата подметнати пожари во Скопје. Според него,...

Македонија21 час

Пред убиството Росица го пријавувала Стефановски за насилство и непочитување на забраната за приближување, го запалил и автомобилот на татко ѝ

Против Илија Стефановски, осомничен за убиството на Росица Коцева (31) и на татко ѝ Киро Коцев (68) во Велес, претходно...

Македонија23 часа

Намалена активната транспарентност на Владата и на министерствата, најмалку информации има за финансиите, објави Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според активното објавување...

Македонија24 часа

Синоќа повторно предизвикан пожар на „Дрисла“

Синоќа, пред 23 часот, повторно беше предизвикан пожар на депонијата „Дрисла“, на сосема друго место, подалеку од местото што беше...

Свет1 ден

Рубио: Трамп е единствениот лидер што може да разговара со Русија, Украина и со Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, објави американскиот...

Македонија1 ден

„Марш за ангелите” во Кочани и мирен протест во Скопје: шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица....

Македонија1 ден

Изгаснат тежок пожар пред Пинтија, под контрола се пожарите на „Дрисла“ и во Трубарево, активен пожарот на Кожуф

Рано утрово пред 4 часот избувна тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над „Стакларата“ на местото наречено Каменик)...